Концерт на Воениот оркестар на АРМ на градскиот плоштад во Охрид

Утревечер со почеток во 20 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, Воениот оркестар на Генералштабот на АРМ ќе одржи едночасовен концерт. Концертот е во рамките на нивната летна концертна сезона и претстува уште една културна содржина во богатата културна понуда на Охрид. На програмата ќе бидат дела од македонски и странски автори.

повеќе...

Концерт на „Хортус Музикус“ од Естонија на Охридско лето

Вечерва, во 21 часот, во црквата „Св. Софија“ во Охрид, во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, концерт ќе одржи камерниот оркестар „Хортус Музикус“ од Естонија. „Хортус Музикус“ е еден од најстарите ансамбли во Источна Европа. Основан е во 1972 година од страна на неговиот уметнички директор и диригент Андрес Мустонен, и оттогаш постојано е присутен на светските концертни сцени во Соединетите Американски Држави, Јужна Америка, голем број европски земји, Израел, Русија и Јапонија. На репертоарот на овој ансамбл, покрај останатите дела, се наоѓа и музика која датира уште…

повеќе...

Балканските рок ѕвезди Ван Гог вечерва со концерт во Охрид

Во дополнителната програма на Охридско лето, српскиот рок бенд Ван Гог ќе го прослави својот јубилеј 30 години дел од балканската музичката сцена. Вечерва, со почеток во 21 часот, на локација на Долни Сарај, Охрид, еден од најголемите балкански рок состави, ќе одржат концерт, во рамки на дополнителната програма на Охридско лето. За време на концертот Ван Гог ќе ја забавуваат публиката со стари и нови хитови. Групата Ван Гог е формирана во 1986 година кога го објавуваат и нивниот прв сингл „Трагови на минатото“. Досега имаат објавено 9 албуми,…

повеќе...

Концертот на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет

Вечерашниот концерт на камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, под диригентската палка на маестро Саша Николовски-Ѓумар ќе може да се следи во живо на веб-страницата на „Охридско лето“, www.ohridskoleto.com.mk, а преносот од катедралната црква „Света Софија“ ќе започне од 20 часот, час пред започнување на концертот. Сите љубители на музичката уметност кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква, ќе може да уживаат во концертот преку интернет. „Лајв-стримингот е новина што се практикува на сите светски фестивали. „Охридско лето“ ја воведе ваквата практика на веб-продукција што…

повеќе...

Вечерва на Охридско лето, камерен оркестар на музичката младина на Македонија

Концерт на Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија, вечерва во рамките на фестивалот Охридско лето. Камрниот оркестар ќе настапи под водство на диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар. Маестро Саша Николовски-Ѓумар се смета за еден од најдобрите македонски диригенти. Работел со речиси сите македонски ансамбли. Оркестарот на Македонската филхармонија, Оркестарот на Македонската опера и балет, Младинскиот камерен оркестар на музичката младина, Хорот и оркестарот на факултетот за музичка уметност во Скопје и др. Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија е основан пред точно 30 години, во 1986. Овој ансамбл…

повеќе...

Три дена Summer Beach Festival во Охрид

Овој викенд, пред големиот македонски празник Илинден, Охрид е градот кој е центарот на сите музички случувања во Македонија. Еден од тие настани е и „Summer beach festival”, тридневен фестивал кој ќе се одржи на плажата „Немо“, а ќе опфати дел од моментално најбараните артисти на балканот. 30 јули, сабота е резервиран за Тајзи и Спејко со концерт во живо. За првпат пред публиката ќе се престават и со дел од новиот материјал. На 31 јули настапува грчката диџеј атракција Bang La Decks, дуо кое ги освои светските топ листи…

повеќе...

Виолинистот Џафер Џафери и пијанистката Милана Чернјавска вечерва на Охридско лето

Во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе настапат виолинистот од Македонија, Џафер Џафери и пијанистката од Германија, Милана Чернјавска. На програмата ќе бидат изведени дела од В. А. Моцарт, С. Прокофјев, Ј. Брамс. Џафер Џафери своето образование го започнува во родната Македонија, а потоа школувањето го продолжува на Академијата за музика и изведувачки уметности во Манхајм. Чест учесник е на музичките фестивали во светот, а како солист и камерен музичар соработувал со голем број значајни музички имиња. Добитник е на голем…

повеќе...

Ристе Ристески со бесплатен концерт на плажа во Охрид

Момчето кое успеа да го освои сето внимание на дивата Јелена Карлеуша, но и да се избори пред сите препреки низ круговите во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески ќе одржи голем концерт во петок (29 јули) на плажата „Акапулко“ во Охрид. Имено, по потпишаниот ексклузивен договор со продукцијата „Гранд“ на 9 години и исполнети сите обврски кон шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Ристе одлучи да им се заблагодари на своите сограѓани кои несебично во текот на сите овие месеци му ја даваа својата поддршка со бесплатен концерт на…

повеќе...

Green Beach Festival ги претставува и најистакнатите артисти од домашната електронска сцена

GREEN BEACH FESTIVAL, најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, годинава ќе се одржи по седми пат и тоа со најбогата програма досега, на 30 и 31 јули. Локацијата е традиоционално плажата Парк во Охрид, каде нѐ очекува препознатливиот грандиозен подиум на највозбудливата летна журка. Покрај најдобрата поунда на светски етаблирани изведувачи како што се AME, DUBFIRE, BLACK COFFEE и JAMES ZABIELA, подеднакво атрактивна е и листата со 10 од најистакнатите домашни артисти со кои Green Beach Festival оваа година ја збогатува својата програма. Во овој дел од програмата, на…

повеќе...

Тајзи и Спејко со голем концерт во Охрид

По „Палимо“ која е веќе летен хит на просторите на бивша Југославија, Тајзи најавува нови песни во август, а наскоро се очекува и новиот албум. Во меѓувреме заедно со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат“ работат на проект за една од најдобрите балкански продукции „Балкатон“ од соседна Србија, зад која стои хит мејкерот Раста кој ги руши Јутјуб рекордите. „Публиката ја препознава енергијата која ја носиме со себе, па затоа каде и да се појавиме ги полниме клубовите, а веќе и плажите низ земјава и регионот“, вели Тајзи. Најавуваат турнеја…

повеќе...