Воведена привремена забрана за лов на диви птици

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч – диви птици. Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца – птичји грип. Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување. Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.

повеќе...

Дванаесет ловишта ќе се даваат под концесија

Со цел обезбедување на одгледување, заштита и користење на дивечот во ловните региони, но и заради давање сериозни можности за остварување на бизнис за стопанските субјекти и нивно функционирање во профитабилна дејност, и за обезбедување на нови работни места и вработување на граѓаните, Владата преку Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен повик за доделување под концесија на дивечот во 12 ловишта кои се лоцирани во 5 ловни региони во Република Македонија. Од овие 12 ловишта, 3 се ловишта со ситен дивеч, чиј период на концесија изнесува 10 години,…

повеќе...

Во тек е јавниот повик за давање под концесија на 39 ловишта низ Македонија

Пред 12 дена е објавен повикот за давање под концесија на 39 ловиштата во ловните региони Македонски Брод, Берово, Прилеп, Тетово, Велес, Свети Николе, Радовиш, Штип, Битола, Делчево и Кочани и истиот ќе трае се до 17 март. Од нив 26 се ловишта за ситен дивеч, додека 13 за крупен дивеч. Јавниот повик е отворен за сите стопански објекти, а концесионерите ќе се одберат по пат на електронска аукција. Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија на дивечот во ловиштата на 27…

повеќе...

Ловџија од Октиси со повреда во пределот на окото префрлен во Болница Охрид

На 28.12.2013 година околу 07:40 часот во атарот на с.Октиси, струшко Ј.А.(42) од с.Октиси, додека со својот пријател биле на лов на дивеч, при испукување од неговата ловна пушка, сачмата се одбила од камен и го повредила во пределот на окото. Истиот е пренесен во Медицински Центар Струга од каде поради сериозноста на повредата е префрлен во Болница Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Електронско давање под концесија на ловиштата, поголема транспареност и отвореност

 Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на прес-конференција истакна дека Владата на Република Македонија го усвои Предлог законот за измена и дополнување на Законот за ловство.  Суштината на предвидените законски новини се состои од обврската во идниот период во сите постапки за концесија на ловиштата задолжително да се применува електронската аукција. На овој начин се обезбедува полна транспарентност на процесот, соодветна отвореност на постапката во насока да се обезбедат што поголем број на субјекти кои би конкурирале за концесионирање на ловиштата, се спречува било каква можност за субјективизам, влијание…

повеќе...