Викендов повторно голем спортски настан во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, посетители, гости, сите љубители на ракометот и спортот дека на 13.05. (петок) и 14.05. (сабота) започнува долго очекуваниот Куп на Македонија во ракомет, Охрид 2016. Натпреварите од Купот ќе се одиграат во вечерните часови со почеток од 17:30 и тоа петок (13.05.) Металург – Вардар Јуниор и 20:00 Охрид 2013 – Вардар и сабота (14.05.) во 17:30 големото финале, кој ќе го одлучи шампионот на купот на Македонија во ракомет, за 2016 година. Натпреварите ќе се одржат во Спортската Арена Билјанини…

повеќе...

Охрид ќе биде домаќин на машкиот ракометен Куп на Македонија 2016

Откако неделава беа извлечени полуфиналните двојки од Завршните турнири во Купот на Македонија 2016 во машка и женска конкуренција, денеска Ракометната Федерација на Македонија ги одреди локациите каде ќе се одиграат натпреварите. Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“, додека пак домаќин на Завршниот турнир во женска конкренција ќе биде Скопје и салата „Автокоманда“. Фајнл Фор – Куп на Македонија, мажи Распоред на натпревари, сала „Билјанини Извори“ – Охрид: Полуфинале (13 мај, петок, 17:30) Металург – Вардар Јуниор Полуфинале (13 мај, петок, 20:00)…

повеќе...

Викендов ќе се одиграат натпреварите од четвртфиналните групи од ракометниот Куп на Македонија

Викендов ќе се одиграат четирите четвртфинални групи во машкиот ракометен Куп на Македонија 2016. Три од четирите турнири ќе се играат во Скопје, во салите „Јане Сандански“, „Автокоманда“ и СРЦ „Кале“, а четвртиот турнир ќе се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид. Според пропозициите за Куп-натпреварувањето, четирите победници на групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето. Полуфиналните двојки дополнително ќе бидат одредени по пат на извлекување. I Група – Скопје ПЕЛИСТЕР – МЛАДОСТ 09 Скопје, 24.04.2016 год.(недела) – 11:00 часот – Сала: СРЦ Кале ВАРДАР ЈУНИОР – МАКС СТРУМИЦА Скопје,…

повеќе...

Одредени полуфиналните двојки од фудбалскиот Куп на Македонија

Минатогодишниот освојувач на Купот на Македонија, Работнички за противник во полуфиналето од најмасовното фудбалско натпреварување ја доби екипата на Брегалница. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Хоризонт Турново и Шкендија. Брегалница – Работнички Хоризонт Турново – Шкендија Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 2 март 2016 со почеток од 14:00 часот, а реваншите се закажани за 13 април 2016 од 16:00 часот.

повеќе...

Одиграни четвртфиналните реванш натпревари од Купот на Македонија

Денес се одиграа реванш натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Брегалница  4:1  Младост Царев Двор Силекс  1:2  Работнички Турново  0:1  Македонија ЃП Вардар  1:2  Шкендија Во полуфиналето од Купот на Македонија одат Брегалница, Работнички, Турново и Шкендија. WebOhrid

повеќе...

Одиграни првите четвртфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија

Со денешниот натпревар помеѓу Шкендија и Вардар се комплетираа првите натпревари од четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Макдонија. Останатите дуели се одиграа вчера, а постигнати беа следните резултати: Шкендија  3:0  Вардар Македонија ЃП  2:4  Турново Младост Царев Двор  1:1  Брегалница Работнички  3:0  Силекс Повратните дуели се играат во среда (2 декември) со почеток во 13:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Одиграни првите дуели од осминафиналето од Купот на Македонија

Денес се одиграа првите дуели од осминафиналето од Купот на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Брегалница 2:0 Шкупи Гостивар 0:4 Работнички Македонија ЃП 3:2 Љубанци Ренова 1:2 Силекс Шкендија 2:0 Металург Турново 3:1 Скопје Влазерими 2:4 Царев Двор Вардар 4:1 Пелистер Повратните дуели ќе се играат за седум дена, на 7 октомври. WebOhrid

повеќе...

МЗТ Скопје го освои Хуавеј Супер Купот со убедлива победа над вечниот ривал Работнички

Актуелниот шампион МЗТ Скопје е освојувач на првиот трофеј во новата сезона од Мак Баскетот, пехарот во Хуавеј Супер Купот. Металците во финалето славеа победа над вечниот ривал Работнички со 81-62 и сосема заслужено го освоија престижниот трофеј од Хуавеј Супер купот. Подмладениот тим на Работнички само едно полувреме беше рамноправен ривал на актуелниот шампион. Квалитетот и долгата клупа на МЗТ Скопје дојде до израз во второто полувреме кога избраниците на Алеш Пипан го скршија отпорот на дотогаш рамноправниот противник. Капитенот на МЗТ Скопје, Марко Симоновски со неколку поени во…

повеќе...

Вардар го освои Суперкупот на Македонија

Тимот на Вардар е освојувач на Суперкупот на Македонија. Актуелниот првак го победи Работнички на пенали со 4:3 откако натпреварот по 120 минути заврши 1:1. Голманот на Вардар, Филип Гачевски ги одбрани пеналите на Алтипармаковски и Ристевски за победа на актуелниот првак во Суперкуп натпреварот против Работнички. Вардар поведе со 1-0 во единаесеттатаминута по одлична акција на Петковски по десната страна, младинскиот репрезентативец ја сврте топката кон Блажевски, одбраната на Работнички кусо ја одби топката до Филип Ивановски, кој со прецизен удар погоди во мрежата на Шишковски. Работнички се закани преку…

повеќе...

Започнаа подготовките за УЕФА Супер Купот – Скопје 2017

Висока делегација на УЕФА дојде на првата официјална посета на ФФМ поврзана со организацијата на УЕФА Супер Купот во Скопје, натпревар кој ќе се одигра помеѓу победникот на Лигата на Шампионите и Европа Лигата во 2017 година. Делегацијата пристигна во Скопје на 08. септември со цел да го проследи натпреварот Македонија – Шпанија, натпревар од прва категорија во рамки на квалификациите за европското првенство во Франција, 2016 година. Целта беше да се види како во моментов изгледа организацијата на еден натпревар од висок интерес, а потоа да се направат првичните…

повеќе...