Во рамките на своето хуманитарно делување Црвен крст на Македонија – Црвен крст Охрид особено внимание посветува на воспоставување и креирање соработка со корпоративниот сектор. Како позитивен пример во таа насока ја истакнуваат плодната соработка, што наназад години ја негувале со Алфа банка. „Својата висока општествена одговорност оваа компанија, меѓу другото, ја истакнува и преку поддршката и помошта во реализација на хуманитарните активности на Црвениот крст во областа на социјално-хуманитарната дејност. Зад нас стојат бројни заеднички собирни хуманитарни акции со кои се помогнало на социјално загрозените семејства.“– велат од Црвениот…
повеќе...Tag: крст
Црвен крст Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“
Црвениот крст од Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“ кој под мотото „Од децата за децата“ ќе се реализира на 31-ви мај (недела) во Охрид. Екипите на Црвен крст Охрид утре од 12:00 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе ги продаваат влезниците за концертот, каде во 14:00 часот ќе се приклучат и „славејчињата“. Организаторот на настанот СТ-продукација, заедно со Црвен крст Охрид на децата од дневниот ценар „Зраци“ ќе им подари ЦД со детска музика од хорот „Златно славејче“ и сокчиња.
повеќе...Одбележан вториот ден од „Вдиши театар“
Прекрасен настап на театарската актерска група на младите на Црвен крст Битола на вториот ден од Аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие ја изведоа комедијата „БОИНГ-БОИНГ“ и до солзи ја насмеаја бројната публика во Центарот за култура „Григор Прличев“, а пораката која ја испратија беше дека секоја лага води во ќорсокак. На третиот ден од фестивалот „ВДИШИ ТЕАТАР“ свој настап ќе има актерската група на Црвен крст Крагујевац, Србија кои ќе ја изведат театарската претстава „ПХВ-КАБАРЕ“. Претставата ќе се прикажува вечерва на малата сцена во Центарот за култура „Григор…
повеќе...Свечено отворен вториот аматерски младински фестивал „Вдиши театар“
Со брилјантната изведба на театарската претстава „Деспина ќе ја грабиме…никој да не знае“, театарската актерска група на младите на Црвен крст Охрид синоќа го отвори вториот Аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар’“. Просторот во предворјето на црквата Св.Софија беше исполнет до последното место, а посетителите со воодушевување и аплаузи ги наградуваа комичните моменти изведени од талентираните млади актери-аматери кои на оригинален начин, преку трубадурската песна ја доловија приказната за охридската убавица и нејзиното грабнување…за никој да не знае. Силната порака која ја испратија младите со оваа мултимедијална претстава беше дека љубовта…
повеќе...Вечерва ќе биде отворен Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“
Вечерва во 20:30 часот во предворјето на црквата Св.Софија, со премиерата на театарската претстава „ДЕСПИНА ЌЕ ЈА ГРАБИМЕ…НИКОЈ ДА НЕ ЗНАЕ…“ во изведба на аматерската актерска група на младите волонтери на Црвен крст Охрид ќе биде отворен овогодинешниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Од 25-28 мај, охриѓани, но и гостите-туристи ќе имаат можност да уживаат во актерските вештини на преку 50 младинци актери-аматери од организациите на Црвениот крст од Охрид, Крагуевац, Битола и Требиње, кои заедно со режисерите, текстописците сценографите својата креативност и талент ќе ги изразат преку театарски…
повеќе...„Вдиши театар“ по втор пат во Охрид
Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, го најавува одржувањето на вториот по ред Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“. Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на младите во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги…
повеќе...Одржан хуманитарен натпревар „Компас“ под мотото „Истражи го Охрид“
Во организација на Црвен крст Охрид и Извидничкиот одред „Пионер“ денес се одржа хуманитарен натпревар „КОМПАС” под мотото „Истражи го Охрид“. На натпреварот учествуваа преку 100 ученици од основните училишта во Охрид, организирани во 20 екипи. Тие се натпреваруваа во брзина и снаодливост да се поминат на пронаоѓање на 18 пунктови, поставени на значајни места-знаменитости или институции низ Охрид, каде од волонтерите на Црвен крст Охрид и Извидничкиот одред „Пионер“ добиваа нова загатка и едукативни информации за знаменитоста или институцијата. „Најбрза и најснаодлива беше екипата 5 Исток од ОУ „Братство-Единство“ која…
повеќе...Утре ќе се реализира хуманитарен натпревар за ориентација во урбана средина „Компас“
Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која има за цел, преку изработка на мали проекти од страна на младинците на Црвен крст Охрид, да се прибираат средства за помош на различни целни групи на ранливо население, тимот на млади на Црвен крст Охрид во соработка со Извидничкиот одред Пионер од Охрид, под мотото „Истражи го Охрид“ ќе реализираат хуманитарен натпревар за ориентација во урбана средина, со назив „КОМПАС“. Учесници на овој натпревар се ученици од сите основни училишта во Охрид, кои организирани…
повеќе...Второ место за ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Општинскиот натпревар по прва помош
Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ го освоија второто место на 44-от Општинки натпревар по прва медицинска помош во организација на Црвен Крст Охрид. Екипите на натпреварот ги покажуваа своите способности, вештини и знаење на повеќе места, на пунктови распределени од градскиот плоштад, по кејот Македонија до Холандскиот парк. Натпреварите ги следеа 15 лиценцирани судии по прва помош.
повеќе...Утре ќе се одржи 44-от општински натпревар по прва помош „Знам да спасам живот“
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид утре (сабота) со почеток во 10 часот, под мотото „ЗНАМ ДА СПАСАМ ЖИВОТ”, ќе го организира традиционалниот, 44-ти по ред, Општински натпревар по прва помош. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе од 300 ученици-натпреварувачи…
повеќе...