Во три одвоени акции полицијата заплени над 140 килограми дрога

Четири лица се лишени од слобода, за три од нив е определена мерка притвор од 30 дена, а други пет се во бегство, во врска со три одвоени случаи во кои полицијата заплени поголема количина дрога, а во рамки на операцијата „мрежа“ за сузбивање на нелегалната трговија за злоупотреба на наркотици.   Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес-конференција нагласи дека во два од случаите се пресечени меѓународни канали што служеле за шверц на наркотици главно од Албанија.   Министерството за внатрешни работи против приведените има поднесено кривична…

повеќе...

Извршила две џебни кражби пред шалтерите во Клиничкиот центар

СВР-Скопје-ЕОК-ОИД-отсек за џепни до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето С.С.И. (47) државјанин на Република Бугарија затоа што извршила две кривични дела – “кражба“. На почетокот на месецов, односно на 02.04 со намера за себе да прибави противправна имотна корист пријавената во претпладневните часови во Клинички центар “Мајка Тереза“ извршила две кривични дела кражба. Кривичните дела ги извршила на тој начин што го искористила невниманието на оштетените кои чекале пред шалтерите и со протнување на рака во чантите, во двата случаи одзела женски паричници во кои имало пари и…

повеќе...

„Алфите“ минатиот месец по разни основи привеле 384 лица

Припадниците на единицата за прв одговор и интервенија – Алфа во текот на минатиот месец при вршење на редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на вкупно 1705 лица, преглед на 334 ПМВ, а по разни основи приведени се вкупно 384 лица. И тоа по основ на телеграма -45 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 9, под сомнение за извршено кривично дело –73, по извршено кривично дело – 34, на лице место во вршење на кд – 17, за издржување на казна затвор –5, утврдување на идентитет – 7, недозволени…

повеќе...

Пронајдено оружје во домот нa познат насилник

На ден (02.04.), среда, СВР Скопје–Единица за недозволена трговија со оружје, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде И. С. (37) од с. Арнакија, заради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“. Имено, полициските службеници од Единицата, работејќи по оперативно сознание, дошле до податок дека во домот на неговиот татко во С. Арнакија, каде живее и неговиот син, осомничениот И. С., има поголема количина на огнено оружје и муниција, за кои не поседуваат соодветна дозвола. Имајќи ја…

повеќе...

Разоткриена организирана група криумчари на цигари

Министерството за внатрешни работи, односно Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, продолжи со активностите за целосно расчистување и документирање на криминалoт на организираната група криумчари, која беше разоткриена на почетокот на месецов, поточно на први април, во обид нелегално да пренесат поголема количина цигари од Р.Македонија во Р. Бугарија. Во рамки на продолжението на акцијата откриени се местата, односно гаражите каде што биле полнети возилата со цигари. На тие места биле вршени и модификациите на возилата за да бидат сокриени цигарите, а при преземените дополнителни дејствија утврден е…

повеќе...

Приведени двајца нарко дилери, запленети – марихуана, екстази, кокаин

Министерството за внатрешни работи во борба против организираниот криминал односно борбата насочена против уличните дилери во рамките на акција „Мрежа“, вчера реализираше случај на недозволена трговија со марихуана и синтетичка дрога при што запленети се околу 4 кг марихуана, 353 таблети екстази (во форма на срце, триаголник и круг) во различни бои, 15 пакувања бела прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин, 200 зипер кеси и 2 дигитални ваги. Запленетата дрога била наменета за улична продажба на домашниот нарко пазар. Имено по добиено сознание дека две лица, Б.Б.…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(40) од Охрид, за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2011 година во Охрид на ул. „Лазо Трповски“ пријавениот спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, на масандра од колктивна зграда бесправно изградил од 218,96 метри квадратни наменети за продажба. Инаку, пријавениот на 17.08.2011 година до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина доставил барање за утврдување на правен статус на бесправниот објект, прикривајќи дека отстапувањата во градбата се извршени по 03.03.2011 година односно по донесување на Законот за…

повеќе...

Разбиена шверцерска група, запленети 19.480 кутии цигари

Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминал и криумчарењето на цигари, вчера реализираше случај на заплена на 19.480 кутии цигари во вредност од околу 40.000 евра со што е сузбиена криминална група која подолг временски период вршела прекуграничен криминал односно криумчарење на акцизна стока – цигари од Р.Македонија во Р.Бугарија. На почеток на акцијата од страна на униформирани полициски службеници во близина на граничен камен 62 во делот на дражавната граница на Р.Македонија со Р.Бугарија беше поставена оперативно – тактичка мерка „заседа“ за спречување прекуграничен криминал, односно криумчарење…

повеќе...

Откриена шестчлена група која криумчарела мигранти од соседна Грција преку Македонија кон Србија

Вчера (29.03.) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал,  во координација со ЈО од Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, реализираше криминалистичка обработка, која се спроведуваше со цел сузбување на повеќе члена организирана криминална група која преку организиран меѓународен канал подолг временски период вршела криумчарење на мигранти од Р.Грција во Р.Македонија. За сузбивање на криминалната група која делувала на територијата на Р.Македонија и која била дел од меѓународна криминална мрежа, се применуваа посебни истражни мерки. Според документираните саознанија Организатор на криминалната група од Р.Македонија, е…

повеќе...

Расчистени стотина кривични дела и поднесени 89 пријави за 112 осомничени лица

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на минатата недела расчисти и документираше стотина кривични дела сторени на подрачјето на градот во различни реони, процесуирајќи 89 кривични пријави против 112 осомничени лица. Конкретно, Единицата за општ криминал – одделение за имотни деликти поднесе вкупно 19 кривични пријави против 26 лица и тоа за дела како “тешка кражба на дрзок начин“, “разбојништва во обид“, “разбојништво“, “предизвикување општа опасност“, “прикривање“ и други дела во ингеренции на Отсекот за тешки кражби, отсекот за моторни возила, отсекот за џебни кражби и Одделението за малолетници.…

повеќе...