Традицијата продолжува! И оваа година, во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст Охрид во соработка со Одделението за трансфузиона медицина од Охрид, а со поддршка и помош на Спортската обложувалница Спорт Лајф, ќе организира голема крводарителска акција, проследена со хепенинг и презентација на активностите на Црвен крст Охрид од страна на младите активисти. Забавниот дел ќе го предводи пејачката Елена Ристеска, а со свој настап ќе и се придружат и познати охридски пејачи. За најсреќните десет крводарители кои ќе бидат извлечени во наградна…
повеќе...Tag: крст
Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина
На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод и под мотото „150 години хуманитарна акција“ Црвен крст Охрид организира повеќе активности: денес ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид, можност сите заинтересирани преку промотивни материјали и презентации од страна на волонтерите да се запознаат…
повеќе...Во недела еднодневно искачување на „Магаро“
Црвен крст Охрид, во недела, 15 мај организира еднодневно искачување на највисокиот планински врв на планината Галичица, „Магаро“ (2280 мнв). На оваа планинска тура можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и вода, мин. 1,5 л., капа, очила и друга заштита од сонце). Групата ќе ја придружуваат и водат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.…
повеќе...Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст и УИНТ „Св. Апостол Павле“
Денеска во просториите на Црвениот крст Охрид, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу хуманитарната организација Црвен крст Охрид и образовната институција Универзитетот “Св. Апостол Павле” Охрид. Меморандумот го потпиштаа ректорот на универзитетот Нинослав Марина и претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков. „Интернационалната соработка на Црвениот крст со УИНТ, беше навистина плодна и еве денска резултира со потпишување на еден формален меморандум за соработка на овие две институции. Се надевам дека не само што ќе продолжиме со оние активности и прогнози кои заеднички ги реализираме, туку и ќе ги…
повеќе...Црвен крст ја одбележува Неделата на солидарност „Вашиот прилог – Значајна помош“
Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, Црвен Крст Охрид традиционално организира кампања по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22 – 30 април, под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“. Целта на оваа хуманитарна акција е подигање на нивото на свеста кај населението во Охрид и Дебрца за потребната помош и поддршка на социјално ранливото население. „Нашите сограѓани можат во текот на целата недела кога ја одбележуваме солидарноста од 22 до 30 април да дојдат и да донираат во Црвен Крст Охрид од 8 до 15 часот. Можат да донираат храна,…
повеќе...