Министерот Спасовски го посети повредениот полицаец од вчерашниот обид за насилен влез на мигрантите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети  полицаецот А.А. , кој беше повреден во вчерашните настани на јужната граница и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување. Вчера беа повредени уште 13 полицајци и 9 припадници на АРМ, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Полицајците и припадниците на АРМ беа повредени откако околу 3000 мигранти се обидоа на сила да влезат на македонска територија. 

повеќе...

Oбид за насилен и организиран илегален влез на мигранти на територијата на Македонија

Денес по претходно добиени сознанија дека околу 09.00 часот на ГК 59 можно е да дојде до протести и обид за насилен и организиран илегален влез на мигранти на територијата на Република Македонија, беа преземени мерки за засилено обезбедување на државната граница кон Република Грција.Преземените мерки вклучуваа и засилено присуство на припадниците на МВР и АРМ на Република Македонија како и на странските полициски службеници од Унгарија,Чешка,Србија,Словенија, Хрватска и Австрија распоредени на територијата на Република Македонија,чии активности се поддржани во рамки на ЕУ специјалните мерки за поддршка на Република Македонија…

повеќе...

Фатен скопски дилер на дрога

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против И.С. (29) од Скопје, поради основано сомневање дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено на 08.04.2016 година на ул.„Кајларска“ од страна на полициски службеници било извршено легитимирање и преглед на пријавениот, кој бил во друштво со уште две лица, каде што при прегледот истиот доброволно предал четири зипер кесички со непозната растителна материја. Истиот ден врз основа на Судска наредба бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што…

повеќе...

Убиство во обид при вршење семејно насилство

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.П.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид при вршење семејно насилство“. Пријавениот на 02.04.2016 година се обидел да ја убие неговата 29 годишна сопруга од Скопје, нанесувајќи и тешки телесни повреди по главата и телото. Судија на претходна постапка на Т.П. му изрече мерка притвор во траење од 30 денови. Имено, пријавениот со сопругата имале бракоразводна парница и повеќемесеци не живееле заедно. На кривично правниот настан му претходела средба, односно на први овој месец Т.П., по…

повеќе...

Спасовски: Департизирана и професионална полиција во служба на граѓаните

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денес во изјава за медиумите истакна: „Денеска со тимот на СДСМ сме во посета на Штип и Карбинци, да поразговараме со граѓаните за нивните секојдневни проблеми, меѓутоа и да поразговараме и за мерките од Програмата на СДСМ. Програма за посигурна иднина и подобар живот на граѓаните на Република Македонија. На Македонија и е потребна промена, на Македонија и е потребна нова, одговорна, чесна власт, којашто знае да управува со ресурсите во интерес на граѓаните. Преку економската Програма на СДСМ, преку…

повеќе...

Циклусот обуки за истражување финансиски криминал започна во Идризово

Финансиски криминал, перење пари, злоупотреба на ЕУ фондови, финансирање тероризам, се само неколку од темите опфатени со напредната обука за истражување финансиски криминал, која оваа недела се одржа во Центарот за обука во Идризово, во рамки на Проектот за развој на полицијата финансиран од ЕУ. Оваа е прва од серијата основни и напредни обуки за истражување финансиски криминал кои ќе се спроведуваат низ целата територија на земјата од март до септември. Напредните обуки вклучуваат околу 60 учесници, раководители на организациски единици и истражители од различни сектори во Бирото за јавна…

повеќе...

Донација од Чешка за македонската полиција

Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република Мирослав Рамеш го потпишаа Договорот за донација од 740.000 евра за набавка на 25 теренски возила за потребите на македонската гранична полиција. „Би сакал да ја искористам оваа прилика уште еднаш да и се заблагодарам на Чешката Влада и Министерството за внатрешни работи на Чешката Република за несебичната поддршка која ни ја даваат во справувањето со мигрантската криза, знаејќи дека ова е трета донација од нивна страна која е директно наменета за полициските службеници“, истакна министерот…

повеќе...

Исчезна 13 годишно девојче од Кичево

На 28-ми март во 16:30 часот во Полициската Станица Кичево Ј.Б. (43) од с.Другово, кичевско, пријавила дека истиот ден нејзината тринаесетгодишна ќерка не се вратила дома од училиште. Во 12:40 часот девојчето излегло од училиште и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Заедничка тактичка вежба во СЦ „Борис Трајковски“

Денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“, беше реализирана заедничка тактичка вежба на специјалните единици на МВР заедно со Специјалната оперативна команда на САД во Европа (US SOCEUR) во рамките на обуката за македонските безбедносни сили. Оваа заедничка тактичка вежба опфаќа сценарио во реални состојби и ситуации во моменти на безбедносни кризи со закани од минско експлозивни направи за време на спортски настан, заложничка ситуација, како и преземање на конкретни мерки и активности согласно процедурите и нормите кои што се спроведуваат во вакви и слични безбедносни појави. Оваа обука континуирано ќе…

повеќе...

Две лица затајувале данок преку хуманитарна организација

СВР Скопје-Единицата за економски и компјутерски криминал, до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Љ.И. (55) и Р.Ш. (46), двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека во временскиот период од 2010 до 2014 година во својство на претседатели на хуманитарна организација во повеќе наврати исплатиле парични средства како донации на правни и физички лица од РМ во вкупен износ од 83.087.820 денари, за што не пресметале и не платиле персонален данок на доход во вкупен износ 9.231.980 денари, со кој износ го оштетиле Буџетот на РМ и сториле…

повеќе...