Изминатите денови екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани поради зголемените температури и припремање за туристичката сезона. „Екипите на „Паркови и зеленило” работеа на косење и чистење на улиците и населбите. Беше исчистена ул. „Андреја Јованоски” од „Стобекс” према „Велгошти”, населбата „Гоце Делчев” (кај бараките) и дел од ул. „Марко Цепенков” и „Момчило Јорданоски” а на патеката кај „Кадмо” плажа беа засадени нови садници од видот „Сабина” и „Џунџуле”.“– велат од претпријатието. Ангажирани беа и екипите на РЕ „Механизација” со чистење на коритото на реката кај населбата „Рача” на…
повеќе...Tag: комуналец
Активности на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“
Покрај тековните активности на метење и миење на улиците деновиве екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” им помагаат на екипите на „Паркови и зеленило” поради зголемените активности со косење на израснатата трева на улиците „Крум Точков”, „Пере Тошев”, „Стив Наумов”, „8-ми Март”, „Крали Марко”, „Абаз Емин”, „Дејан Војвода”, „Бекир Алириза”,„7-ми Ноември”, „Егејска”, „Крсте Мисирков”, „Кузман Шапкарев”, „Васил Главинов”, „Марко Нестороски” и нас. „Ѓорче Петров”.
повеќе...Активности на Паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец“
Изминативе денови екипите на Паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на привршување на кружниот тек на пресекот кај булеварот „Туристичка” со ул. „Абаз Емин” со полнење на земја и припремање за хортикултурно уредување, информираат од претпријатието. Додаваат дека се уреди и улицата „Ариф Мустафа” каде се засадија зимзелени растенија и трева.
повеќе...Екипите на „Јавна хигиена“ го чистат кејот и потегот од Лагадин до Елешец
Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” после невремето проследено со силен ветар и бранови извршија расчистување на кејот од пристаништето до хотел „Милениум”. „Подигнати беа 5 трактори на комунален отпад. Дел од отпадот беше исфрлен на самиот кеј, а дел се вадеше од езерото со вили каде што беа активирани 12 работници. На потегот од Лагадин до кампот Елешец се чистеше комунален отпад исфрлен од несовесни граѓани и донесен од езерото и сува трска.“– велат од претпријатието.
повеќе...Комуналец: Се коси тревата низ градот
Зголемените температури и врнежите на дожд во изминатите неколку дена придонесоа вегетацијата на тревата низ градот да нарасне со зголемено темпо, така и службите на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со тековно уредување на улиците и парковите со косење на истата. „Изминативе неколку денови се косеше на неколку локации каде беше опфатен стариот дел на градот, „Туристичка”, улиците „Бистрица” и „Шар планина” и покрај кејот „Македонија”.“– велат од претпријатието.
повеќе...Се чисти трската кај Мазија
ЈП „Охридски Комуналец” по договор со „Хидробиолошкиот завод“ – Охрид го чисти делот кај трската на Мазија пред хотел „Милениум” каде што е засаден локвањот. „Ангажирани беа 2ца работници кои од крајбрежниот појас со вили и гребла го отстрануваа пластичниот отпад, а од длабинскиот дел отпадот се отстрануваше со помош на кајче.“– велат од препријатието. Додаваат дека била отстранета поголема количина на пластичен и комунален отпад, а во наредните денови ќе се отстрани трската која е откорната по природен пат, исто по барање на „Хидробиолошкиот завод“ – Охрид.
повеќе...Расчистување на ул. „Петрино”
РЕ „Механизација” при ЈП „Охридски Комуналец” по aна комунална инспекција вршеше расчистување на дива депонија на ул. „Петрино” после објектот на Дооел „Евергрин енерџи”. „Подигнати големи количини на градежен, градинарски, кабаст и комунален отпад. Оваа депонија, како и предходните е направена од страна на несовесни граѓани и покрај апелите на ЈП „Охридски Комуналец” до граѓаните да го депонираат отпадот на местата одредени за тоа и во термините наменети за истото.“- велат од претпријатието.
повеќе...Активности на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“
Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец” вчера започнаа со чистење на ул. „Железничка” и ул. „15ти Корпус”, бидејќи заврши обврската на „Македонија пат” за зимско одржување на истите улици, велат од претпријатието. ЈП „Охридски Комуналец” врши отстранување на абразивни средства кои беа употребени за заштита против мрзнење и голомразица, наноси од земја, песок и израсната трева помеѓу коловозите и тротоарите. Ангажирани се 2 екипи од кои 4ца работници на потегот од кружниот тек по 15ти Корпус до „Застава агп”, и 6 работници од кружниот тек до петљата на излезот…
повеќе...Активности на ЈП „Охридски Комуналец“
Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека по барање на комунална инспекција екипите ја расчистиле шумата помеѓу двете патчиња кои водат до саат кулата, каде што била направена дива депонија предизвикана од несовесноста на населението. „Ангажирани беа 10 комунални работници и беа подигнати околу 10 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, депонирани електрични апарати и 2 трактори зелен отпад.“- велат од претпријатието. Оттаму апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии, туку да го депонираат отпадот на местата предвидени за тоа.
повеќе...Се расчистува градскиот кеј
Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани на расчистување на кејот на потегот од градското пристаниште, се до хотел „Милениум”. „Се расчистуваа наноси на сува трска и комунален отпад донесени од невремето со засилен јужен ветар при што беа ангажирани 8 работници за метење и товарење, каде што беа подигнати 3 трактори на отпад.“- велат од претпријатието.
повеќе...