Земјотресите во Охрид и понатаму не стивнуваат. Следува нов ден со нови земјотреси: во 01:06 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 3.2 степени според Рихтер, на длабочина од 4 километри. во 02:52 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 2 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри. во 03:07 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 2.2 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри. во 04:32 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 3.1 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри. во 06:54 часот, регистриран земјотрес со интензитет од 2.8…
повеќе...Tag: косел
Не стивнуваат земјотресите во Охрид
Не стивнуваат земјотресите во Охрид. Во текот на изминатите 24 часа беа почувствувани над 10 земјотреси. Интензитетот на повеќето земјотреси изнесуваше од 2.2 до 2.9 степени според Рихтер, додека пак најсилниот беше вечерва во 20:52 часот, чиј интензитет изнесуваше 3.3 степени според Рихтер на длабочина од 6 километри. Епицентрите повторно се наоѓаат на 6 километри североисточно од Охрид, односно во близина на Косел. WebOhrid
повеќе...Повторно почувствуван земјотрес во Охрид со епицентар кај Скребатно
Денес попладне, во 15:10 часот во Охрид беше почувствуван нов земјотрес. Неговиот епицентар е како и претходните Почувствувани два земјотреси во Охрид од пред два дена, 5 километри југоисточно од Косел, односно кај селото Скребатно. Неговиот интензитет изнесуваше 3.7 степени според Рихтер, на длабочина од 3 километри. WebOhrid
повеќе...Почувствувани два земјотреси во Охрид
Два земјотреси беа почувствувани во Охрид во период од 6 часа. Првиот беше синоќа во 02:00 часот, додека пак вториот утрово во 08:00 часот. Првиот земјотрес беше со интензитет од 3.4 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри, со епицентар на 9 километри источно од Охрид; додека пак вториот беше со интензитет од 2.7 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри, со епицентар кај селото Скребатно. WebOhrid
повеќе...Во среда ќе се подигнува кабаст отпад во Косел, Вапила и Ливоишта
ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Косел, с. Вапилаи с. Ливоишта. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...Ставена во употреба спортската сала во Косел
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски денеска ја ставија во употреба комплетно реконструираната спортска сала во рамки на подрачното Основно училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Косел. Станува збор за проект тежок околу 50 илјади евра финансиран од Владата на Р. Македонија, којшто е особено битен за правилното градење и насочување на младите кон здравите животни навики. „Претходно салата во подрачното училиште„ Ванчо Николески“ во с. Косел беше вон функција, затворена од санитарна инспекција и во неа…
повеќе...Кривична пријава за жител од Косел поради лажно пријавување кражба
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (53) од охридското село Косел. На шести овој месец, пријавениот во СВР Охрид пријавил кривично дело „тешка кражба“ извршена во неговиот дом во селото Косел кога, според неговото кажување биле одземени 10000 евра и постелнина. Според пријавителот, кражбата била извршена истиот ден околу 15 часот и 30 минути кога при доаѓање од работа забележал дека дворната врата и катинарот биле скршени а влезната врата од куќата била насилно отворена. Од…
повеќе...Ќе се санира „Алтанин мост“
Општина Охрид ќе го санира „Алтанин мост“ кој има оштетувања по континуираните врнежи од дожд и снег и надојдените води на реките низ територијата на општина Охрид. По извршените консултации со стручните служби од Општината, градоначалникот Никола Бакрачески издаде наредба за санација на мостот, штом тоа ќе го дозволат временските услови. Причината за позначителните оштетувања на „Алтанин мост“, стручните лица од секторот ги детектираат во надојдените води на Коселска река и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот. Надлежните лица од Секторот за комунални дејности при Општина…
повеќе...Двајца охриѓани физички нападнале жител од Косел
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Л.(18) и М.Е.(18), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 26.10.2014 година, околу 01,00 часот, во Охрид на ул. „Коста Арбаш“ првопријавениот физички нападнал лице од с.Косел, охридско, а подоцна на ул. „Цар Самоил“, двајцата пријавени го пресретнале истото лице и физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по телото, при што му нанеле тешка телесна повреда.
повеќе...Фудбалски судија нападнат во соблекувална
На 2-ри ноември во времето од 14,00 до 17,00 часот, во село Косел, охридско за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вулкан“ од с.Косел и ФК „Кораби“ од Дебар, по завршување на првото полувреме Д.Т.(58) од с.Велгошти, охридско во соблекувалната физички го нападнал главниот судија. На лицето му е издаден платен налог за сторен прекршок.
повеќе...