Кривична пријава за двајца стружани поради бесправно градење

ПС- Струга поднесе кривична пријава против Н.Г. (47) и С.Г. (55), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Првопријавениот како инвеститор на локација во Струга, на м.в. „Висока Топола“, без одобрение за градење, започнал градба на деловен објект. Од страна на градежен инспектор донесено е решение за отстранување на објектот. Второпријавениот како инвеститор на локација во Струга, м.в. „Висока Топола“ започнал со реконструкција на деловен објект без одобрение. Од страна на градежен инспектор донесено е решение за отстранување на градбата – реконструкција на…

повеќе...

Во јануари издадени 216 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016 се издадени 263 одобренија за градење што е за 11.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.  Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 108 575 илјади денари што е за 97.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 155 (58.9%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (16.0%) за објекти од нискоградба и 66 (25.1%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 263 објекти,…

повеќе...

Измени на Законот за градење: Надградба на куќи само со одобрение од општина

Секој граѓанин во Македонија ќе може да ја надгради својата куќа до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри и во случај ако надградбата на објектот не е предвиден во планската документација. Ваквата измена е предвидена во измените на Законот за градење што Собранието ги донесе на вчерашната седница, а за кои денеска информираше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Како што појасни Мисајловски оваа мерка се однесува за куќи што се веќе изградени со одобрение за градење или се легализирани со Законoт за легализација на бесправно изградените…

повеќе...

Во декември издадени 336 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2015 година се издадени 336 одобренија за градење, што е за 10.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 860 616 илјади денари, што е за 40.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 216 (64.3%) се наменети за објекти од високоградба, 49 (14.6%) за објекти од нискоградба и 71 (21.1%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 336 објекти, кај…

повеќе...

Објавен повик за идејно решение за марина во Охрид

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на идејно решение за надградба на градското пристаниште и изградба на нова марина во општина Охрид. Се предвидува идејното решение за марината да се изработи на локација пред центарот за обука за вода на АРМ и езерската полиција во Охрид, од каналот Билјанини извори во правец кон Горица. Проектот со идејно решение треба да содржи изградба на понтонски мостови со можност на поврзување на марината и градското пристаниште. Исто така во идејното решение треба да се обезбеди место за приврзување…

повеќе...

Во октомври издадени 326 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2015 се издадени 326 одобренија за градење што е за 35.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.  Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 050 934 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57.4%) се наменети за објекти од високоградба, 45 (13.8%) за објекти од нискоградба и 94 (28.8%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 326 објекти,…

повеќе...

Расте бројот на издадени одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2015 се издадени 316 одобренија за градење, што е за 19.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 182 150 илјади денари, што е за 6.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 186 (58.9%) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15.8%) за објекти од нискоградба и 80 (25.3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 316 објекти, кај…

повеќе...

Кривична пријава за инвеститор од Охрид кој немал одобрение за градба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.П. (66) од Охрид. Пријавениот, во својство на инвеститор, без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган правосилно во управна постапка, на свое земјиште-катарстарска парцела КП.бр.11188/1 КО Охрид 2, изградил станбен објект – надградба на индивидуална станбена куќа како објект од втора категорија на градби. Во текот на август оваа година, на улицата „7 ноември“ во Охрид, при контрола на катастарската парцела, градежната инспекција–Охрид затекнала градба на станбен објект во фаза…

повеќе...

ДЗС: Во август се издадени 206 одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2015 се издадени 206 одобренија за градење што е за 32.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 616 289 илјади денари што е за 299.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 111 (53.9%) се наменети за објекти од високоградба, 43 (20.9%) за објекти од нискоградба и 52 (25.2%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 206 објекти,…

повеќе...

Бакрачески: Охрид се гради и се враќа заборавениот сјај

По речиси една деценија на стагнација Охрид стана градилиште. Градов се гради и разубавува, се инвестира во сите области од општествениот живот. Полека, сигурно и видливо се враќа заборавениот сјај на Охрид и изгубената верба на граѓаните за подобра иднина на Балканскиот Ерусалим. Нема Урбана Заедница каде во изминатиов период актуелната локална власт не интервенирала во подобрување на инфраструктурата и задоволување на потребите на граѓаните. Градоначалникот Никола Бакрачески најави вистинска градежна експанзија во месец септември и укажа на инфраструктурните проекти кои се во тек. „Согласно регулативите и правилата на работењето…

повеќе...