Прогласени победниците на Codefest 2014 – програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше непрекинати 32 часа. Codefestсе одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“.   130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра бизнис идеја, најдобра веб апликација, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн…

повеќе...

Маратонците ќе програмираат 32 непрекинати часа на „Codefest 2014“ програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички…

повеќе...

Опција повеќе за младите од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при…

повеќе...

Зголемен бројот на магистри на науки и специјалисти во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 664 лица од кои 1 558 или 93.6% се магистри и 106 или 6.4% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2012 година, е зголемен за 6.1%. Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки во 2013 година изнесува 57.4%. Во 2013 година, најголем број од магистерските трудови, 1 012 или 65%, се од областа на општествените науки, 18.2% се од областа…

повеќе...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид потпишаa Меморандум за соработка

Претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски и ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, проф. д-р Нинослав Марина, потпишаa Меморандум за соработка, чијашто цел e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. Посебно ќе биде ставен акцент на следниве активности…

повеќе...

Златен медал за студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -Робомак. Пред сѐ, што претставува Робомак? Робомак е интернационален натпревар во роботика, програмирање и вештачка интелигенција. Тоа е натпревар насочен кон популаризирање на роботиката и новата технологија во роботиката, со цел за малку да ја оживее оваа сцена и да ги поврзе луѓето во ова поле. Во што се состоеше натпреварот, твојата задача и задачата на твојот тим? Целиот натпревар беше поделен во 5 категории, Сумо, Хуманоид, Right Target, Трка…

повеќе...

Македонските научници зачестено ги користат меѓународните бази за научно-истражувачка дејност

Македонските научници и универзитетски професори се повеќе ги користат податоците од меѓународната база EBSCO, која од 2012 година им е достапна во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. На располагање им се научни трудови, библиотечни фондови и околу 30.000 списанија со фактор на влијание. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски е задоволен од искористеноста на базата зашто за две години има околу 180.000 пребарувања, а 40.000 од нив се само во последните пет месеци. „EBSCO се користи две години и со исклучително голем интензитет од страна на универзитетите.…

повеќе...

Одржан научен собир за пчеларство на Факултетот за земјоделски науки и храна

Производството на мед во Македонија не е на посакуваното ниво, нема доволно количини за задоволување на основните потреби, а потфрла и квалитетот. Како што беше речено на научниот собир на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), пчеларството треба да се земе предвид многу сериозно со оглед на неговата економска, стопанска важност. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за подобрување на состојбата во пчеларството кај нас, неопходно е користење контролиран и селектиран репроматеријал, матици и роеви, организирано системско засадување медоносни растенија, едногодишни и повеќегодишни кои цветаат во…

повеќе...

Универзитетот за информатички науки и технологии го одбележа „Денот на дрвото“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Апостол Павле“ ја поддржа и активно се вклучи во есенската акција за пошумување, иницијатива на проектот „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“. Интернационалните и домашни студенти на УИНТ, како и наставно научниот и административен кадар на Универзитетот, по повод „Денот на дрвото“ засадија палми и зимзелени дрвца во Универзитетскиот двор како и во  Холандскиот парк поддржувајќи го локалниот совет на млади на Општина Охрид. „Денот на дрвото е посебен празник кој се разликува од останатите. Имено, останатите празници го слават минатотот, денот на…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на науката

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на науката. На свеченоста која се се одржа на УКИМ, Ристовски истакна дека Владата редовно го зголемува процентот на учество со средства во научно-истражувачката дејност. Додаде дека во континуитет се преземаат и конкретни мерки за подобрување на оваа дејност, односно донесена е Стратегија за иновации 2012-2020 и Законот за иновациска дејност, во постапка е формирање фонд на иновации, а во фаза на изработка е и национална програма за високо образование и научно-истражувачка дејност. РМ неодамна потпиша…

повеќе...