Иницијатива Охрид и Дубровник да станат градови-пријатели

Во работна посета на Охрид, денеска, група истакнати хрватски новинари остварија средба со претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. На средбата хрватските новинари ја презентираа идејата за поблиска соработка на Охрид со хрватскиот град Дубровник . Непосредно пред тргнувањето на новинарите од Загреб, за нивната посета на Македонија и очекуваните ефекти, беа запознати актуелниот претседател на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ и поранешниот шеф на државата Степан Месиќ. Двајцата државници, ја реафирмирале идејата на Месиќ, од пред скоро една деценија, за збратимување на Дубровник и Охрид, градот во кој…

повеќе...

Директорката на „Охридско Лето“ Елизабета Јанкуловска на средба со хрватските новинари

„Охридско Лето“ и врвните хрватски Фестивали треба да ја продлабочат и онака успешната соработка преку заеднички проекти. Ова беше потенцирано на денешната средба на директорката на „Охридско Лето“, Елизабета Јанкуловска со истакнатите хрватски новинари – уредници од влијателни медиуми, кои престојуваат во Македонија. Тие се запознаа со програмата и настапите на врвните уметници и пројавија желба медиумски да помогнат за остварување на уште поголема соработка во областа на културата преку презентирањето на Фестивалот во Хрватска и доближивање на хрватската култура во Македонија и македонската во Хрватска. На средбата беше истакнато…

повеќе...

По Месиќ и Јосиповиќ ја поддржува иницијативата за збратимување на Охрид и Дубровник

На иницијатива на брачната и професионална новинарска двојка Милена – главен и одговорен уредник на весникот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска „Македонски Глас“ и Сашо Георгиевски – дописник на „Нова Македонија“ од оваа пријателска земја,  од 8. до 12. ноември, во работна посета на нашата земја, ќе престојува студиска група истакнати хрватски новинари – уредници од влијателни медиуми. Првиот ден, новинарите ќе престојуваат во општина Вевчани, како гости на градоначалникот Цветомир Угриновски, вториот ден домаќин им е охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, додека во Скопје ќе имаат средба со…

повеќе...

IV Меѓународен научен собир, Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски

Во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, Институтот за Македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, од денеска до 29 септември ќе биде домаќин на четвртиот Меѓунроден научен собир на Македонско – Хрватски книжевни, културни и јазични врски, кој ќе се одржува во Охрид. На отварањето на меѓународниот научен собир Македонско – хрватски книжевни, културни и јазични врски во Конгресниот центар во Охрид топло добредојде, успешна и поделотворна работа им поска Гордана Коњановска, претседател на Советот на општина Охрид. „Република Македонија и Република Хрватска, долг временски…

повеќе...

Силна поддршка од Хрватска за Македонија во евроатланските интеграции

Македонија мора што е можно побрзо да биде таму каде што и е местото – во НАТО и ЕУ, истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со премиерот Никола Груевски, кој денеска престојува во официјална посета на Хрватска. Милановиќ, нагласи дека Македонија што поскоро треба да ги почне преговорите за приклучување во ЕУ, а влезот во НАТО да биде веднаш, бидејќи Македонија, како што рече, беше во акцискиот план за членство во НАТО пред Хрватска. Подготовките, додаде, одамна завршија. „Во таа смисла ја поддржуваме секоја добронамерна иницијатива, но, за…

повеќе...