Хуманитарен концерт за помош за настраданите во поплавите во Србија, БиХ и Хрватска

Вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа хуманитарен концерт за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. На концертот, кој беше во организација на Владата на Република Македонија, настапија голем број македонски естрадни ѕвезди, меѓу кои: Влатко Стефановски, Есма Реџепова, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски…    Влезниците беа по цена од 150 денари, а до пред почетокот на концертот, според изјавата на  министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа продадени околу 11.000 билети.   Отворени беа телефонските броеви за донации 070143400, 075143400 и 078143400, на…

повеќе...

Дански културен настан во Охрид

Општина Охрид и НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид заеднички организираат концерт на „Хорот Копенхаген” од Данска. Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) со почеток во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен. Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство. На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди. На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид.

повеќе...

Хуманитарниот концерт за Србија и БиХ презакажан за понеделник

Министерството за култура информира дека поради организациони причини и потреби, хуманитарниот концерт за помош на погодените региони од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина кој беше закажан за четврток, ќе се одржи в понеделник, на 26 мај. Македонија вчера најави дека ќе организира голем хуманитарен концерт под мотото „Да се обединиме во хуманоста“ за помош на погодените од поплавите.

повеќе...

Чествување на празникот св. Кирил и Методиј во Охрид – концерт на млади пијанисти

По повод чествувањето на „Св. Кирил и Методиј“, во сабота, 24-ти мај, во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти, по уметничко ракодовство на проф. м-р Кристијан Каровски. На сцената во „Св. Софија“ ќе настапат Анастасија Кочева, Амина Никочевиќ, Викторија Митеска, Дамјан Милески, Ивана Јанаќиева, Њомза Џафери и Тодор Спанџов, а ќе бидат отсвирени дела на Бетовен, Шопен, Дебиси, Брамс, Григ и Рахманинов. Настанот започнува од 20 часот, а воведна реч ќе има проф. д-р Красимира Илиеска. Влезот е слободен. Програма на…

повеќе...

Одржан концертот на „BAROUF Оркестар“

Младински Совет Охрид, во соработка со Центарот за култура ,,Григор Прличев,, и локалната самоуправа, а како дел од соработката на Охрид и Каен организираше концерт на  BAROUF орхестар, составен од студенти од Конзерваториумот од Каен, Долна Нормандија. На концертот беа отсвирени балкански народни песни, кои орхестарот ги свири и во Франција, со цел да се промовира ваквиот вид на музика, како и да поттикнува културна размена. Исто така на концертот беа отсвирени и неколку авторски композиции на Емануел Еро кој ја води групата, а воедно инспириран од балканската музика, напишал…

повеќе...

Во Центарот за култура ќе се одржи концерт на „BAROUF Оркестар“

Младински Совет Охрид, во соработка со Локалната Самоуправа и Центарот за култура „Григор Прличев“ организираат концерт на „BAROUF Оркестар“, од Каен (Северна Нормандија) Франција. Концертот ќе се одржи утре 6 мај (вторник), во центарот за култура „Григор Прличев“. Почетокот е во 18:00 часот, а влезот е слободен.

повеќе...

Во наредните денови ќе се одржи фестивалот „Распеано Рибарче 2014“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, на  8-ми, 9-ти, 10-ти и 11-ти мај ќе се одржи Фестивалот на детски песни „Распеано Рибарче“   со 19 нови песни и 4 балетски групи: Четврток, 8-ми Мај во 11.00 часот, влез 70 ден Петок, 9-ти Мај во 10.30 и 16.00 часот, влез 70 ден Сабота, 10-ти Мај во 19.00 часот, влез 100 ден Недела, 11 Мај во 12.00 часот, влез 70 ден    

повеќе...

Свечена церемонија на Турската Демократска партија во Охрид

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа Турска Демократска Партија одржа свечена церемонија, на која беа претставени  кандидатите за пратеници од Турската етничка заедница во 5 -та изборна единица. На свеченоста се обрати кандидатот за пратеник во 5-тата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

повеќе...

Предвелигденски концерт на младите таленти од Бреинобреин програмата во ОМУ „Методи Патче“

Атрактивен и интересен настан се одржа вечерва во просториите на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид. Црвен крст Охрид организира предвелигденски концерт на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид-Центарот за развој на животни вештини. „По повод велигденските празници решивме да организираме еден вид на предвелигденски концерт на оние дечиња кои што се дел од музичкото училиште, го посетуваат покрај Бреинобреин програмата, меѓутоа и оние дечиња кои што одат во танцовиот клуб на Бреинобреин. Денес се прикажаа сите оние вештини кои што се стекнати во текот…

повеќе...

Одржан предвелигденскиот концерт на „Чалгија Саунд Систем“

Чалгија саунд систем во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ одржа предвелигденски концерт на големо задоволство на публиката, составена од сите возрасти. Во пријатна атмосфера беа изведени македонските староградски песни кои прозвучија автентично и елегично преку гласот на вокалистот Грашоска Добрила. Публиката не го штедеше аплаузот. Овој концерт е дел од програмата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ за 2014 година поддржан од министерството за култура. До крајот на годината предвидени се гостувања и на Драган Даутоски и група Монистра. Со гостувањата Центарот за култура покрај својата матична програма…

повеќе...