Исчистени и уредени муслиманските гробишта

Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам ЈП „Градски Гробишта”, во изминатите денови интензивно и посветено работеше на средување и хортикултурно дооплеменување на просторот низ муслиманските гробишта. Се работеше на чистење и метење на патеките, засадување на садници и цвеќе, косење на трева.

повеќе...

Се поставуваат ивичници кај крстосницата во близина на населбата Рача

Градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“, по налог на Локалната самоуправа и Фондот за комунален развој, продолжува да работи на поставување на коловозни ивичници и островчиња на крстосницата во близина на населбата „ Рача“ .Овие зафати се дел од проектот за проширувањето на магистралниот пат кај населбата Рача и изградба на крстосница , со што ќе се зголеми безбедно одвивање на сообраќајот. Воедно, продолжува тековното извршување на работните активности во градските гробишта, нивно одржување и хортикултутно уредување.

повеќе...

Се гради нов тротоар на дел од улицата „15-ти Корпус“

Јавното претпријатие „Градски гробишта“ интензивно работи на изградбата на тротоар на улицата „ 15-ти Корпус“ на потегот од поранешната фабрика „ Застава“ до бензиската станица на „ Макпетрол“ . Новиот тротоар ќе го го олесни движењето на пешаците во насока кон селото Лескоец, како и движењето на граѓаните кои за време на големите верски празници ги посетуваат градските гробишта. Овој зафат, согласно предмер-пресметката ќе чини околу 1.400.000 денари.

повеќе...

Се поставуваат ивичници на патеката од мостот до парк

Градежните активносите за изградба на рекреативната пешачката патека која се гради од мостот до хотел Парк се одвиваат непречено. Денес, градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“, започна со поставување на парковски ивичници во должина од 420 метри.

повеќе...

Се санира споменикот на А. Ден Долард

По налог на локалната самоуправа екипа на ЈП „Градски Гробишта” Охрид започна со работни активности за санација на споменикот на А. Ден Долард кај холандскиот парк. Ова претпријатие денес ги продолжува активностите за изградбата на спортското игралиште за одбојка на песок во населба Воска кои започнаа вчера.

повеќе...

Се уредуваат градските гробишта

Во пресрет на Велигденските празници, Јавното претпријатие „Градски гробишта“, работи интензивно на партерно и хортикултурно уредување на просторот низ градските гробишта. Старите и оштетени ивичници, се санираат и заменуваат со нови.

повеќе...

ЈП „Градски гробишта“ со позитивни финансиски ефекти

Со домаќинско работење и покрај наследените долгови од 10 .000. 000,00 денари и неисплатени плати во износ од 3. 000. 000,00 денари, Јавното претпријатие „Градски гробишта“ успеа да се консолидира и покажа позитивни финансиски ефекти и тоа за 2013 година во износ од 3. 377. 181,00 денари и 4. 390. 925,00 денари за 2014 година – ова на денешната прес конференција го обелодени директорот на претпријатието, Зоран Симоноски. „Во ЈП „Градски гробишта“ воведен е нов начин на работа . По налог на актуелната локална власт за прв пат како претпријатие…

повеќе...

Кривична пријава кој присвоил пари од наплата на гробни места

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „проневера во службата“, „фалсификување на службена исправа“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „компјутерска измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (46) од Охрид. Пријавениот, во периодот од 24 ноември 2011 до 11 јануари 2013 година, во својство на службено лице-јавен службеник задолжен за доделување и наплата на гробни места во ЈП „Градски гробишта“ Охрид, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, свесно противправно присвоил пари доверени во службата од наплата на гробни места од тринаесет граѓани…

повеќе...

Се работи на санација на ѕид кај потпорниот црквата „Св. Богородица – Пандонос“

Екипа на ЈП „Градски гробишта“ денес работи на санација на потпорниот ѕид кај црквата „Св. Богородица- Пандонос“ кој имаше оштетувања по обилните врнежи од снег и дожд што го зафатија охридскиот регион.

повеќе...

Се средуваат градските гробишта

Во пресрет на празникот Задушница, екипи на ЈП „Градски гробишта“ вчера и денеска интензивно работат на средување на градските гробишта. Притоа, екипите „Паркови и зеленило” работат на чистење, метење и средување на целокупниот простор низ гробишта, додека пак градежната оператива на претпријатието работи комплетно на санација на сите настанати штети од временските непогоди во изминатиот период.

повеќе...