Во среда ќе се подигнува кабаст отпад во Косел, Вапила и Ливоишта

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Косел, с. Вапилаи с. Ливоишта. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Подигнато спомен-обележје во Ливоишта во чест на Благојче Крстаноски

Денес во селото Ливоишта беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски, професионален војник на АРМ, кој го загуби животот на 8 април 1999 година на караулата Блаце. Спомен обележјето со сесрдна помош на Општина Охрид го постави Организацијата на резервни офицери на Република Македонија. На денешната церемонија во името на Општина Охрид се обрати градоначалникот Никола Бакрачески: „Денешниот ден е исполнет со емоции кои ја отсликуваат тагата по прерано загинатиот Благојче Крстаноски, но и емоции исполнети со гордост што Благојче го имавме меѓу нас, кој на олтарот…

повеќе...

Пуштен во употреба реконструираниот пат Вапила – Ливоишта

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска свечено го пушти во употреба целосно реконструираниот пат што ги поврзува охридските села Вапила и Ливоишта долг околу 2 километри. Реализацијата на проектот е од суштинско значење затоа што допринесува во подобрување на условите за живот на мештаните од една страна и обезбедува развој на селските средини кои во минатото биле заборавени или запоставени од локалните власти. „Ако пред две години дојдовме тука точно на ова место каде што не пресретна веселата детска насмевка кога го означувавме почетокот на школската година во реконструираното подрачно…

повеќе...

Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта петти ден се без струја – Утре ќе протестираат пред ЕВН

Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта веќе петти ден се без електрично напојување. Тие, поради револт кон ЕВН, утре во 12:00 часот организираат протест. „Ги повикуваме сите да го подржат протестот, да се изврши притисок кон неодговорното однесување на ЕВН.  Поаѓањето од Куратица е утре во 11:00 часот, оттаму тргнува Бале Турс и останатите возила, кој ќе доаѓа од Охрид да биде во 11:45 наспроти Охридска банка (поранешен први мај).“– велат од Месната заедница од Куратица.

повеќе...

Се санира патот Вапила – Ливоишта

По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со жителите од селата Вапила и Ливоишта на која им беше ветено дека ќе се санира патот од селото Косел до селото Вапила  и од Вапила до Ливоишта, денес се отпочна со негова санација и пополнување на ударните дупки. Секретарот Спасески на лице место утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за санација овај пат. Ова е само привремено решение додека Локалната самоуправа не отпочне со целосна негова реконструкција. Инаку патот од селото Вапила до селото Сирула кој од пред дваесетина…

повеќе...