Изложба на цртежи од децата од Бреинобреин програмата

Во рамки на Бреинобреин програмата која во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид ја следат деца од 4-14 годишна возраст, покрај примена на Абакус Ментално Аритметичкиот Концепт (АМАК) и техниките на Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) децата имаат можност за изразување и развивање на своите креативни уметнички способности и вештини. За таа цел, а во рамки на националниот Бреинобреин Арт Хепенинг, децата од БОБ-Црвен крст Охрид центарот цртаа на слободна тема и во слободна техника, a нивните цртежи заедно со цртежите на децата од сите 17 Бреинобреин центри…

повеќе...

Охриѓани учествуваа во одбележување на Светскиот ден за борба против мозочен удар

Голем број охриѓани учествуваа во одбележување на Светскиот ден за борба против мозочен удар, кое во организација на Црвен крст Охрид и здружението Мозочен удар Охрид под мотото „МОЗОЧНИОТ УДАР МОЖЕ ДА СЕ ЛЕЧИ“ се одржа денес на градскиот плоштад во Охрид. Повозрасните ја искористија можноста да го преконтролираат своето здравје преку контрола на нивото на шеќер во крвта, мерење на крвен притисок и ЕКГ и воедно добијат едукативен материјал и информации од присутните медицинските стручни лица за ризик факторите и препознавање на мозочниот удар, начините на превенција и заштита,…

повеќе...

Отворен ден за прашања поврзани со мозочниот удар

Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната дејност, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“ од Охрид, насочени кон одбележување на Светскиот ден за борба против мозочен удар и спроведување на кампањата МОЗОЧНИОТ УДАР Е ИЗЛЕЧИВ, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат јавен настан – Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар, каде преку советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита…

повеќе...

Сензорна соба за децата со посебни потреби во ОУ „Св.Климент Охридски“

Црвен крст Охрид со поддршка на Американскиот мировен корпус во Македонија и во соработка со ОУ „Св.Климент Охридски “-Охрид за потребите на децата со посебни образовни потреби кои ја следат наставата во ова училиште, опреми посебна сензорна соба. Специфичната опрема и реквизити кои се инсталирани во сензорната соба, стручниот тим на дефектолози од училиштето и волонтери на Црвен крст Охрид кој ќе работи со овие деца во сензорната соба, во многу ќе придонесат за поефикасно следење на наставата и олеснување на потешкотиите во психофизичкиот равој кај овие деца. Отворање на…

повеќе...

Доделени пакети со основни животни намирници на социјално ранливи семејства

Во рамки на „Неделата за борба против гладта“, денес, општина Охрид во соработка со општинската организација на Црвен Крст, на социјално ранливите семејства им доделија пакети со основни животни намирници. Во име на општина Охрид, пакетите ги доделуваше заменик градоначалникот, Ангел Јанев, кој истакна: „Оваа недела е посебно важна бидејќи преку помошта на граѓаните од социјално ранливите групи се подигнува и јавната свест за грижа кон нив. Таа свест е постојано присутна во Охрид и благодарение на таа свест голем број на наши сограѓани кои се од социјално поранливите категории…

повеќе...

Градоначалникот и најблиските соработници донираа производи за помош на ранливите категории на граѓани

Со купување на прехранбени производи за ранливите катогории на граѓани, градоначалникот Никола Бакрачески и неговите најблиски соработници, се вклучија во одбележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на храната и неделата на борба против гладта. Бакрачески во оваа пригода ги истакна програмите кои Општина Охрид и Советот ги реализираат во социјалната сфера, а посебно за оваа кампања истакна: „Општина Охрид заедно со општинската организација на Црвениот Крст, по четврти пат се вклучи во кампањата, со цел да се подигне свесноста за солидаризирање и помагање на ранливите категории на граѓани. Ги повикувам…

повеќе...

Црвен крст Охрид започнува со нова едукативна програма за учениците до петто одделение

Во рамки на своите едукативни програми и активности Црвен крст Охрид започнува со нова програма за помагање за пишување на домашните задачи на учениците од прво до петто одделение по сите предмети. Со оглед на големиот интерес за продолжен престој на децата од одделенска настава како и поради зафатеноста на родителите и се почестата потреба од дополнителна работа со учениците, оваа едукативна програма на Црвен крст Охрид има за цел да ги потврди и на креативен начин да ги подобри и развива знаењата и вештините на учениците стекнати во училиштето.…

повеќе...

Младите волонтери на Црвен крст Охрид на креативен начин ја пренесоа Приказната за една идеја

Вчера, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ младите волонтери на Црвен крст Охрид на оригинален и креативен начин ја пренесоа Приказната за една идеја. Идеја востановена од Анри Динан, која повеќе од 150 години претставува патоказ на милиони волонтери низ целиот свет и темел на најголемото хуманитарно движење, Црвениот крст. Бројната публика со силен аплауз ги поздравуваше актерските вештини на талентираните младинци на Црвен крст Охрид кои под водство на ПХВ инструкторите Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, за само 10 дена успеаја да ја подготват и успешно…

повеќе...

Охрид пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот и здравјето

Денес Охрид пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот и здравјето. Бројните посетители и учесници од сите возрасти, во хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, која денес во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, се реализираше на Градскиот плоштад во Охрид, уживаа во разновидните спортско-рекреативни, здравствено-едукативни и културно-забавни содржини. Главната трка го означи стартот на оваа акција на која младите го покажаа својот спортски дух натпреварувајќи се во фудбал, баскет, бадминтон, тенис, хокеј на трева,…

повеќе...

Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст)

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина…

повеќе...