Пролетни акции на повеќе локации во градот

Екипите на „Јавна Хигиена“ оваа недела реализираат голем број активности за пролетно дотерување на градот. По градскиот кеј и паркот се врши санација и замена на оштетените корпи за ситен отпад. Во целата должина на „Булевар  Туристичка“ темелно се расчистуваат граничниците покрај коловозите и одливните шахти од обраснатата трева, натрупан песок, земја и друг вид отпад. Друга локација на која интензивно се работи деновиве е стариот дел од градот  каде се врши косење на тревата на градското кале. Сите овие активности се одвиваат согласно Програмата за работа за 2013 година…

повеќе...

Акција за подигнување на зелен отпад „Стар Град“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ со цел да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните на општина Охрид, во секоја сабота од месец април ќе организира акции за подигнување на зелен отпад, а саботите од месеците мај и јуни се резервирани за подигнување кабаст отпад. Овие акции ќе се одвиваат согласно испланираниот годишен календар за 2013 год. Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива…

повеќе...

Подигнати 40 м³ отпад од кејот

Изминативе два дена, заради временските услови проследени со силен ветер, екипите на Јавна хигиена вонредно го расчистуваа кејот и пристаништето од енормни количини отпад. Во текот на вчерашниот ден подигнати се пет тури отпад, а денес, од раните утрински часови (5:00 часот) екипите излегоа на терен и подигнати се 10 тури отпад, или вкупно 40 м³.

повеќе...

Стартуваше „Охрид-град на цвеќето 2013“

Како што претходно најавија од Ј.П. „Охридски Комуналец“, вчера беше означен стартот на проектот „Охрид-град на цвеќето 2013“. На потегот од градскиот плоштад до хотелот Палас беа засадени околу 2.000 садници сезонско цвеќе од видот виола (во народот познати како очиња) и дијантус (каранфилчиња). Во текот на наредната недела ќе се продолжи со реализација на проектот со кој пролетно ќе бидат освежени парковските решенија на кружните текови и други локации.

повеќе...

Акција за чистење на патниот правец Косел-Ливоишта

По барање на месното население од село Вапила,  Ј.П. „Охридски Комуналец“ денес спроведе акција за расчистување на расфрлан отпад покрај патниот правец Косел-Ливоишта. „Иако овој патен правец е магистрален пат за чие одржување се надлежни од „Македонија Пат“, во интерес на граѓаните, со цел да излеземе во пресрет на нивнте барања, пристапивме кон расчистување на овој потег“. – велат од Ј.П. „Охридски Комуналец“. Ангажирани беа 10 работници и подигнати се 50 вреќи отпад, а најзастапен е отпад од пластика, хартија и зелен отпад. WebOhrid

повеќе...

Старт на „Охрид-град на цвеќето 2013”

По успешно спроведениот  проект „Охрид-град на цвеќето 2012 год.“ оваа година Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со реализација на „Охрид-град на цвеќето 2013 год.“. На 02.03.2013 год. (сабота) во 12:00 часот ќе биде означен стартот на овогодинешниот проект, на потегот од кружниот тек на градскиот плоштад до хотелот „Палас“, со засадување на саден материјал од годинешната реколта од сопствено производство на јавното претпријатие. „Охрид-град на цвеќето 2012 год.“ се покажа повеќе од успешен: се реализираа голем број хортикултурни решенија и нови зелени катчиња, се анимираа правните субјекти и физички лица за…

повеќе...

Во тек е акцијата „Корпа за секоја улица“

Во рамките на одржувањето на јавната чистота, J.П. „Охридски Комуналец“ во 2013 год. спроведува широка акција „Корпа на секоја улица“ со која се поставуваат 100 корпи за ситен отпад на целата територија на општина Охрид. Согласно Програмата за работа за 2013 год. се врши празнење на корпи за отпадоци поставени на јавни сообраќајни површини според зацртана динамика и во зависност од лоцирањето, односно од обемот на полнењето на истите. За успешноста во оваа акција треба да допринесеме СИТЕ, затоа што сите сакаме да живееме во чист и уреден град. Затоа…

повеќе...

Се поставуваат 150 корпи за ситен отпад

Деновиве на територијата на општина Охрид се поставуваат 150 корпи за ситен отпад. Акцент се става на автобуските и такси-постојките, детските игралишта, викенд населбите и сите пофреквентни улици во градот. Со овие активности надлежните сметаат дека степенот на хигиена ќе се подигне за еден степен. Од Ј.П. „Охридски Комуналец“ апелираат граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и уредно да го депонираат отпадот во корпите чија намена е депонирање на ситен отпад, а не отпад од домаќинства.

повеќе...

Нови дрвореди на „Кленоец“ и „Карпош Војвода“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжи со акциите за озеленување на околината и подигнување на нови дрвореди на територијата на општина Охрид, со посебен акцент на периферните делови од градот. Деновиве се засадени 30 садници од видот јасен на улиците „Кленоец“ и „Карпош Војвода“. Јасенот е отпорен на температурни разлики и формира убава крошна со што дрворедите ќе имаат не само заштитна туку  и естетска функција.

повеќе...

Искршени садници од новиот дрворед на „Марко Цепенков“

Ј.П. „Охридски Комуналец” постојано реализира акции за хортикултурно уредување на градот со кои се запазува светскиот тренд за создавање нови парковски површини и зелени катчиња, како во централното, така и во периферното градско јадро, кои воедно претставуваат и „бели дробови” на градот. Пред десетина дена ваква акција беше спроведена од страна на Ј.П. „Охридски Комуналец“ на улицата „Марко Цепенков” каде се конструира нов дрворед од јасени. Но за жал, за многу кратко време на вандалски начин овој дрворед е деградиран и искршени се пет садници. Од „Охридски Комуналец“ апелираат кон…

повеќе...