Ќе се одбележи светскиот ден за борба против хепатитис

Во рамките на своите активности од здравствено-превентивната област, а со цел подигање на нивото на свеста кај населението за хепатитис, како подмолна и опасна болест, во организација на Асоцијацијата ХЕПТА, Здружението Опција Охрид и Црвен крст Охрид под мотото „Think Again“. Ова е Хепатитис – Размисли уште еднаш, со низа активности, ќе биде одбележан 28 јули – Светскиот ден за борба против Хепатитис (Б и Ц). Централниот настан ќе се одвива на плоштадот Крушевска република-чинар, каде ќе биде поставен штанд на кој активистите на Хепта, Опција и Црвен крст Охрид,…

повеќе...

Исчистена пешачката патека и просторот околу диското Парк

Во заедничка акција на волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и нивни врсници – извидници од Париз, Франција, утрово беше чистена пешачката патека и просторот околу диското Парк. Овој дел, кој охриѓани и туристите го користат за пешачење, веќе подолго време наликува на мини депонија. Во акцијата беа собрани преку 20 вреќи со најразличен отпад. Акцијата ја помогна ЈП „Охридски Комуналец“ кој обезбеди вреќи за отпадот и го подигна собраниот смет.

повеќе...

Црвен крст Охрид започнува со имплементација на нов пристап во третманот и работа со лица зависни од алкохол

Во рамки на своите превентивни програми Црвен крст Охрид започнува со имплементација на нов пристап во третманот и работата со лицата кои се зависни од конзумирање алкохол. Во соодветна просторија во Црвен крст Охрид, секој петок од 19-20 ч. група за поддршка ќе работи со лицата кои имаат проблем со прекумерното конзумирање алкохол, на прифаќање и примена на 12 чекори, кои водат до опоравок. Со тоа Охрид добива едно сигурно место, каде сите оние наши сограѓани кои препознаваат кај себе проблеми со конзумирањето на алкохол, ќе имаат единствена можност, без…

повеќе...

Исчистени дел од некомерцијалните плажи на Охридското крајбрежје

Преку 30 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, како и вработени во ЈП „Охридски Комуналец“ и претставник на Лионс клубот „Gathenhielm“ од Гетеборг, Шведска од раните утрински часови ги чистеа некомерцијалните плажи на Охридското крајбрежје. Почнувајќи од просторот кај Велгошка Река, на потегот од Грашница до населбата Даљан и во делот на трските кај Холандскиот парк, за само 2 часа беа собрани преку 30 вреќи со најразличен отпад, во кој преовладуваше пластичниот – шишиња и најразлична амбалажа, гума и сл. Акции од ваков тип во соработка со ЈП…

повеќе...

Еднодневна акција за собирање и селектирање на отпад и чистење на плажите

Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона  ја создава сметот-отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, ги поттикна волонтерите на Црвен крст Охрид, во соработка со ЈП Охридски Комуналец Охрид и со поддршка од Лајонс клубот Gathenhielm од Гетеборг, да организираат еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите. Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се чистат и плажите кои…

повеќе...

Свечено осветено спомен-обележјето за Водици

Денес на Градското пристаниште со верска церемонија пред голем број граѓани официјално беше откриено спомен обележјето „Фаќач на крст“ посветено на верскиот празник Богојавление – Водици. На свечената манифестација присуствуваше градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Ова спомен обележје, на самиот брег од нашето езеро непосредно до местото каде илјадници граѓани секоја година чекаат да видат кој ќе го извади крстот од езерото е симболизација на верата православна и богољубието, но и на душата охридска која ја сочувала оваа вековна традиција на фрлање на крстот за Водици низ вековите, од кои поголемиот дел…

повеќе...

Реализирана показната вежба за укажување на прва помош и извлекување повредени од возило

По вчерашната јавна показна вежба на Градскиот плоштад и Пристаништето во Охрид, на која припадниците на територијалната противпожарна бригада од Охрид и тимовите за укажување на прва помош при Црвен крст Охрид во соработка со инструкторите на Операција Флоријан ги покажаа своите знаења и техники за извлекување на повредени од возило во сообраќајна незгода и укажување на прва помош. Црвен крст Охрид ви најавува и ве поканува на уште една показна вежба на која ќе учествуваат институциите надлежни да дејствуваат при несреќи на вода, а која ќе се случува на…

повеќе...

Во тек се активностите на Црвен крст и Флоријан за спроведување обуки за спасување на вода и укажување прва помош

Во тек се заеднички активноси на Црвен крст Охрид и Операција Флориан, Манчестер, Англија кои се насочени кон спроведување на обуки за спасување на вода и укажување на прва помош, по највисоките светски стандарди. Обуките, под водство на инструкторите за безбедност на вода и прва помош од Операција Флориан и Црвен крст Охрид ги посетуваат припадниците на граничната-езерската полиција, припадниците на територијалната противпожарна бригада од Охрид и членови на единиците за безбедност на вода и планина при Црвен крст Охрид. Стекнатите знаења и вештини и подготвеноста за делување во несреќи…

повеќе...

Подарок од српските граѓани за хуманоста на охриѓани

Во знак на благодарност за помошта  што  Охрид и охриѓани, преку  хуманата акција“ Охрид од срце за Србија и Босна“ ја дадоа за настраданите  во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина ,  српските граѓани преку Црвен крст од Крагуевац,  денес  на градоначалникот Никола Бакрачески му  подарија  уметничка слика од академскиот сликар Никола Богдановиќ.   Градоначалникот се заблагодари на драгиот подарок при што истакна дека истиот им  припаѓа на сите хумани охриѓани.  „Ова е драг подарок кој им  припаѓа на сите совесни граѓани на Охрид , на институциите, на јавните…

повеќе...

Пехарот за хуманост заслужено во рацете на охридскиот Црвен крст

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во големата сала во  општина Охрид  присуствуваше на свечениот чин на  доделување на највисокото признание –  пехар,  што за “Промоција на хуманите вредности“ на државно ниво ја доби Црвен Крст од Охрид. „Добивањето на ова највисоко признание за „Промоција на хуманите вредности“, покрај  тимот на Црвен крст, треба да не мотивира и нас и целокупната локална заедница да се приклучиме кон акциите за помош на ранливите групи граѓани.Само преку такви активности се промовира хуманоста, се гради взаемно разбирање и почитување, толеранција и култура на дијалог, како…

повеќе...