Утре во Охрид ќе се одржи спортски „БОН-ТОН“

Втората спортско – културна манифестација од проектот „БОН-ТОН“ ќе се одржи утре во Охрид. Со почеток во 12 часот на Кејот Македонија децата од школска возраст ќе ги започнат традиционалните спортски игри во сите форми, а нив ќе ги посетат претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, Амбасадорот на САД во Македонија и претставници на општина Охрид. Спортскиот „БОН-ТОН“ е концепт на проект кој ќе се одвива во шест општини од Република Македонија – Карпош, Велес, Ново Село, Охрид, Свети Николе и Тетово. Неговата цел е социјална и етничка инклузија на…

повеќе...

Премиерот Груевски и градоначалникот Бакрачески прошетаа по ново изградениот кеј во Пештани

Во рамки на работната посета во Охрид ,Премиерот Никола Груевски и градоначалникот Никола Бакрачески денес прошетаа по ново изградениот кеј во рибарската населба Пештани. Убавиот нов лик на кејот во Пештани е проект на Општина Охрид кој беше реализиран пред стартот на летната туристичка сезона. „Местото Пештани за нас претставува едно од најзначајните туристички брендови и е дел од туристичката понуда на Охрид и во таа насока локалната самоуправа изминатата година презеде обврска и реализира неколку инфра –структурни проекти кои ќе го подобрат животот на мештаните но во секој случај…

повеќе...

Здружение „Христо Узунов“: Ја поздравуваме иницијативата за промена на името на кејот во Охрид

Здружението „Христо Узунов“ ја поздравува иницијативата на локалните власти конечно да се промени името на кејот во Охрид и да се избрише името на диктаторот Јосип Броз Тито од мапата на нашиот Охрид. Конечно дојде денот кога најрепрезентативниот кеј во нашата држава ќе го добие името Македонија кое природно му договара, а името кое Судените за Македонија ги потсетува на Голи оток и темнината на комунизмот ќе замине на ѓубриштето на историјата, онаму каде природно припаѓа. Сите оние кои биле кодошени, угнетени, деградирани, малтретирани и уништувани затоа што се бореле…

повеќе...

Ефикасно одржување и инвестирање во уличното осветлување

Согласно програмата за развој и работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид јавното осветлување претставува еден од клучните приоритети. Нормалното функционирање на јавото осветлување на територијата на општина Охрид е основната појдовна точка по која се раководи Секторот  за комунални дејности,сообраќај и улици. Во изминатиот период на полето на јавното осветлување секторот за комунални дејности сработи многу,но значајно е да напоменеме дека согласно зацртаната програма остануваат уште неколку важни аспекти за комплетирање на истата на полето на јавното осветлување. Според договорот за јавно-приватно партнерство со економскиот…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со многубројни активности ја одржува јавната чистота

ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности ја започна првата седмица од месец јули. Екипите на „Паркови и зеленило“ го расчистуваа појасот околу коловозната лента од ул.„Ристо Чадо“ , на потегот од кружната сообраќајница кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ до игралиштето кај „Стобекс“. Заради непречено движење на пешаците и возилата отстранети се гранки, жбунови и друга вегетација. Расчистен е просторот околу „Саат-кулата“, каде во иднина се планира да никне ново зелено катче. Екипите на „Јавна хигиена“ по налог на општинскиот инспекторат го расчистуваат крајбрежниот појас пред хотелот „Палас“ од окрекот кој…

повеќе...

Привршуваат градежните зафати во Пештани

Градежните активности кои се одвиваат во Пештани, а започнаа пред дваесеттина дена се при крај.  Денеска се привршува со партерното уредување на пешачката патека, а во наредните денови ќе се засадат дрвцата, ќе се постават клупите, ќе се постават канделабрите и ќе се уредни паркинг просторот. „При крај се активностите околу изградбата на кејот во селото Пештани. Како единствено село кое што од поодамна е урбанизирано заслужува реализирање на ваков проект. По изградбата на потпорниот ѕид од страна на Локалната самоуправа, се пристапи кон уредување на кејот. Направени се околу…

повеќе...

Партерно се уредува новоизградениот кеј во Пештани

Од утрово екипи на ЈП  „Нискоградба“ и МЈП „Проаква“, РЕ Водовод Охрид започнаа со партерното уредување на шеталиштето на новоизградениот кеј во Пештани. Се работи на поплочување на просторот каде што ќе биде пешачката патека, се поставуваат клупи и се поставува ново осветлување со канделабри. Деновиве од како ќе завшри партерното уредување ќе се премине кон хортикултурно уредување на просторот, кога екипи на ЈП Охридски Комуналец ќе пристапат кон правење паркови во кои ќе се засадат зимзелени разтенија, тревни површини како и цветни декорации. Со завршувањето на работите на кејот…

повеќе...

Нови цветни острови на градскиот кеј

Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, ЈП „Охридски Комуналец“ засади 3 нови цветни острови. „Формирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи. Овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид.“– информираат од претпријатието. Оттаму додаваат дека на овој потег, како и во Холандскиот Парк, отстранети се заштитните најлони  од  палмите кои беа засадени…

повеќе...

Подигнати 30м³ тиња во близина на Холандскиот Парк

По налог на Опшинскиот инспекторат е извршено чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандскиот Парк). Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини тиња, па пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација. Подигнати се и транспортирани 30м³ тиња и друг вид отпад. Оваа активност Ј.П. „Охридски Комуналец“ ја спроведува согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности.

повеќе...

Убавото сончево време ги намами охриѓани и гостите да излезат на прошетка

Иако беше најавено променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, во текот на денешниот неделен ден преовладуваше сончево време со мала доумерена облачност. Охриѓани и гостите убавото време го искористија за прошетка покрај кејот на езерото, рестораните и кафулињата. За првиот ден од работната недела, од УХМР најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд. Во текот на наредните денови не очекува сончево време со локална умерена облачност, но без врнежи од дожд. WebOhrid

повеќе...