Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови…

повеќе...

Деловни тенденции во градежништвото

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2014 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2013 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е поповолна во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година. Во третото тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поповолни, оценката за тековната…

повеќе...

Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2014 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 6 046 991 илјади денари што е за 27.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 616 615 илјади денари што е за 41.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и…

повеќе...

Деловни тенденции во градежништвото

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во второто тримесечје од 2014 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2013 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година. Во второто тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба…

повеќе...

Во мај издадени 194 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014 се издадени 194 одобренија за градење што е за 7.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.  Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 849 517 илјади денари што е за 236.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.  Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 139 (71.7%) се наменети за објекти од високоградба, 27 (13.9%) за објекти од…

повеќе...

Во 2013 година регистрирани 1275 бесправно изградени објекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2013 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 1 275 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 247 објекти за домување1) (19.4%), 174 доградби, надградби и адаптации (13.6%), 108 деловни објекти (8.5%), 100 гаражи (7.8%), 201 огради (15.8%), 13 скалила (1.0%), 58 тераси (4.5%), 11 летни тераси (0.9%), 105 настрешници (8.2%), 126 времени објекти (9.9%) и 132 помошни објекти (10.4%). Најголем број бесправно изградени објекти (98.3%) се во приватна сопственост.

повеќе...

Пониски трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за домување

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба…

повеќе...

Катастарот го заокружува запишувањето на правата на сите парцели

Околу 50 илјади градежни парцели кои се уште немаат утврдено сопственички права, во следниот период ќе бидат запишани во Агенцијата за катастар на недвижности. Од нив, за 40 илјади парцели има податоци во Катастарот и за нив по службена должност ќе се направи запишување со што 26 илјади граѓани бесплатно ќе добијат имотен лист, додека за останатите 10 илјади парцели веќе е објавен повик до граѓаните да ги достават сите документи за сопственост со кои располагаат до надлежните институции. „За 40-те илјади парцели граѓаните не треба да поднесат никакви документи,…

повеќе...

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ УП за село Љубаништа дел од блок 9-опфат 1 КО Љубаништа

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10 и 51/11), Општина Охрид, на ден 10.02.2014г. донесе: Одлука за спроведување на стратегиска оцена 1.За планскиот документ УП за село Љубаништа дел од блок 9- опфат 1 КО Љубаништа, Општина Охрид, Нацрт план 2011-2021 година, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. 2.Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ УП за село Љубаништа дел од…

повеќе...

Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 5 207 960 илјади денари што е за 0,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1 997 546 илјади денари што е за 119.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Франција, Холандија, Србија и Германија,…

повеќе...