Заев: Ќе вадиме докази додека не го извадиме Груевски од Владата

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: „Почитувани присутни, почитувани граѓани, претставници на медиумите, Вистината за Македонија си ја бара светлината на денот. Салата за прес конференции во којашто го почнавме проектот, стана претесна. Од денеска домаќин на Вистината за Македонија е Кампот на слободата, овој Камп на слободата што ќе ги донесе долгоочекуваните промени за сите во државата, па и за оваа кутра зграда на Владата на Република Македонија, заробена во фушерајски составен гипс картон! Како што ветив, продолжуваме со проектот Вистината за Македонија.…

повеќе...

Охрид ќе учествува на Фестивалот на европските езера во Италија

Делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот, Никола Бакрачески, ќе учествува на Шестото издание на Фестивалот на европските езера што од 29-ти мај до 2-ри  јуни се одржува во Исео, Италија како и на вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера што на 30-ти мај се одржува во овој италијански град. Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој на денешната средба со новинарите се осврна на годинешната програма на фестивалот. „Фестивалот на европските езера годинава ќе трае четири дена и во…

повеќе...

Меѓународна конференција за управување со отпад

Во организација на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија – АДКОМ, денес, во хотел „Метропол“ започна меѓународната конференција за управување со отпад. На четвртата Меѓународна конференција која е на тема „Регионално управување со отпад“ ќе бидат претставени повеќе од триесетина труда од кои половина се од странски експерти. Поздравно обраќање имаа министерот за екологија, Нурхан Изаири, заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, извршниот директор на АДКОМ, Лолита Стојановска претседателот на АДКОМ, Игор Спасовски, како и претставникот од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Ракип Дочи. Заменик градоначалникот, Ангел…

повеќе...

Заев: Оставки и преодна Влада ќе ја олабават атмосферата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите изјави: „Почитувани, Првата работа што ја направивме, споделивме информација со г-динот Груевски со претседателите на ДУИ и ДПА, а и со амбасадорите кои се овде во функција на набљудувачи, tоа што се разговараше во Стразбур на состанокот помеѓу мене, господинот Груевски, комесарот Хан и тројцата пратеници. Ги разговаравме деталите околу тоа што таму се разговарало и договоривме следниот состанок да биде на почетокот на идната седмица.“– изјави Заев. Одговори на новинарски прашања: Новинар: А што договаравте во Стразбур, можеме ли да…

повеќе...

Можности за соработка во областа на туризмот меѓу Македонија и Казахстан

На првиот Македонско-Казахстански форум што се одржа минатата недела, во организација на Казахстанско- Македонското здружение и туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид, се разговараше и за продлабочување на соработката на двете земји во областа на туризмот. На форумот, потпретседателката на здружението Марјана Султанбекова, ја прочита пораката на градоначалникот Никола Бакрачески и ги покани учесниците да го посетат Охрид. „Почитувани учесници на првиот Македонско- Казахтански форум посветен на соработката во областа на туризмот, најискрено Ви упатувам топли поздрави од древниот Охрид и Ви посакувам успешна работа.Овој голем и важен форум е…

повеќе...

Претприемништвото задолжителен предмет во образованието

Претприемништвото да се воведе како задолжителен предмет во средните училишта со водедување на пракса и волнтирање во претпремачки компании е една од главните препораки кои произлегоа од завршната конференциа „Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување” која се одржа во Струга од 21 – 24 мај 2015 година. Конферениоата ја реализираше Коалицијата на младински организации СЕГА поддржана ЕРАСМУС+ програмата преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). На конференцијата свои презентации имаа и Урим Касапи од канцеларијата на УНДП во Македонија, Младен Фрчковски од Министерството…

повеќе...

Министерот Ивановски на Меѓународната регулаторна конференција во Охрид

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски се обрати на воведната сесија на Меѓународната регулаторна конференција што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на Агенцијата за Електронски Комуникации. Ивановски се осврна на важноста на информациско-комуникацискиот технолошки развој, кој е директно зависен од распространетоста на широкопојасниот интернет. „Според Светска банка, за секои 10% раст на пенетрација на широкопојасниот интернет, соодветствува од 1 до 1,5% економски раст на бруто-домашниот производ во државата, додека според Европската банка за реконструкција и развој, зголемувањето на брзината на бродбендот за два пати…

повеќе...

Ивановски: Од 30-ти јуни драстично пониски цени во роаминг

Во Агенцијата за Електронски комуникации денеска се одржа прес конференција на која беше најавена Меѓународната регулаторна конференција која утре и задутре ќе се одржи во Охрид. Целта на конференцијата е да се поттикне јавната расправа за прашања поврзани со најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски истакна дека во наредните два дена на конференцијата ќе се разговара за наредните чекори што треба да се преземат за унапредување на броадбендот и интернетот, како и за теми кои не се само актуелни во Република Македонија…

повеќе...

Заев: Нашиот став е јасен, преодна Влада може да ги нормализира состојбите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна: „Имајќи предвид дека утре следува закажан состанок во Стразбур, договоривме наредна средба на 26-ти, во истиот термин. Денеска, на маса беше ставен предлог на теми за разговор од страна на ДУИ. Секако, најавени се и теми за разговор од страна на СДСМ, од страна на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на ДУИ и од страна на ДПА. Не отворивме никакви разговори за самите теми, затоа што претходно мора да се решат одредени прашања, а тоа се принципиелност во самите предлози, рамноправност…

повеќе...

Трета Меѓународна регулаторна конференција во организација на АЕК

Во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од денеска до 20-ти мај во Скопје и Охрид ќе се одржи третата Меѓународна регулаторна конференција. Конференцијата ќе почне со официјален состанок на претставниците од регулаторните тела во Србија, Бугарија, Црна Гора, Финска, Турција, Хрватска, Романија, Кипар, Молдавија, Кралството Белгија, Албанија, Косово и останати држави од регионот и од Европа, со претставници на Меѓународната унија за телекомуникации и претставници на Бордот на директори на Европското тело на регулатори за електронски комуникации, во Скопје, во просториите на АЕК. За утре е предвидено официјално…

повеќе...