Во поплавите од 06.08.2016 година што зафатија повеќе делови на Скопје настрадаа домовите на голем број припадници на Министерството за внатрешни работи. Според податоците кои се утврдени на терен од службите на Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат(МПС), оштетени се домовите на 135 припадници на МВР. Според податоците на службите нема настрадани наши колеги или членови на нивните семејства. Со цел да им се помогне на нашите колеги Министерството и Синдикатот покренуваат повеќе акции. Во тек е акција за задршка на платата на вработените во МВР од по…
повеќе...Tag: мвр
Расчистен вчерашниот нарушен ЈРМ на ул „Томас Минцер“
На 10.08.2016 год. во 10,15 час. М.Г од Прилеп, пријавил дека на 09.08.2016 год. околу 12.00 часот на ул. „Томас Минцер” бил физички нападнат од страна на лицето Х.С при тоа истиот најпрвин го влечел за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди. До физичкиот напад дошло поради недоразбирање и вербална расправија околу давањето помош на локалното население зафатено од поплавите. На лицето Х.С издаден му е записник за констатиран прекршок по чл.12…
повеќе...Посебен сообраќаен режим во населените места зафатени од поплавата
Со цел да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите како и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите во населените места зафатени од поплавата во скопскиот регион (с.Црешево, с.Стајковци, Сингелиќ, Економија, с.Арачиново и другите околни населени места) воспоставен е посебен режим на сообраќај со кој се предвидува граѓаните од с.Арачиново кои се упатуваат кон Градот Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од с.Црешево и с.Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат…
повеќе...Информација во врска со елементарната непогода која на 06.08 во попладневните часови го зафати Скопје
На 08.08.2016 година полициски службеници продолжија со преземање на мерки и активности согласно Планот за реализација на физичко и сообраќајно обезбедување на Скопскиот регион, општина Гази Баба, а со цел справување со последиците од елементарната непогода која го зафати Скопје и неговата околина, при што најзагрозени се населените места с. Стајковци, Синѓелиќ, с.Смиљковци, с.Црешово, с.Брњарци, с.Виниче, како и дел од обиколницата на автопатотот кој гравитира од населбата Радишани кон с.Арачиново, но и други реони на градот. При тоа, од страна на СВР Скопје се ангажирани 243 полициски службеници и 50…
повеќе...Информација во врска со елементарната непогода која завчера во попладневните часови го зафати Скопје
На 06.08.2016 година со почеток во 18.45 часот полициски службеници од СВР Скопје, а координирани од страна на Единицата за информации и команда, започнаа со преземање на мерки и активности согласно План за преземање на мерки и активности за превенција, рано спречување и справување во услови на кризни состојби со земјотреси, поплави, свлечишта и одрони од земја од 24.02.2015 година, при што беа ангажирани 70 полициски службеници, 4 комбиња фолксваген, 5 дефендери и 5 јети, кои постапуваа веднаш по секоја добиена пријава од граѓани од подрачјето на Град Скопје за…
повеќе...МВР со информација во врска со елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје
Во врска со елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, пријавени се настани со големи штети – срушени и поплавени куќи и возила , а пријавени се починати- удавени и исчезнати лица. За таа цел од МВР беа ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие…
повеќе...Почна селекцијата за прием на 600 полицајци
Административната селекција ја поминаа 3972 кандидати кои се пријавија на последниот оглас за прием на нови 600 полициски службеници што го распиша Министерството за внатрешни работи на 15 јули 2016 година. Според Помошникот министер на Одделот за односи со јавност и стратешки прашања, г. Јордан Ламаноски, во тек се физичките проверки, што е втора фаза од селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници. Физичките проверки, кои се спроведуваат во касарната во населбата Ѓорче Петров, касарната Илинден и во Центарот за обука во Идризово, започнаа во понеделник на 01-ви август и…
повеќе...Со највисоки полициски и државни почести погребан убиениот полицаец во Куманово
Денеска во 15 часот на гробиштата во населбата Карпош во Куманово со највисоки полициски и државни почести во присуство на семејството, роднините, пријателите, колегите и голем број високи старешини од министерството за внатрешни работи во вечното почивалиште беше испратен полицискиот службеник Горан Станишевски кој на 30.07. 2016 година во населбата Средорек во Куманово трагично го загуби животот од повреди кои ги доби од нож при интервенција за приведување на лице со нарушено психичко здравје обидувајќи се да помогне на недолжното семејство жртва на семејно насилство. Униформираниот полициски службеник Горан Станишевски…
повеќе...Пронајдена неексплодирана експлозивна направа кај Радожда
Вчера околу 17:00 часот Охрид, во водите во Охридското Езеро кај с.Радожда-струшко била пронајдена една нескплодирана експолозивна направа, по што од страна ДЗС истата била безбедно подигната.
повеќе...Полициски службеник загина при интервенција во Куманово
Полицискиот службеник Г.С. (36) од Куманово почина вчеравечер во болницата во Куманово од повреди кои ги доби од нож при интервенција за приведување на лицето Е.Б. (33) од кумановската населба Средорек. Имено, на 30.07.2016 во 21.30 часот во СВР Куманово од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во во населбата Средорек, во куќата сопственост на М.Б., лицето Е.Б. (33) физички ги нападнал и повредил неговата мајка Р.Б. и неговата сеста Е.Б., кои биле пренесени на хируршкото одделение во болницата во Куманово. Веднаш потоа од полициската станица во болницата…
повеќе...