МОК ќе биде организатор на 38-та сесија на Европските олимписки комитети

Македонскиот олимписки комитет ја доби честа и довербата да биде организатор на 38-та сесија на Европските олимписки комитети (ЕОК) во 2017 година. Ова беше одлучено на 37-та сесија на ЕОК, која се одржа во Тарагона, Шпанија, на која учествуваа Генералниот секретар на МОК, д-р Сашо Поповски и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски. На оваа сесија учествуваат преку 200 претставници од Европските олимписки комитети, од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Асоцијацијата на Националните олимписки комитети, од Светската анти-допинг агенција (WADA), Судот за спортска арбитража (CAS), претседатели на Меѓународните и Европскитe…

повеќе...

Турската компанија „D`S Damat“ нов партнер на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија и реномираната турска компанија D`S Damat денеска потпишаа договор за меѓусебна соработка. На претставувањето присуствуваа претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски и претставници на D`S Damat од Турција предводени од сопственикот на „Орка холдинг“, Сулејман Оракчоглу. Обраќајќи се на присутните, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски истакна задоволство од потпишаниот договор и соработката со D`S Damat. „Во деловниот свет во земјата и пошироко значењето на фудбалот е огромно. Кога разговарате со одредени деловни партнери на крајот секогаш фудбалот е темата која поврзува…

повеќе...

Селекторот Ангеловски го објави списокот на играчи за натпреварите против Азербејџан и Иран

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на престојните контролни натпревари против Азербејџан во австриски Швадорф на 29. мај и против Иран на националната арена „Филип Втори“ во Скопје на 2. јуни. Голмани: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Игор Алексовски (Македонија ЃП). Одбрана: Леонард Жута (Ријека, Хрватска), Кире Ристески (Вашаш, Унгарија), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Ванче Шиков (Австрија В., Австрија), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлероа, Белгија), Егзон Бејтулаи (Шкендија). Среден ред: Дејан Пешевски (Подбрезова, Словачка), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Бобан…

повеќе...

Лино Червар е новиот селектор на машката ракометна репрезентација

Комисијата назначена од Управниот Одбор на РФМ за избор на селектор констатираше пет пристигнати пријави за селектор на Машката сениорска репрезентација и тоа: Владимир Глигоров, Александар Брковиќ, Лино Червар, Robert Hedin и Jordi Lluelles Mlserol. По разгледувањето на пријавите, членовите на Комисијата едногласно го предложија Лино Червар за нов селектор на Машката сениорска репрезентација, до членовите на Управниот одбор на РФМ, а предлогот беше прифатен од УО на РФМ. Исто така, Управниот Одбор на РФМ, го прифати предлогот на РК Вардар од Скопје, Пепи Манасков да биде назначен за ВД Селектор на Кадетската репрезентација на…

повеќе...

Шкендија го освои Купот на Македонија

Екипата на тетовска Шкендија успеа да го освои првиот трофеј од националниот куп против Работнички во својот трет обид. Во еден крајно динамичен, возбудлив и натпревар до самиот крај, фудбалерите на Шкендија славеа победа со 2:0. На националната арена „Филип Втори” и двете екипи одиграа еден израмнет натпревар, со доста отворена игра, мн борба и шанси пред двата гола. Избраниците на селекторот Бруно Акраповиќ беа многу посигурни во завршница, искористија дел од своите можности и сосема заслужено се радуваа на освоениот трофеј од купот на Македонија. Натпреварот започна со отворени…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со параолимписките медалисти

Денеска во просториите на АМС беа дел од параолимпискиот тим на Македонија, кој ќе ја претставува нашата земја во РИО, но и тим кој од Светскиот куп во Хановер се врати со одлични резултати. Имено, златната олимпијка од Лондон 2012, Оливера Наковска Бикова се закити со средбрениот медал, додека пак бронзата беше највисокото одличје во екипна конкуренција на нашиот тим. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидизирани лица, а нашите спортисти ни возвраќаат со одлични настапи и медали од големите…

повеќе...

Вардар освојувач на ракометниот Куп на Македонија и во машка и во женска конкуренција

Со победите против ривалот Металург во финалните натпревари во Купот на Македонија, Вардар се закити со престижниот трофеј и во машка и во женска конкуренција. На машкото финале што се играше во „Билјанини Извори“ во Охрид, Металург играше добро прво полувреме во чиј најголем дел одржуваше резултатска неизвесност, сепак Вардар предводен од одличниот Арпад Штербик на голот, заедно со расположените Дибиров и Тоскиќ, успеа да го заврши полувремето со 4 гола предност (16-12). Веќе на стартот на второто полувреме разликата се искачи на 7 голови, па и покрај обидите на…

повеќе...

Хет-трик на Несторовски – најдобриот стрелец во хрватската лига оваа сезона

Илија Несторовски постигна хет-трик за Интер Запрешиќ во победата од 4:2 против тимот на Осиек. Најпрво, тој го отвори резултатот од пенал во 40 минута, во 51 минута ја зголеми предноста за својот клуб на 2:0, а во 85 минута повторно од пенал му донесе предност од 3:2 на Интер Запрешиќ. На крајот, неговиот клуб успеа да го зголеми резултатот на 4:2. Илија Несторовски е најдобар стрелец оваа сезона во Хрватската Прва Лига со вкупно 25 голови, пред уште еден наш интернационалец – Музафер Ејупи кој е втор на листата на…

повеќе...

Металург и Вардар ќе играат ракометно Куп-финале и во машка и во женска конкуренција

Денешните полуфинални средби во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција, ги одведоа Металург и Вардар во битка за двата трофеи. Металург славеше против Вардар Јуниор на полуфиналните средби и во машка и во женска конкуренција, а Вардар во машкото полуфинале во Охрид го победи домаќинот, додека во женското во Скопје беше убедлив против Куманово. Металург ја оправда фаворитската улога и го совлада Вардар Јуниор во првото машко полуфинале, но избраниците на Пепи Манасков одиграа добар натпревар и во најголемиот дел одржуваа активен резултат. Првото полувреме донесе изедначена игра…

повеќе...

Нина Балабан – прв потврден учесник на ОИ Рио 2016

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (Трипартитна комисија), обезбеди покана за учество на Нина Балабан на ОИ РИО 2016, со што Нина е првиот потврден учесник од Република Македонија на олимписките игри Рио 2016. МОК во изминат период во целост ги финансираше сите настапи на Нина Балабан како олимписки стипендист, при што Нина оствари “MQS“ резултат односно постигна минимален резултат за добивање на покана од страна на ИОК за учество на ОИ Рио 2016.

повеќе...