Македонија У21 ќе одигра три контролни натпревари против Црна Гора, Бугарија и Грузија

Македонската репрезентација до 21 година наредниот месец ќе одигра два контролни натпревари на домашен терен. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 24 март ќе се соочи со врсниците од Црна Гора, а четири дена подоцна, на 28 март ќе одигра контрола пресметка против Бугарија до 21 година. Натпреварот со Грузија, исто така на домашен терен, Македонија до 21 година ќе го одигра на 4 јуни. „Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на Уефа за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација, фудбалерите родени 1996/97…

повеќе...

Спасески се обрати на Глобалниот младински форум во Обединетите Нации

Директорот на АМС, Марјан Спасески изминатите два дена учествуваше на Глобален младински форум во седиштето на Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк, чија цел беше да се покрене свесноста за неопходноста од инвестирање во младински политики, за имплементација на Одржливите Развојни Цели на ОН, за младинското ангажирање во искоренување на сиромаштијата, мерките за финансирање на младинските политики и добрите практики за поддршка на младинскиот развој. Спасески имаше обраќање на министерскиот панел на тема: „Обезбедување на неопходни средства и финансии за поддршка на младинскиот развој“, каде се осврна на успешниот процес…

повеќе...

Македонија У21 во група со Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар за ЕУРО 2019

Репрезентацијата на Македонија до 21 година е во групата 7 во квалификациите за Европското првенство 2019 селекциите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар. Квалификацискиот циклус за ЕП 2019 во Италија започнува на 20 март годинава, а завршува во октомври 2018 година. Само најдобрата селекција од шесте национални тимови има сигурно место на завршниот турнир, а исто толку второпласирани селекции ќе играат бараж за пласман на континенталното првенство во ноември 2018 година. Српската селекција, заедно со Португалија и Шпанија е наш ривал во Б групата на Европското првенство во Полска…

повеќе...

Регионалната лига за млади категории е од големо значење за клубовите

На конструктивен состанок со клубовите од Првата лига во „Куќа на фудбалот“, координаторот на младинските категории во ФФМ Зоран Стратев ја претстави идејата за формирање регионално натпреварување за млади категории во кое би биле вклучени младински екипи од Македонија, БиХ, Црна Гора, Унгарија, Словенија, Србија и Хрватска. По првичните разговори во Загреб со претставниците на асоцијациите вклучени во проектот во регионалната младинска лига би се натпреварувале генерациите 2002 година (тимови до 16 години) и 2004 година (екипи до 14 години), а натпреварувањето би започнало веќе во септември годинава. Зоран Стратев…

повеќе...

ФФМ донираше спортска опрема за 115 екипи во младинска конкуренција

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија. „Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат“, – истакна Драган Иванов од ФК Силекс. Координаторот…

повеќе...

Младинците се пласираа на Светското ракометно првенство

Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) со доминантна игра и убедлива победа над Турција од 39-19, направи огромен успех и со освоеното прво место во квалификациската група, обезбеди пласман на Светското младинско првенство што летово ќе се игра во Алжир. Високиот триумф на Португалија над Полска во првиот меч од последниот квалификациски ден, значеше дека Македонија за да го освои првото место во групата треба да ја совлада Турција со над 18 голови разлика. Свесни за тешката задача која ги очекува, избраниците на Иле Темелковски уште од стартот…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт и додели 110 илјади евра на Ракометната Федерација

Ракометната Федерација на Македонија упати голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, за финансиската помош во износ од 6,6 милиони денари добиени по основ на новиот Закон за спорт, односно измените во Законот за игри на среќа. Од горенаведените средства, 6 милиони денари се наменети за настапот на македонската сениорската ракометна репрезентација на Светското првенство во Франција кое ќе се одржува од 11-29 јануари годинава, во неколку градови во Франција, додека 600.000 денари се наменети за организација на квалификацискиот турнир за младата ракометна селекција (У-21) за…

повеќе...

Младинците доминантни против Полска за почеток на Квалификациите за СП

Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) успешно го почна квалификацискиот турнир за пласман на Светското Првенство, откако денеска пред полните трибини во СРЦ „Кале“ убедливо ја совлада Полска со 30-22. Избраниците на Иле Темелковски одиграа одличен натпревар во кој постојано го одржуваа рано стекнатото водство. Предводени од цврстата одбрана, нашите репрезентативци го отворија мечот со 3-0, а првиот гол во мечот го примија дури во осмата минута. Разликата се искачи на преку пет голови уште во 10 минута и со константна игра до крајот на првото полувреме, Македонија…

повеќе...

Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија

Денес се одржа настанот „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“, кој беше организиран од МладиИнфо во соработка со партнерските организации: Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Prima Association (Црна Гора), MladiInfo International (Македонија), Center for Change and Conflict Management (Албанија) и Community Volunteers Foundation (Турција). Во првиот дел од настанот беа презентирани истражувања поврзани со младинското учество во економскиот, политичкиот и социјалниот живот, а вториот дел опфати презентација на владините политики во областа на младите и вработувањето. На настанот беше презентиран процесот на Националната…

повеќе...

Втора победа за младите фудбалери против сениорите

Подмладената селекција на Македонија до 21 година забележа нова победа над А репрезентацијата предводена од селекторот Игор Ангеловски. Во вториот контролен натпревар одигран на стадионов на Ѓорче Петров, младите фудбалери славеа минимална победа со 1:0. И двете репрезентации на оваа контролна средба пропуштија по неколку добри прилики за постигнување гол. Голот за победа, избраниците на селекторот Благоја Милевски го постигнаа во завршницата од мечот. Емил Абаз погоди за конечни 1:0. Со оваа контролна пресметка се завршија активностите на овој селективен камп.

повеќе...