Експерти од „Интел“ ги обучуваат македонските компании за HTML5

Мали и средни компании и околу 50-тина студенти од универзитетите во Македонија денеска ќе се запознаат со најновите технологии за програмирање во HTML 5, кој моментално е најбаран. Еднодневната обука во Скопје ќе ја реализираат експерти од „Интел“ корпорацијата, на барање на Министерството за информатичко општество и администрација. „Оваа идеја произлезе од соработката што ја имаме со „Интел“. Побаравме од нив да испратат вакви експерти со цел да ги подготват нашите мали и средни претпријатија за новините во ИТ технологијата за да може потоа тие да се подготват соодветно и…

повеќе...

Прогласени победниците на Codefest 2014 – програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше непрекинати 32 часа. Codefestсе одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“.   130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра бизнис идеја, најдобра веб апликација, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн…

повеќе...

Институциите се поврзуваат во државна оптичка мрежа

Дваесет и четири институции се поврзуваат во државна оптичка мрежа, која што треба да овозможи големи заштеди, поголема брзина во преносот на податоците и поголема ефикасност во работењето. Можностите на систем салата со оптичката мрежа лоцирана во Државниот завод за статистика, ги презентира денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. За имплементација на мрежата се одвоени 8 милиони денари, а проектот го изведе Македонски телеком, во соработка со Министерството за внатрешни работи. Според Ивановски, мрежата ќе овозможи големи заштеди бидејќи за сегашниот пренос на податоци помеѓу државните органи…

повеќе...

Маратонците ќе програмираат 32 непрекинати часа на „Codefest 2014“ програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички…

повеќе...

Опција повеќе за младите од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при…

повеќе...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид потпишаa Меморандум за соработка

Претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски и ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, проф. д-р Нинослав Марина, потпишаa Меморандум за соработка, чијашто цел e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. Посебно ќе биде ставен акцент на следниве активности…

повеќе...

Златен медал за студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -Робомак. Пред сѐ, што претставува Робомак? Робомак е интернационален натпревар во роботика, програмирање и вештачка интелигенција. Тоа е натпревар насочен кон популаризирање на роботиката и новата технологија во роботиката, со цел за малку да ја оживее оваа сцена и да ги поврзе луѓето во ова поле. Во што се состоеше натпреварот, твојата задача и задачата на твојот тим? Целиот натпревар беше поделен во 5 категории, Сумо, Хуманоид, Right Target, Трка…

повеќе...

Codefest 2014 – Програмерски маратон во Охрид по втор пат

И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот,…

повеќе...

Либерализирана регистрацијата на национални домени

Граѓаните ќе може да регистрираат национален домен.mk електронски од кој било компјутер, со добивање на услугата од осум компании-регистрари. Досега Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ беше единствен субјект на пазарот преку кој можеше да се регистрира доменот.мк. „Со либерализацијата граѓаните повеќе немаат потреба и не можат да се обратат до МАРНЕТ за регистрирање домени, односно тоа ќе го добиваат само од овластените регистрари од страна на МАРНЕТ“, рече денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Либерализацијата, нагласи, ќе понуди конкурентни цени. „Пазарот ќе си го направи…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УИНТ „Св.Апостол Павле“ и Центарот за неформално образование „Триаголник“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Центар за неформално образование „Триаголник“ од Скопје потпишаа Меморандум за соработка, што претставува уште еден чекор во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование и дава непроценлив придонес во осигурување на доживотното учење кое е основа за креирање на општество базирано на знаење. Оваа соработка оди во прилог на заложбите на Р. Македонија за воведување на концептот на доживотно учење кој претполага дека луѓето, а пред се младите треба уште во текот на нивното образование да се…

повеќе...