Претседателот Иванов со честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Дозволете ми, во мое и во името на сите граѓани на Република Македонија, да ви го честитам празникот Свети Сава. Прославата на Денот на првиот српски архиепископ е можност да се присетиме на делото и на учењето на овој просветител и државник, кој има големо значење за развојот на српската, но и за негувањето и за ширењето на христијанската мисла на овие простори. Република Македонија е…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со новиот постојан координатор на OН и претставник на УНДП и УНФПА за Македонија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ја прими, Луиза Винто, новиот постојан координатор на Обединетите Нации и претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Фондот за популација на Обединетите нации (УНФПА) за Република Македонија. Претседателот Иванов и посака добредојде на Винто и изрази очекување дека досегашната успешната соработка со УНДП ќе продолжи и во иднина, со реализација на тековните и идни проекти од интерес на државата и граѓаните. Постојаниот координатор на ОН, Винто, ја поздрави посветеноста на претседателот Иванов на темите од интерес на Обединетите Нации,…

повеќе...

Брифинг за борбената готовност на АРМ за 2012 година

Денес, 7-ми февруари 2013 година во Домот на АРМ во Скопје, се одржа брифинг за борбената готовност на АРМ за 2012 година. На брифингот за борбената готовност на АРМ, присуствуваа: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, Министерот за одбрана Фатмир Бесими, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, командантите на потчинетите команди и единици, клучниот персонал од Министерството за одбрана и началниците на организационите единици на ГШ на АРМ.  На денешниот брифинг, Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили…

повеќе...