Заради неповолните временски услови кои го зафатија охридскиот регион во изминативе денови, проследени со силен ветар и големи бранови, на кејот се наталожени големи количини отпад (трска, муљ, пластика и друг вид отпад). Од тие причини екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вонредно се ангажирани во секојдневното расчистување на кејот и подигнати се 15м³ отпад.
повеќе...Tag: кеј
Се уредуваат пешачките патеки покрај езерото
Екипи на општинските јавни претпријатија „Нискоградба“, „Охридски Комуналец“, „Градски гробишта“ и „Проаква“, по налог на Локалната самоуправa, денеска започнаа со уредувањето на пешачките патеки покрај езерото. Работите започнаа од потегот кај Средното угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ и хотелот „Милениум“, а според планот, во оваа етапа, ќе се уредува просторот на кејот од Центарот за култура „Григор Прличев“ до хотелот „Гарден“. Просторот ќе се чисти, ќе се санираат оштетените делови и хортикултурно ќе се уредува. Со ваквите дополнителни ангажирања, Локалната сампоуправа ја реализира определбата, општинските јавни претпријатија, поради консолидација на нивното…
повеќе...Се уредуваат тротоарите покрај Кејот
Екипи на јавното претријатие „Нискоградба“ од денес започнаа со уредувањето на тротоарите покрај градскиот Кеј. Стручните служби со механизација го обновуваат бекатонот, а зеленилото покрај кејот хортикултурно ќе го ревитализира работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“. Претходно сите угостителски објекти добија налог да ја отстранат урбаната опрема од тротоарите, а тротоарот ќе служи исклучиво за пешаците. Во акцијата за уредување на тротоарите покрај градскиот Кеј ќе се вклучат и екипите на останатите општински јавни претпријатија.
повеќе...Се чисти крајбрежниот појас кај „Холандскиот Парк“
Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ денес спроведуваат акција за расчистување на натрупаниот муљ, трска и друг вид неразградлив отпад од езерските води во близина на „Холандскиот Парк“. Акцијата се изведува со багерување, со ангажирање на специјална машина ИЦБ, а се очекува да се подигнат околу 40 м³ муљ и друг вид отпад. Оваа активност се спроведува по добиен налог од комуналната инспекција, а ваквите акции на годишно ниво се изведуваат 4-5 пати, во зависност од потребите.
повеќе...Ј.П. „Нискоградба“ го санира и уредува Кејот Маршал Тито
Ј.П. „Нискоградба“ започна со санирање и уредување на Кејот Маршал Тито со поставување на бетонска подлога и бекатон коцки. Кејот беше оштетен од невремето кое го зафати нашиот град.
повеќе...Во летниот период Охрид со унифицирани објекти за продажба
Се известуваат сите физички и правни лица кои имаат поставено тезги, штандови и друг вид на опрема на јавните површини на територијата на општина Охрид, а не поседуваат соодветна документација издадена од стручните служби на Локалната самоуправа, должни се веднаш истите да ги дислоцираат, односно, отстранат. Комуналната инспекција во соработка со останатите служби ќе врши засилен надзор и ќе бидат преземени санкци за оние кои не поседуваат документација. Општина Охрид ја подготвува новата Програма за поставување урбана опрема (т.н. летна шема), со која ќе биде утврден просторот и начинот на…
повеќе...Извршена замена на дотраените светилки на кејот
Стручните служби на Локалната самоуправа, викендов извршија замена на дотраените светилки по шеталиштето на градскиот кеј. Екипите на одделението за сообраќај и улици при општина Охрид интервенираа и ги заменија и прегорените светилки и на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и кружниот тек кај градскиот плоштад. Истовремено интервенирано е и на инсталациите на столбовите за улично осветлување. Вкупно беа заменети 45 светилки. Во наредниот период локалната самоуправа континуирано ќе работи на тековно одржување на уличното осветлување на територијата на општина Охрид.
повеќе...Во тек е санација на бекатон-плочките на Кејот
Како резултат на високиот водостој во Охридското Езеро и невремето проследено со големи бранови кои го погодија Охрид, делови од Кејот беа оштетени. Од Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид информираат дека започнаа со санација на бекатонската подлога по „Кеј Маршал Тито“. WebOhrid
повеќе...