Одбележан јубилејот – 10 години од формирањето на Граничната полиција при МВР

Во организација на РЦ за ГР Југ, а по повод десетгодишнината од формирањето на граничната полиција при Министерството за внатрешни работи денес во Кавадарци на фудбалскиот стадион при спортскиот центар Јасмин со манифестацијата – отворен ден со полицијата – на којашто наедно присуствуваа и челните луѓе на МВР, предводени од министрерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, беше одбележан јубилејот на македонската гранична полиција.  На манифестацијата граѓаните, како и основците и младите од Кавадарци, Неготино и Росоман имаа можност…

повеќе...

ММФ: Да се зголеми старосната граница за пензија во Албанија

Меѓународниот монетарен фонд на почетокот на месецов на Албанија и даде заем од околу 330 милиони евра, но бара албанската влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија. „ММФ бара мажите да одат во пенизја на 67 годишна возраст, наместо на 65 колку што е сегашната граница, а жените на 65 наместо на 63години“, пренесува порталот „Албеу“. Според ММФ, актуелната тежина на пензиите врз државниот буџет е голема и може и понатаму да ја отежни ситуацијата, поради ниските придонеси за осигурување и неприкажувањето на реалната плата од страна…

повеќе...

Забрана за движење на ТМВ и ПМВ со носивост над 1,5 тони

Денеска македонските полициски гранични служби беа информирани од нивните грчки колеги дека поради празничниот период во Р. Грција во оваа соседна земја ќе има забрана за движење на ТМВ, како и на ПМВ со носивност над 1,5 тони. И тоа: утре (петок, 21.03.) забраната излез од Р. Грција ќе важи од 16,00 до 21,00 часот по грчко време; потоа во сабота (22.03.) за излез од Р. Грција од 08,00 до 13,00 часот по грчко време и вторник (25.03.) за влез во Р. Грција од 15,00 до 21,00 часот по грчко…

повеќе...

Започна реконструкцијата на граничниот премин Богородица

На Граничниот премин Богородица беше одбележан почетокот на изведбата на градежни работи за реконструкција на управната зграда. Овој проект се реализра во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) финансиран од страна на Европската унија и финансиско учество на Владата на Република Македонија. Изведбата на градежните работи на овој премин преставува дел од проектот „Развој на гранична инфраструктура помеѓу Република Грција и Република Македонија – BORDER IN“ кој се реализра во партнерство со локалната самоуправа од Република Грција одговорна…

повеќе...

Приведени лица, од кои тројца полициски службеници, инволвирани во случај на криумчарење мигранти

Одделот за сузбување на организиран и сериозен криминал, постапувајќи по Наредби издадени од страна на Судија на претходна постапка, изврши претрес на дом и други простории во четири објекти, од кои еден на подрачјето на Тетово и три објекти на подрачје на Струга и приведени се четири лица македонски државјани, од кои тројца се полициски службеници. Овие активности се резултат на истрагата по случајот за којшто претходно веќе е поднесена кривична пријава на 20.12. минатата година, против петмина членови на криминална група (А.Г. З.С. В.М. З.А. и Б.Ж), која во…

повеќе...

Спречен обид за шверц на околу 24 тони фалсификат шампони на граничниот премин Богородица

На 13 февруари 2014 година, околу 13:30 часот, на граничниот премин Богородица за транзит низ Република Македонија се пријави товарно моторно возило со унгарски регистарски ознаки управувано од унгарски државјанин. За транзитна постапка пријавени се 81.984 парчиња шампон за коса од познатата трговска марка, спакувани во 1.700 кутии, со вкупна тежина од околу 24 тони. Стоката е со потекло од Кипар, наменета за фирма увозник од Виена, Австрија. При прегледот на документите и возилото, царинските службеници забележале дека покрај несоодветниот транспорт, несоодветната рута на движење, ниската фактурна вредност, несоодветен е…

повеќе...

Се уште нема договор за патување со лична карта на Косово од март

Министерството за внатрешни работи апелира медиумите да не ги доведуваат во заблуда граѓаните, објавувајќи непроверени информации дека – „Во Косово од март само со лична карта“. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија им стоело и им стои на располагање на граѓаните и медиумите за проверка на сите информации и прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на министерството. Во моментот кога ќе биде постигнат договор МВР на РМ, ќе ја информира јавноста, како и вообичаено.

повеќе...

Онлајн состојбата на патарините и граничните премини

Информации за состојбата на патиштата низ државата, со пренос во живо на сообраќајот на сите патарини и на најфреквентните гранични премини, преглед на тековните и реализираните активности за изградба на патишта, увид во трошоците за таа намена… Тоа од денеска е достапно преку новиот портал на Јавното претпријатие за државни патишта, www.roads.org.mk, што го промовираа директорот на претпријатието Љупчо Георгиевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Може во живо да се следи определена патна делница и да се види каков е протокот на возила. Ова е важно кога…

повеќе...

Откриен случај на недозволен превоз на мигранти

На патниот правец Гевгелија-Неготино, специјалните единици при Царинска управа открија обид за нелегален превоз на девет мигранти. Имено, Царинските службеници од Одделението за оперативни работи, на 11 февруари 2014 година околу 1 часот по полноќ, на патниот правец Гевгелија-Неготино се обидоа да сопрат патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, поради сомневање дека возилото пренесува нелегална стока. Шоферот на возилото ги игнорирал наредбите и скршнал од автопатот при што продолжил да се движи со голема брзина по стариот пат Градско-Велес. Царинските службеници ги известија и соодветните служби од Министерството за…

повеќе...

Граничната полиција помогна при раѓањето на здраво девојче

На 03 февруари во 19:00 часот од страна на полициски службеници од граничната полиција – полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица  на паркингот кај брана Паљурци (во близина на Богданци) пронајдена е 18 годишна авганистанската државјанка со илегален влез и престој во Р.Македонија. Истата имала симптоми на породилни болки и веднаш и била укажана помош од страна на службените лица. Граничната полиција брзо остварила контакт со ЈЗУ-Општа болница Гевгелија  по што на местото на настанот пристигнало возило на Брза помош при што било констатирано дека мора веднаш…

повеќе...