Работна средба помеѓу директорот на ЈП „Билјанини извори“, спортските работници од Охрид и директори на ЈП „Борис Трајкоски“

Со искуството од спортско рекреативниот центар „Борис Трајковски“, Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ќе го развива и заживува спортот во Охрид. „Знам колку е тешко еден спортски центар да стане бренд и препознатлив по спортските манифестации кои ги нуди. Ние поминавме четири напорни години за да ја оствариме оваа цел. Сето мое искуство ќе го пренесам на директорот од Јавното преппријатие „Билјанини Извори“, Ристе Мишев и се надевам дека во блиска иднина охридскиот спортски центар ќе го достигне нивото од „Борис Трајковски“ – рече Ратко Капушевски директор на С.Ц. „Борис Трајковски“.…

повеќе...

МЗТ Скопје 87-95 Раднички Крагујевац

МЗТ Скопје Аеродром го одигра последниот натпревар сезонава во АБА лигата, а откако пред домашните навивачи во СЦ „Борис Трајковски“ загуби со 87-95, сега останува само на теорија и надеж за поклопување на резултатите на другите средби, за задржување на посакуваното шесто место на табелата. И покрај слабата реализација на самиот почеток, МЗТ предводен од Тодор Гечевски и Дамјан Стојановски пред крајот на првата четвртина направи пресврт и поведе со 20-17. Изгледаше дека МЗТ ќе може да ги контролира случувањата на теренот, а со тоа и резултатот, сепак гостинскиот состав…

повеќе...

Во Охрид ќе се отворат нови паралелки во фудбал, кошарка и ракомет

Ќе се отвораат нови паралелки во фудбал, кошарка и ракомет во други градови низ државата, најави министерот за образование и наука Спиро Ристовски при денешната посета на учениците-фудбалери од Спортската академија. „Задоволен сум од сериозноста во пристапот кој што го има ФФМ како еден од основните столбови во процесот на креирање на македонски таленти и репрезентативци во спортската академија. Во првата година од овој проект 105 ученици беа дел од овој проект, а во втората 106.Во рамките на плановите за следниот период кои ги имаме како Влада, на средбата на…

повеќе...

За прв пат Охрид ќе биде домаќин на спортската манифестација Гимназијада

Оваа година за прв пат градот Охрид ќе  биде домаќин на спортската манифестацијата Гимназијада, која ќе се одржи во месец мај. На неа директно ќе учествуваат околу 1000 средношколци поделени во 6 спортови (фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка) и неколку промотивни спортови. „Свесни од фактот дека занимавањето на младите со спорт и спортската рекреација не влијае само на здравјето и правилниот телесен развој туку и на интелектуалниот, естетскиот и моралниот раст на целокупното општество ја имаме одговорната задача да им овозможиме на децата и младината што повеќе квалитетни…

повеќе...

МЗТ Скопје победник на Купот на Македонија 2014

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Лирија со 76-73 во финалето од Купот на Македонија 2014, со што го освои својот седми трофеј во историјата на престижното натпреварување. Тодор Гечевски го доби признанието за МВП на финалниот натпревар. МЗТ многу подобро го почна натпреварот пред полните трибини во салата „Билјанини Извори“ во Охрид и предводен од поените на Гечевски и Дејвис, но и добрата тимска одбрана, по пет минути игра водеше со 12-4. Сепак, Лирија ја поправи реализацијата во продолжението, а четирите поени во низа на Јелесијевиќ ја намалија…

повеќе...

Приведени 24 лица по инцидентот помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и КК Куманово

На 08 февруари  во Охрид на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, пред отпочнување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК МЗТ-Скопје и КК-Куманово од Куманово, навивачките групи од двете екипи, насилно се однесувале со повикување, поттикнување и учество во тепачка, при што си размениле удари, а исто така и фрлале со разновидни предмети и оштетиле три патнички моторни возила кои биле паркирани во близина на лице местото. Во врска со овој настан приведени и задржани се 24 лица. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

повеќе...

МЗТ Скопје ќе игра против Лирија во финалето од Купот на Македонија

МЗТ Скопје со победа против Кожуф дојде до ново финале во кошаркарскиот Куп на Македонија. Иако на моменти во третата четвртина МЗТ водеше и со 19 поени разлика, малку недостасуваше Кожув да стигне до пресврт. Сепак одолеа на нападите на Кожув во интересната завршница и со победа од 78-70, обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, каде ќе го брани трофејот кој го освојуваше во последните две години. Многу рано во натпреварот МЗТ успеа да се одлепи на двоцифрена разлика, кога по 2:30 минути игра, со тројката на Шеховиќ,…

повеќе...

МЗТ Скопје го освои трофејот во Младинскиот Куп

Со водство во текот на целиот натпревар игран во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, младинскиот тим на МЗТ Скопје заслужено го освои својот прв трофеј во Младинскиот Куп, совладувајќи го НБА Чаир со 80-55. Љубомир Младеновски избран за МВП на финалниот натпревар. НБА Чаир беше тимот кој подобро го почна натпреварот, а преку тројките на Бесар Мемети и поените на Емир Ештрефи, стигна до водство од 14-7. Но следуваше период од цели шест минути во кој МЗТ играше брилијантна одбрана и без ниту еден кош примен до крајот на првата…

повеќе...

Позната и втората полуфинална двојка – Куманово против Лирија

Четири четвртини не беа доволни да се реши победникот во Охрид, а Куманово покажа повеќе во неизвесната завршница и го искористи невниманието под кошот на Работнички, за победа од 94-92 и пласман во полуфиналето. Мандиќ, Врањеш и Паран носители на триумфот на кумановци. Како што и се очекуваше, натпреварот беше неизвесен од самиот почеток, а Работнички се соочи со прв сериозен проблем кога Дарко Соколов, по помалку од четири минути игра, поради повреда на скочниот зглоб мораше да го напушти теренот. Куманово уште од почетокот покажа дека е шутерски расположен,…

повеќе...

МЗТ Скопје Аеродром и Кожув – првата полуфинална двојка

Брзо се опорави МЗТ Скопје Аеродром од почетните слаби неколку минути и со добра игра во продолжението од мечот, убедливо ја совлада Струмица со 100-75. Бранителот на трофејот обезбеди пласман во полуфиналето, каде го очекуваше подобриот од вечерниот меч помеѓу Кожув и Фени Индустри. Бранислав Џекиќ со осум постигнати поени само во првите 2:30 минути, предводеше серија на Струмица од 10-0, за почеток на натпреварот како што ретко кој очекуваше. Очигледна беше мотивацијата на струмичани во тој прв дел од мечот, сепак, МЗТ Скопје брзо се опорави и пред крајот…

повеќе...