Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски по синоќешниот пораз од Гибралтар истакнува дека одговорноста за резултатот на натпреварот против Гибралтар е негова, Милевски упатува извинување до целокупната спортска јавност за неочекуваниот пораз во квалификациите за ЕП во Италија. „Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти. Ќе повторам…
повеќе...Tag: млади
Македонија У21 поразена од Гибралтар
Македонската репрезентација под 21 година доживеа срамен пораз од Гибралтар У21. На натпреварот кој се играше во Португалија, Македонија У21 загуби минимално со 1:0 од аутсајдерот во нашата група, па наместо да оди накај првото место во групата, нашата млада репрезентација се најде на последното. Дали нашите го потценија противникот или пак станува збор за нешто друго? Сомнеж буди високиот коефициент кај светските обложувалници, кој непосредно пред натпреварот достигна дури 32 за победа на Гибралтар. WebOhrid
повеќе...Македонија У21 загуби од Србија
Репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Србија до 21 година со 0:2 на натпреварот од второто коло во квалификациите за пласман на ЕП 2019 година во Италија. За „црвено-жолтите“ ова е прв пораз во квалификациски дуел по повеќе од две години. Тие немаа загубено од септември 2015 година, кога беа поразени од Исланд. Во 22. минута Србија преку Саша Лукиќ стигна до водство од 0:1. На 0:2 зголеми фудбалерот на португалска Бенфика, Андрија Живковиќ со ефектен погодок во 37. минута од средбата. Најдобрата шанса во првиот дел Македонија…
повеќе...Агенцијата за млади и спорт оствари средба со националните спортски федерации
Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на спортските федерации, на која ги потенцираше насоките во кои ќе се одвива работата на Агенцијата во однос на спортот и размислувањата на новата влада околу промените на односот и финансирањата во спортот. Директорот на АМС Дарко Каевски на стартот зборуваше за ваучерите кои федерациите ќе можат да ги подигнуваат, врз основа на предходно приложените програми за работа и истите ќе ги доставаат до приватниот сектор кој истите ќе го искористат врз основа на даночното ослободување предвидено во поновите измени…
повеќе...Одржан годинешниот општински натпревар „Млади библиотекари“
Од НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид информираат дека на 29.09.2017 година во просториите на Библиотеката се одржа годинешниот општински натпревар „Млади библиотекари“. На натпреварот учествуваа 18 ученици од 6 основни училишта од Охрид и околината од кои најдобар успех покажа Елена Лангоска, ученик од VIII одделение од ОУ „Ванчо Николески“ од с.Лескоец под менторство на библиотекарот Ана Пупиноска Стојкоска. Победничката од натпреварот ќе учествува на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 03.11.2017 година.
повеќе...РФМ ја исплати премијата на Младинската репрезентација за успехот на СП во Алжир
Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата на Машката младинска репрезентација на Македонија, за пласманот на шестото место на Светското Првенство во Алжир 2017 година. По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на репрезентацијата и 1.000 евра премија на селекторот Иле Темелковски. Дополнително, РФМ ги реализираше и наменските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт за награда за Младинците во вредност од 1 милион денари. Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија, на Светското Првенство што се играше во Алжир…
повеќе...Прием на кик-боксерите во АМС по повод успехот на Европското и Балканското првенство
Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, по повод успешната организација на последното Европско првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Скопје и големиот успех на македонските кик-боскери, Директорот Дарко Каевски организираше прием за кик-бокс репрезентацијата предводена од Претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко и тренерот Драган Атанасовски. Каевски изјави дека Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреваруња,а воедно им честита и за остварениот успех на младите кик-боксери. „Ми претставува чест што…
повеќе...Милевски ги соопшти избраните фудбалери за Србија и Гибралтар
Селекторот на Македонија до 21 година го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (6. октомври, тренинг центар „Петар Милошевски) и Гибралтар (10. октомври, Фару) за пласман на ЕП 2019 во Италија. На списокот на Милевски се наоѓаат 22 фудбалери. Елиф Елмаз (Фенербахче) и Никола Ѓорѓев (Твенте) ќе бидат дел од селекцијата до 21 година само за натпреварот против Србија во Скопје. Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонијадо 21 година по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (6 октомври, тренинг центар…
повеќе...Обука за претставници од единиците на локална самоуправа и локални младински совети
Обуката се организира од страна на Советот на Европа и Агенцијата за млади и спорт. Ќе биде водена од меѓународен тим на искусни обучувачи, кои ќе користат алатки за неформално образование и кои преку меѓукултурното учење ќе опфатат различни теми, кои ќе бидат корисни за учесниците. Агенцијата за млади и спорт преку неодамна усвоената Национална стратегија за млади (2016-2025) има за цел да го поддржи развојот на капацитетите на локалните младински совети и да придонесе кон ефикасно креирање на локални младински стратегии. Оваа институција упати покана до Советот на Европа…
повеќе...Доделени 500 стипендии на млади талентирани спортисти
Спортот како потреба на секоја земја има доминантно место во интересите на државите, особено има големо влијание врз секојдневието на младите во насока кон правилен психофизички развој, како и превенција на младиот човек од зависностите и другите социо-патолошки појави. Грижејќи се за нивниот статус во општествениот и спортскиот живот, како темел за идно развивање на младиот човек, Агенцијата за млади и спорт додели стипендии на 500 млади талентирани спортисти до 20 години, со цел талентираните спортисти да продолжат во процесот на градење на професионалниот лик како и во делот на…
повеќе...