ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со хортикултурното уредување во приградските населби

ЈП „Охридски Комуналец“, продолжува со хортикултурното уредување во кое се опфатени сите приградски населби. Денес екипите на претпријатието,  ја косеа високата трева на патот во населбата Видобишта, поточно Стобекс. Појасот покрај тротоарот и коловозот се расчистуваше од високите треви, а беа отстранети и гранки кои што го попречуваа движењето на пешаците. Ангелче Андриоски

повеќе...

Продолжува уредувањето на влезот од Охрид

По налог на Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, екипи на Јавното претпријатие „Охридски  комуналец “ деновиве  работат на средување на просторот кај Клучката во непосредна близина на влезот од Охрид. Се врши порамнување на теренот и  косење на тревата . По налог на Секторот за  комунален развој, сообраќај и улици екипи на „Охридски  комуналец“ вршат кастрење на дрвја покрај патот на потегот од Дрвара до Горна Порта. На овој простор се работи на санација на две борови дрва кои поради староста беа опасност за минувачите и жителите на…

повеќе...

Реакција од ЈПК Дебрца на соопштението на ОО СДСМ

По соопштението на ОО на СДСМ за состојбата во ЈПК Дебрца, реакција испрати ЈПК ДЕБРЦА. „Сакаме да ја информираме јавноста за “презантацијата” на кварталниот извештај на ЈПК Дебрца за периодот од 01.01.2014 – 31.03.2014.  И самите граѓани се свесни во каква состојба беше наследено јавното претпријатие со долг преку 2 736 060 денари, кога немаше никакви срества за работа, ни метли, ни лопати, ни камионот за собирање на отпад не беше отплатен (беа доплатени 120 000 денари од новото раководство), немаше ни делови за поправка на дефектите во водовдната мрежа…

повеќе...

Утре акција за кабаст отпад во У.З.11 „Видобишта“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 21-ви јуни (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

повеќе...

Со хортикултурно уредување опфатени сите приградски населби

Врнежливото време придонесе бујна вегетација на сите зелени површини во охридскиот регион. Во тековната работна седмица екипите на ЈП„Охридски Комуналец“ максимално се ангажирани со средување на високата трева околу коловозните ленти и пристапните патеки во приградските населби. Во понеделникот се косеа високите треви околу патот кој води до с.Вапила, во текот на вчерашниот ден се уредуваа пристапните патишта во с.Велгошти и Д.Лакочереј, а денес во с.Г.Лакочереј. Според работниот календар со оваа активност ќе бидат опфатени и другите приградски населби: во текот на утрешниот ден ќе се расчистува с.Косел, во петок…

повеќе...

Хортикултурно уредена улицата „АСНОМ“

Екипите на „Паркови и зеленило„ денес, извршија расчистување на левата и десната страна по ул. „АСНОМ“ , од пресекот со ул. „Кеј Маршал Тито“ до пресек со ул.„Карпош Војвода“, како и потегот на ул. „Булевар Туристика“ од бензиската пумпа до кружната сообраќајница. „Појасот покрај тротоарот и коловозот се расчистуваше од високите треви, а беа отстранети и гранки кои го попречуваа движењето на пешаците.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Оттаму апелираат до Советите на станари и инвеститорите, самите тековно да ги одржуваат дворните површини .

повеќе...

Поправени статичните велосипеди во Холандскиот парк

ЈП „Охридски Комуналец“, денеска изврши санација на статичните велосипеди кои се лоцирани во Холандскиот парк, каде украдените и искршените педали се заменети со нови. Овој дел од паркот заедно со уреденето катче за рекреација ги привлекува погледите не само на нашите сограѓани, туку и на многубројните туристи од Холандија и другите земји. „Тие симболично ја поттикнуваат желбата за спорт, рекреација и здрав живот во здрава животна средина. Но, за жал, поединци, во недостиг на култура и почит кон јавните добра, го уништуваат она што претставува општ интерес за сите нас.“- велат…

повеќе...

Заменети цветните насади во паркот пред зградата на Локалната самоуправа

Паркот пред зградата на Локалната самоуправа во Охрид последнава година непрекинато се одржува цветен.  Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ повторно ги заменија цветните насади и сега тука ќе цутат цветови на растението меѓу народот попознато како Џунџуле. 

повеќе...

Реакција на ЈПК „Дебрца“ во врска со соопштението на СДСМ Дебарца

Во врска со вчерашното соопштение од СДСМ Дебарца, во кое беа обвинети надлежните за состојбата на јавните површини низ селата во општината Дебарца, реакција испрати ЈПК „Дебрца“ во која стои: „Врз основа на прикажаната „загрижувачка состојба за јавната површина“ од страна на СДСМ и приложените слики, сигурно и самиот фотограф е свесен дека сликал приватни ниви, кои ЈПК „Дебрца“ не може и нема овластување да ги одржува тие приватни имоти, туку стриктно јавни површини. Напоменуваме дека косењето на јавните површини се одвива со предвидена динамика, и уште да потсетиме дека…

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад од У.З.4 „Воска“ и населба „Даљан“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 14-ти јуни (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  У.З.4 „Воска“ и комплексот згради и куќи во населба „Даљан“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го…

повеќе...