Тројцата ученици во ОУ„Христо Узунов“, каратистите Мартина Петреска, Симон Петрески и Горан Вранишкоски како дел од државната репрезентација заминаа на Балканското првенство во карате, а кое се одржува во Истанбул-Турција. „Тројцата ќе се натпреваруваат во своите категории од каде очекуваме и одличја. Среќно!“ – велат од училиштето.
повеќе...Tag: карате
Освојувачите на медали на ЕП во карате на прием во Агенцијата за млади и спорт
Освојувачите на медали на ЕП во карате во придружба на своите колеги репрезентативци, тренери и селектори, беа на прием во куќата на спортот. „Сакам да упатам честитка до сите репрезентативци, до тренерите и целокупниот стручен штаб на карате репрезенатацијата за големиот успех и да порачам дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува карате спортот во државата. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја. Истовремено, сакам да им честитам на нашите репрезентативци, кои освоија медали…
повеќе...Каратистите ќе учествуваат на Европско во Турција
Агенцијата за млади и спорт е повторно местото од каде Македонската карате репрезентација заминува на Европскиот шампионат во Коџа Ели, Турција, кое од 04-09 Мај ќе пречека преку 400 натпреварувачи од 44 земји. На пресот организиран во просториите на АМС свое излагање имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, селекторите Петар Белисројановски и Стојан Андриевски како и нашите најдобри каратисти Емил Павлов и Моника Стефановска. „Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава финансиска поддршка за системот на натпревари, припремни периоди, како и меѓународни настапи на нашите…
повеќе...Петар Заборски освои бронза на Европското првенство во карате
На Европското првенство за каратисти (машки и женски) до 21 година, во борбата за трето место Петар Заборски го совлада Серјожа Саргстјан (Ерменија) и со тоа го освои бронзениот медал. Европското првенство се одржа од 17 до 19 февруари во Софија – Бугарија. Ова е прв трофеј за Република Македонија откако каратето стана олимписки спорт. WebOhrid
повеќе...Македонските каратисти ќе учествуваат на Европско првенство во Софија
Карате репрезентацијата на Македонија ќе земе учество на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У-21, кое ќе се одржи во периодот 17-19.02 во Софија, Бугарија. По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција, на кој уводен говор имаше директорот Марјан Спасески. „Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите. Тоа е последица на добро организирана федерација, функционални клубови кои регрутираат млади и талентирани спортисти, одлични тренери и селектори, а верувам дека…
повеќе...Каратистите ќе учествуваат на светско првенство во Австрија
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција по повод учеството на македонската репрезентација на светското сениорско првенство кое ќе се одржи во Линц, Австрија. На пресот свое учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, селекторот на македонската сениорска репрезентација, како и дел од репрезентативците. Имено, важноста на ова натпреварување е дотолку поголема, ако се знае фактот дека учествуваат преку 1300 натпреварувачи од 118 држави. „Ова светско првенство е прво големо натпреварување откако каратето беше прогласено за Олимписки спорт и ќе…
повеќе...Од утре започнуваат тренинзите на Шотокан карате – до клуб Минта од Охрид
Шотокан карате – до клуб МИНТА од Охрид ги известува сите членови дека тренинзите ќе отпочнат утре – 13 септември и дека оваа сезона ќе се одржуваат во малата сала на СРЦ „Билјанини Извори“ . Идната 2017 година карате клубот МИНТА ќе одбележи 4 децении од формирањето. Во карате историјата на Охрид клубот со кој сиве овие години раководи инструкторот Боро Митрески, носител на VI DAN е запишан како прв клуб во Охрид кој на самиот почеток броел близу 500 членови, а Митрески е прв карате мајстор во градов. Под…
повеќе...Македонските каратисти се вратија од Kипар со шест медали
Агенцијата за млади и спорт организира прием за каратистите по повод одличниот успех 43-то по ред Европско првенство во карате за младинци, јуниори и постари јуниори У21, кое се одржа во Лимасол на Кипар.Еден сребрен и шест бронзени медали е досега најдобриот успех на едно вакво натпреварување, ако се земе фактот дека учествуваа повеќе од 940 натпреварувачи од 48 држави. „Остварувањето на ваквиот успех е уште еден доказ дека каратето е спорт со огромен потенцијал во Република Македонија. Изминатиов период имавме одлични резулатати на скоро сите настапи и во сите…
повеќе...Прес-конференција на каратистите пред стартот на ЕП У21 во Кипар
Куќата на спортот беше повторно почетна стартна точка на македонските каратисти кои од 5 февруари до 7 февруари ќе учествуваат на 43-то по ред Европско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година, кое ќе се одржи во Лимасол на Кипар. Пресот во Агенцијата за млади и спорт го отвори директорот Марјан Спасески кој потенцираше дека станува збор за досега најмасовен собир од овој вид со учество на 48 држави и преку 940 натпреварувачи. Поддршката која АМС ја дава кон карате федерацијата е оправдана пред се поради…
повеќе...Агенцијата за млади и спорт ги испрати младите каратисти на светско првенство
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод претстојниот настап на Македонската кадетска и јуниорска карате репрезентација. Имено станува збор за Светско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, Џакарта (Индонезија) кое ќе се одржи од 12-15 Ноември. „Настапот на ова светско првенство, а особено бројката на Македонски каратисти кои заминуваат во Индонезија зборува за нагорната линија на Македонското карате. Подемот во кој се наоѓа овој спорт го докажуваат големиот број на спортски резултати како на сениорски, така и на јуниорски план.…
повеќе...