ОУ „Св. Климент Охридски“ со хепенинг на градскиот плоштад

По повод завршувањето на учебната година, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид денес на градскиот плоштад, одржа хепенинг под мотото „Приказна за моето училиште“. На хепенингот беа презентирани дел од активностите, условите и можностите на ова училиште.

повеќе...

Утре на градскиот плоштад ќе се одржи хепенинг „Приказна за моето училиште“

По повод завршување на учебната година, ОУ „Св. Климент Охридски “ – Охрид утре, на градскиот плоштад, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи хепенинг под мото „Приказна за моето училиште“. На хепенингот ќе бидат презентирани дел од активностите, условите и можностите на ова училиште пред своите сограѓани. Се покануваат граѓаните на Охрид, со своите најмлади, да поминат пријатни мигови на градскиот плоштад во другарување, низ детската игра и песна со учениците од „Св. Климент“.

повеќе...

Утре во Охрид музички хепенинг на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Утре во Охрид ќе се одржи Музички хепенинг во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид. Хепенингот ќе започне во 14:00 часот пред Центарот на култура „Григор Прличев“.

повеќе...

Хепенинг на градскиот плоштад

Во рамки на чествувањата посветени на „Свети Климент Охридски“- Патрон на градот, денес на градскиот плоштад се одржа музички хепенинг на кој учествуваа децата згрижени во детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од охридските основни училишта. По повод претстојниот празник, утре, во 16 часот од градскиот плоштад ќе има групно поаѓање кон Светиклиментовата црква на Плаошник. Во 18 часот, во ЦК „Григор Прличев“, ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“, а половина час подоцна со свеченост патронатот ќе го одбележат и гимназијалците од…

повеќе...

Превентивна активност „Летен хепенинг 2015“

Утре на плажа во Претор на Преспанското езеро, Полициската Станица Ресен ќе реализира превентивна активност „Летен хепенинг 2015“. Активноста традиционално се спроведува секоја година за време на туристичката сезона во Преспа, а истата е дел од превентивниот проект на ПС Ресен „Безбедно на нашите плажи“, кој се реализира во партнерство со Локалната самоуправа Ресен, Црвениот Крст и бизнис заедницата. Целта на проектот и самата манифестација е заеднички, во партнерство со низа фактори од локалната заедница да се делува врз безбедноста на граѓаните и туристите кои ги посетуваат плажите во Преспа, со…

повеќе...

Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа Велигденски хепенинг по повод престојните празници. „Во организација на Советот на родители при ОУ „Христо Узунов“ и училиштето „Христо Узунов“ беа напревни прекрасни ракотворби од родителите, наставниците и највредните уцениците. Целта беше да се доближи чествувањето на големиут Христијански празник Велигден кај најмладата популација, но исто така беа собрани и парични средства од продажната акција кои ќе се употребат за купување на Нагледни средства во училиштето. Хепенингот беше посетен од голем број на родители и членови на семејствата на учениците.“ вели директорот на училиштето, Тони Симоновски.

повеќе...

Неделен хуманитарен хепенинг на градскиот плоштад „Заедно за еден детски живот“

Под мотото “Заедно за еден детски живот”, охридските новинари и Црвениот крст заедно со општина Охрид,  организираат неделен хуманитарен хепенинг. Во недела точно на пладне сите заедно да ја покажеме нашата хуманост со тоа што ќе бидеме дел од еден богат хуманитарен настан. Динамичен  перформанс исполнет со  песна, музика, балет,  театар. На сцената ќе настапат  и  најмладите и  најстарите. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на  11 годишно момче од Охрид кое боледува од многу тешка  болест . Потребна е итна операција на клиниката “BY” во Пекинг,  која чини 35…

повеќе...

Во Белчишта ќе се одржи свечен хепенинг за успешно завршениот проект „Заедно до почиста општина“

По повод успешно реализираниот проект „Заедно до почиста општина“,  утре  ќе се одржи свечен хепенинг со почеток во 12 часот во с.Белчишта, каде ќе настапи охридскиот пејач Ѓоко Танески. Учениците од ОУ „Дебрца“ изготвија цветни украси со разни декорации кои ќе бидат изложени во продажната акција која ќе започне во 11 часот. Исто така во овој проект на Министерството за животна средина и просторно планирање „Македонија земја на розите“ ќе се организира засадување на рози од страна на учениците, локалната самоуправа и градоначалникот  Игор Трајкоски.

повеќе...