Македонското млеко безбедно

Во македонското млеко нема присуство на афлатоксини, ниту други примеси штетни по здравјето на граѓаните, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Тоа, според него, го потврдија сите анализи спроведени во акредитираните лаборатории. „Контролите се вршат редовно, секој ден од страна и на преработувачите во нивните сопствени лаборатории, но интензивирани се и контролите што ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство“, рече Димовски, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на проектот за поголемо производство на ориз. Министерот е дециден дека нема да се толерира увоз на млеко…

повеќе...

Во Македонија афлатоксин само во млекото „Моја кравица“, но не е пуштено во промет

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија во текот на вчерашниот ден доби официјално известување од Управата за ветеринарство на Република Србија за повлекување од продавниците во Србија на повеќе видови на млеко од различни производители, кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1 над дозволените граници.   По добивањето на известувањето, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш започнаа со контролите на терен (на продажните места и во магацините на увозниците), при што е утврдено дека од сите наведени видови на млеко, во Република Македонија е…

повеќе...

Задолжително ќе се испитува млекото кое се увезува

Врз основа на информациите дека е можно присуство на афлатоксини и во млекото и преработките од млеко по потекло од земји членки на Европската Унија, по минатонеделното решение за задолжително испитување на афлатоксини во млекото и преработките од млеко кои се увезуваат од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Косово, Агенцијата за храна и ветеринарство, издаде решение за задолжително земање на мостри за лабораториско испитување на афлатоксини во целокупните количини млеко и преработки од млеко кои се увезуваат во земјава. До добивање на резултатите од анализите на мострите, млекото…

повеќе...

Потврдено зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро”

Добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро” на хрватскиот производител „Дукат”, со просечна  вредност од 0,152 микрограми на килограм. Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет. Овие количини, со наредба на Агенцијата ќе бидат нештетно уништени. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со вршење на засилени инспекциски контроли на домашниот пазар, како и со…

повеќе...