Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против З.М. (52) од селото Могорче. На 13-ти декември минатата година, во домот на пријавениот, пронајдени се седум куршуми со калибар 12 милиметри што нелегално ги поседувал. Истите се одземени и по извршеното вештачење констатирано е дека пронајдените куршуми претставуваат ловна муниција со калибар од 12 милиметри наменати за лов, односно за испалување со ловни оружја-ловни пушки. Претресот во домот на пријавениот З.М. е извршен по…
повеќе...Tag: криминал
Притворен охриѓанец кој и нанесол тешки телесни повреди на својата ќерка
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(51) од Охрид. Него му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. На осми овој месец околу 10 часот во семејниот дом во Охрид, пријавениот започнал вербална расправија со неговата ќерка во која тој најнапред и упатил низа навредливи зборови. Потоа започнал да крши предмети од покуќнината и да ги фрла кон неговата ќерка, а во еден момент употребил и бехатон плочка со која се обидел да ја повреди. Откако…
повеќе...Лице од Лескоец на своето семејство му се заканувало со убиство и со опожарување на семејната куќа
Согласно законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, СВР Охрид до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на лицето А.М.(51) од охридското село Лескоец, како заштитни мерки да му се изречат: отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам. По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година, а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид, Центарот за социјални работи Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при…
повеќе...Кривична пријава против правно лице од Дебар поради користење нелиценциран софтвер
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Професионал-ПЦ“ како и против управителката А.С. (54) од Дебар. Од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите на фирмата лоцирана на улицата „Братство Единство“ во Дебар, констатирано е дека во текот на 2014 година, на два компјутери е инсталиран и користен туѓ и нелиценциран софтвер на Windows 7, заштитен со патент од фирмата…
повеќе...Намален бројот на малолетничката деликвенција во 2014 година
Секторот за внатрешни работи Охрид, во 2014 година регистрира намалување на малолетничката деликвенција и опаѓање на бројот на малолетници евидентирани како сторители на казнени дела. Според аналитичките податоци, лани регистрирани се 24 малолетници како директни извршители на кривични дела во Охрид, што претставува намалување во однос на 2013 година кога 31 малолетно лице биле евидентирани како извршители на кривични дела. Минатата година, регистрираните малолетници сториле вкупно 37 кривични дела во Охрид односно 36 во текот на 2013 година. Малолетници повторници во малолетничката деликвенција лани биле пет лица односно шест во…
повеќе...Кривична пријава за лице од Дебар поради узурпација на недвижен имот
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (61) од Дебар. Пријавениот во периодот од 2007 до 2011 година, на улицата „8 септември“ во Дебар узурпирал 24 м² недвижен имот – земјиште од катастарска парцела бр. 7927 за КО Дебар-2 сопственост на Република Македонија. Тоа го направил со намера за владение на недвижниот државен имот и со цел да го употреби за градба на деловен објект. Бесправно изградениот деловен објект на узурпираниот имот, пријавениот потоа го припоил…
повеќе...Пронајдена дрога на Ќафасан, приведени тројца полски државјани, еден е во бегство
Во заедничка акциска контрола на царинската управа на Република Македонија и граничната полиција – регионален центар Запад, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше пронајдена и одземена 1,6 килограми опојна дрога марихуана. Притоа, три лица – полски државјани се приведени, а еден полски државјанин е во бегство. Полските државјани беа детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило марка „Пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две…
повеќе...Притворен стружанец кој упатувал закани со оружје кое нелегално го поседувал
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.С. (45) од Струга. Основниот суд Струга него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. На 9-ти овој месец, пријавениот на жител на селото Мислешево му вперил огнено оружје-пиштол во пределот на вратот и стомакот и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него, а потоа и неговиот син. Настанот се случил во 17 часот и 20 минути во дворот…
повеќе...Кривична пријава за лице од Дебар поради фалсификување на банкноти од 50 евра
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од селото Бајрамовци-Центар Жупа. Во текот на минатата година, пријавениот набавил и пуштил во оптек банкноти лажни пари-евра во апоени од по 50 евра. Во ноември, во оптек пуштил две лажни банкноти користејќи ги во една ветеринарнарната станица во Дебар. Во почетокот на декември 2014 година, во оптек пуштил три банкноти искористувајќи ги во маркет во Центар Жупа, а една лажна банкнота ја употребил во кафеан во селото Новак-Центар…
повеќе...Притворен сторителот кој изврши тешка кражба во манастирот „Св.Богородица Пречиста“
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово. Пријавениот на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено ковчеже со мошти од „Св. Параскева“ – предмети што претставуваат културно наследство…
повеќе...