Светски реномираната компанија „Лимак Холдинг“ ја доби организацијата на кошаркарскиот Куп на Македонија

Светски реномираната компанија со седиште во Турција, Лимак Холдинг ја доби организацијата на годинешниот Кошаркарски Куп на Македонија 2017. За организација на финалниот турнир од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција на денешната лицитација во просториите на МКФ, Лимак Холдинг како единствен учесник ги откупи правата за организација на натпреварите во националниот Куп, кој годинава ќе го носи името Лимак Куп на Македонија 2017. На лицитацијата во куќата на кошарката претседателот на МКФ Петар Наумоски официјално на генералниот директор Лимак Скопје, Мурат Јурдал му се заблагодари за тоа…

повеќе...

Ќе се врши наддавање за организатор на финалниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија

Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува заинтересираните правни и физички лица на јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп на Македонија, што ќе се одржи на 18.01.2017 година во 12 часот во просториите на МКФ. Почетната сума за организација на Купот изнесува 500 000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на жиро сметката на Здружението на Сениорски лиги. На Купот ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дела…

повеќе...

Извлечени полуфиналните двојки од Купот на Македонија

Денеска во комплексот „Куќа на фудбалот“ без извлечени двојките од полуфиналните натпревари во рамките на Купот на Македонија. Актуелниот лидер на првенствената табела, екипата на Вардар за противник го доби бранителот на Куп трофејот, тимот на Шкендија. На вториот натпревар силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и Пелистер. Првите средби ќе се одиграат на 1 март (среда) со почеток од 14:00 часот, додека реваншите се закажани за 19 април (среда) во истиот термин. Распоредот на средбите од полуфиналето на Купот на Македонија: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР

повеќе...

Шкендија, Вардар, Пелистер и Брегалница обезбедија полуфинале во Купот на Македонија

Бранителот на Куп трофејот Шкендија, актуелниот првак Вардар, Пелистер и Брегалница се полуфиналисти во националниот Куп, откако победија во реванш-натпреварите. Шкендија го победи Шкупи со 4:0, репрезентативецот Бесарт Ибраими попостигна хет-трик, стрелец беше и Жуниор за убедлива победа. Првиот натпревар меѓу двата тима заврши без голови. Вардар рутински одработи и со нова победа од 4:1 против Металург лесно се пласира во полуфиналето со вкупен резултат од 8:2. Единствениот второлигаш во четвртфиналето Металург немаше сили да му се спротивстави на шампионот, кој победи со головите на Николов и хет-трикот на Балотели.…

повеќе...

Одиграна првата четвртфинална рунда од Купот на Македонија

Денес се одиграа првите средби од четвртфиналето од Купот на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Металург  1:4  Вардар Пелистер  1:0  Силекс Победа  2:2  Брегалница Шкупи  0:0  Шкендија Реванш средбите ќе се играат за две недели, односно на 7 декември. WebOhrid  

повеќе...

Извлечени двојките за 1/4 финалните натпревари од Купот на Македонија

Пелистер – Силекс, Металург – Вардар, Шкупи 1927 – Шкендија и Победа – Брегалница се двојките за четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија. На денешното извлекување во „Куќа на фудбалот“ актуелниот бранител на насловот од натпреварувањето, тимот на Шкендија за противник го доби скопскиот ривал Шкупи. Првиот натпревар ќе се одигра на 23 ноември 2016 година, реваншот е закажан за 7 декември. На 23 ноември во 13:30 часот ќе се одиграат и првите натпревари од пресметките Пелистер – Силекс, Металург – Вардар и Победа – Брегалница. Возвратните натпревари се играат…

повеќе...

Извлечени паровите за натпреварувачката 2016/17 за Прва, Втора МФЛ и за Купот на Македонија

Во пресрет на натпреварувачката 2016/17 сезона во прес центарот на куќата на фудбалот беше одржано извлекувањето на паровите за Прва МФЛ, Втора МФЛ и Купот на Македонија. Првото коло на Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2016/17 ќе биде одиграно на 07. август. Комплетниот распоред на натпреварите во Првата Македонска Фудбалска Лига можете да го погледнете во продолжение: Распоред Прва Лига 2016-2017.pdf Првото коло во Втора МФЛ ќе се одигра на 13 август. Екипата на Младост од Царев Двор не ги исполни условите за лиценцирање во Втора МФЛ. Комсијата за лиценцирање ќе…

повеќе...

Шкендија го освои Купот на Македонија

Екипата на тетовска Шкендија успеа да го освои првиот трофеј од националниот куп против Работнички во својот трет обид. Во еден крајно динамичен, возбудлив и натпревар до самиот крај, фудбалерите на Шкендија славеа победа со 2:0. На националната арена „Филип Втори” и двете екипи одиграа еден израмнет натпревар, со доста отворена игра, мн борба и шанси пред двата гола. Избраниците на селекторот Бруно Акраповиќ беа многу посигурни во завршница, искористија дел од своите можности и сосема заслужено се радуваа на освоениот трофеј од купот на Македонија. Натпреварот започна со отворени…

повеќе...

Вардар освојувач на ракометниот Куп на Македонија и во машка и во женска конкуренција

Со победите против ривалот Металург во финалните натпревари во Купот на Македонија, Вардар се закити со престижниот трофеј и во машка и во женска конкуренција. На машкото финале што се играше во „Билјанини Извори“ во Охрид, Металург играше добро прво полувреме во чиј најголем дел одржуваше резултатска неизвесност, сепак Вардар предводен од одличниот Арпад Штербик на голот, заедно со расположените Дибиров и Тоскиќ, успеа да го заврши полувремето со 4 гола предност (16-12). Веќе на стартот на второто полувреме разликата се искачи на 7 голови, па и покрај обидите на…

повеќе...

Металург и Вардар ќе играат ракометно Куп-финале и во машка и во женска конкуренција

Денешните полуфинални средби во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција, ги одведоа Металург и Вардар во битка за двата трофеи. Металург славеше против Вардар Јуниор на полуфиналните средби и во машка и во женска конкуренција, а Вардар во машкото полуфинале во Охрид го победи домаќинот, додека во женското во Скопје беше убедлив против Куманово. Металург ја оправда фаворитската улога и го совлада Вардар Јуниор во првото машко полуфинале, но избраниците на Пепи Манасков одиграа добар натпревар и во најголемиот дел одржуваа активен резултат. Првото полувреме донесе изедначена игра…

повеќе...