Македонските кендо борци во добро издание на Европското првенство

Главниот град на Македонија, Скопје, во периодот од 31 март до 3 април беше домаќин на Европското првенство во Кендо. Добивањето на организација на ова Европско првенство не беше случајност, туку резултат на реализација на голем број проекти и активности од страна на Кендо федерацијата, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и сето тоа во насока на промовирање и развој на оваа боречка вештина. АМС од својот буџет одвои 600 илјади денари со што се овозможи добра организација на првенството. На овој мега настан учествуваа 37 земји…

повеќе...

Македонија 0:2 Бугарија

Македонската А репрезентација загуби со 0:2 против Бугарија на контролниот натпревар на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Нашиот најдобар национален состав беше подобар противник во првото полувреме. Македонија имаше контрола во поседот на топка, а неколку опасно се заканивме кон голот на противникот. Во првите 20-на минути Агим Ибраими и Ванче Шиков ги имаа најдобрите прилики за отворање на резултатот. Ударот на Ибраими малку недостасуваше да го изненади Митрев, а голманот на Бугарија интервенираше по обидот со глава на Шиков. Во 24. минута одлична прилика за гол имаше Шиков,…

повеќе...

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра 1:1 против Франција

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра блескава партија против Франција во Ле Ман за 1:1 во натпревар од шестиот круг од квалификациите за Европското првенство. Храброста, борбеноста, мотивираноста за победа го красеше тимот на Благоја Милевски и на овој натпревар. Нашиот селектор вели дека играчите потврдија дека можат да се носат со притисокот кој сам по себе се наметнува на ваков натпревар. „Момците одиграа херојски натпревар, силно се бореа, веруваа во себе и на крајот успеавме да одиграме за честа на Македонија. Рековме дека доаѓаме во Ле Ман да…

повеќе...

Конкурс за УЕФА Б Тренерска Диплома

Центарот за едукација на тренери при ФФМ објави упис на тренери кандидати за курсот за добивање на УЕФА Б Тренерска Диплома. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: – Најмалку 22 години старост, копија од пасош или лична карта – Најмалку средно образование, копија од диплома – Најмалку 4 години активно играње во било кој ранг, се докажува со потврда од фудбалски клуб во оригинал – Важечко лекарско уверение во оригинал – Македонско државјанство – Уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ…

повеќе...

Словенија 1:0 Македонија

Македонската А репрезентација загуби со 1:0 од Словенија во пријателскиот натпревар одигран на стадионот Бонифика, во Копер. Македонија прва се закани посериозно по голот на словенците преку нашиот најдобар фудбалер Пандев во 8. минута, по одличната акција помеѓу него и Трајковски. Репрезентацијата на Словенија во 18. минута пропушти одлична прилика за постигнување гол, Безјак не се снајде најдобро во завршницата. На полувреме се замина без голови, но со доста отворена игра и на двете репрезентации и неколку можности за постигнување погодок. Во продолжението, првиот обид го имаше нашата репрезентација преку…

повеќе...

Пандев: Среќен сум што повторно се ставам во функција на репрезентацијата

Македонската А репрезентација денеска во словенечки Порторож го имаше првиот собир спроти пријателскиот натпревар против Словенија на 23 март во Копер. Сите повикани фудбалери од списокот на селекторот Игор Ангеловски се ставија во функција на тимот. По две и пол годишна пауза во најдобрата репрезентација се врати Горан Пандев, најдобриот стрелец во историјата на националниот тим. Фудбалерот на Џенова вели дека најголем мотив за постигнување позитивни резултати е враќањето на позитивниот дух во репрезентацијата. „Чувствувам еден вид позитивна трема, а тоа значи дека овој репрезнтативен дух ми недостасувал. Среќен сум…

повеќе...

Комплетирано 23 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 23 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Ренова  3:0  Брегалница Шкендија  3:1  Шкупи Силекс  0:0  Работнички Турново 3:1  Младост Царев Двор Вардар  2:1  Металург По денешната победа Вардар останува на првото место со 58 бодови пред Шкендија на второто место со 53 бодови. WebOhrid

повеќе...

Одредени термините на ракометната репрезентација во квалификациите за Олимписките игри

Сениорската машка репрезентација на Македонија во периодот од 8 до 10 април 2016 ќе настапи на Квалификацискиот турнир за Олимписките игри. ИХФ денеска ги објави точните термини за почеток на натпреварите што ќе се играат во ЕРГО Арената во Гдањск, Полска. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ: 08.04.2016 (20:30) Полска – Македонија 09.04.2016 (18:00) Македонија – Тунис 10.04.2016 (18:00) Македонија – Чиле

повеќе...

Македонија домаќин на женскиот ракометен У17 ЕХФ Шампионат во 2017 година

Во периодот од 14 до 20 август 2017 година, еден од двата ЕХФ Шампионати за девојки до 17 години ќе се одигра во Скопје. Европската куќа на ракометот ја прифати кандидатурата на РФМ за организатор на ова натпреварување, кое претставува своевидна Б-Дивизија на Европското Првенство. Ракометната Федерација на Македонија ја испрати својата кандидатура до ЕХФ за организација настанот на 22 јануари годинава, а претходната успешна организација на големи настани од континентален карактер, имаше главно влијание при конечната одлука на Европската куќа на ракометот. Оваа одлука беше официјализирана на состанокот на…

повеќе...

Селекторот Ангеловски го објави списокот за натпреварите против Словенија и Бугарија

Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните два контролни натпревари со Словенија во Копер на 23 март и Бугарија на 29 март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. На списокот на Ангеловски се наоѓаат 18 играчи, но предводникот на нашиот национален тим може да го дополни за втората пресметка против Бугарија. „Горан Пандев ќе биде предводник на селекцијата и тоа е најдобрата вест за македонскиот фудбал. Повратници во тимот се Адис Јаховиќ, како и Мартин Богатинов и Јован Костовски. Имаме проблеми со…

повеќе...