Речното корито на реката Грашница е расчистенo на потегот по ул. „Прилепска“ до пресекот со ул.„Железничка“. „Моментално на овој потег нема водостој, па речното корито се расчистува од бујната вегетација, како и комуналниот отпад кој е тука расфрлан.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Оттаму апелираат до околното население да не се фрлаат отпадоци во речното корито зошто стануваат потенцијална загадувачи на Охридско Езеро. Велат, со надоаѓање на реката истите ќе завршат во езерото.
повеќе...Tag: комуналец
ЈП „Охридски Комуналец“ доби современи возила за отпад
По долги години ЈП „Охридски Комуналец“ го обнови возниот парк со пет најсовремени специјални возила за подигнување на отпад од јавните површини. Инвестицијата вредна 306.328 евра или 18.839.172 денари е резултат на заложбите на градоначалникот Никола Бакрачески да се подобри квалитетот на јавните комунални услуги во градов. „Со оваа инвестиција, ЈП „Охридски Комуналец“ после подолг период ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на граѓаните на Охрид во смисла на…
повеќе...Кружното кај „Бистрица“ во есенско руво
Кружниот тек на пресекот на булеварот „Туристичка“ и ул.„Бистрица“ доби нов лик со засадување на цветните садници-хризантеми. „Летниот цветен расад кој беше засаден на оваа зелена површина е отстранет, земјената подлога е обработена и оплеменета, а потоа се засадени нови цветни садници кои ќе го красат ова катче до зимскиот период“, информираат од претпријатието.
повеќе...Акција за зелен отпад од УЗ „Даме Груев“ и „Горна Влашка Маала“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 31 октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“ (комплекс згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mаала“). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите…
повеќе...Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со активности на неколку локации во градот
Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ оваа недела вршат тековно одржување на зелениот појас помеѓу двата коловози вдолж улицата „Железничка“. „Бетонската жардињера се расчистува од ниската дива вегетација, се отстрануваат оштетените садници, а на местата каде се украдени садници се засадуваат нови. Зелената ограда од пироканта и котонастер се поткаструва и соодветно се оформува. Овие активности се одвиваат координирано со „Јавна хигиена“ кои темелно ја метат оваа сообраќајница и околниот простор.“ – информираат од претпријатието. Во дворот на Локалната самоуправа засадени се цветни садници од видот хризантема…
повеќе...Во сабота ќе се подигнува кабаст отпад од „Радојца Новичиќ“
ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 24-ти октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Согласно годишниот календар за 2015 год. ова e последната…
повеќе...Утре ќе се подигнува кабаст отпад од „Видобишта“
ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...Се расчистуваат јавните површини и плажата во Пештани
По машинското расчистување на наносите од земја, песок и одрони во Пештани, од денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со темелно расчистување на јавните површини и плажата во оваа туристичка населба. „Поради големите количини од земјени наноси акцијата ќе се реализира и во наредните два дена. Рачно со шпакли се одстранува земјата од централните улици и пешачки патеки, а потоа јавните површини се метат. Силните врнежи по своето течение донесоа со себе и големи количини од тешко разградлив отпад (пластични шишиња, најлон кеси и др.комунален отпад) кои испливаа по…
повеќе...Расчистена плажата Грашница и населбата Св.Стефан
Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа акции за санирање на состојбата и расчистување на повеќе локации во градот и околните населени места по силното невреме и обилните врнежи кои го зафатија охридскиот крај изминатиот викенд. „Со обилните врнежи големи количини од песок, земја, паднат лист и комунален отпад се натрупаа по коловозите, пешачките патеки и другите јавни површини. Се расчисти плажата Грашница и сливното подрачје на река Грашница во Охридското Езеро, како и патеката која води кон Охридското Кале, каде езерските води исфрлија големи количини трска и…
повеќе...Исчистени локации во стариот дел од градот
По налог на општинскиот инспекторат, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ исчистија повеќе локации во стариот дел од градот. „Комплетно се расчистени тешко пристапни парцели во близина на Античкиот театар (ул.„Браќа Миладиновци“ ) кои беа обраснати со жбунеста вегетација и трње, а зелениот отпад е транспортиран. Исчистена е и локацијата над спомен-куќата на Григор Прличев.“- информираат од претпријатието.
повеќе...