ОУ „Св.Климент Охридски“ помеѓу најдобрите училишни веб страници

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ се пласира во најдобрите три училишта со учество на државен натпревар за најдобра училишна веб – страница.  На јавен повик од Министерството за образование и наука за избор на „Најдобра училишна веб – страница“ за учебната 2015/2016 година основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид учествуваше со проект изработен од учениците. Можност за учество имаа тимови на ученици од основни и средни училишта предводени од најмалку еден наставник ментор кои за своето училиште изработиле веб – страница без притоа да користат готов урнек. ОУ „Св. Климент…

повеќе...

Презентација на проектот за меѓуетничка интеграција во ОУ „Живко Чинго“

Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во село Велгошти, денес се одржа отворен ден, во рамки на Деновите на меѓуетничка интеграција, што заеднички ги реализира Општина Охрид со основните, средните училишта и тимот на УСАИД за меѓуетничка интеграција. Основна цел на овој завршен ден беше презентацијата на сработените активности, во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието што ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Братство единство“, ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец и средното училиште „Св.Климент Охридски“, ги реализираа со своите партнер училишта. На презентацијата, на поставените штандови…

повеќе...

Листа на кандидати за кои се доставени документи до МОН за сместување во Студентски домови

Листа на кандидати за кои се доставени документи до МОН за сместување во Студентскиот дом „Никола Карев“, Студентскиот дом „Орде Чопела“ и Студентскиот дом „Кочо Рацин“ заклучно со 29.09.2016 година Листа на студенти примени во Студентски дом „Никола Карев“ – Охрид за академската 2016/2017 Листа на студенти примени во Студентски дом „Орде Чопела“ – Прилеп за академската 2016/2017 Листа на студенти примени во Студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола за академската 2016/2017

повеќе...

Соопштение од МОН

Врз основа на член 24 – б од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) Министерството за образование и наука објавува: Ј А В Е Н П О В И К за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на…

повеќе...

Интeрактивниот портал за тутори на МОН од денеска во функција

Интeрактивниот портал за тутори www.tutori.mon.gov.mk на Министерството за образование и наука преку кој ќе им се помага на учениците да добиваат бесплатни дополнителни часови од страна на студентите од денеска е во функција. Овој портал ќе ги поврзе родителите на учениците на кои им се потребни дополнителни бесплатни часови и студентите-тутори. Сите заинтересирани студенти од први до 30 октомври ќе можат да се пријавуваат за тутори. Заменик министерот за образование и наука денеска истакна дека бесплатни дополнителни часови по одредени предмети ќе можат да добиваат учениците од шесто до деветто…

повеќе...

Дводневна работилница „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020“

Министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на отварањето на дводневната работилница во рамките на ЕУ Проектот „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020.” „Министерството за образование и наука започнувајќи од февруари оваа година води еден широк консултативен процес за креирање на нов релевантен стратешки документ за образование. При што амбициите се насочени кон вклучување на што е можен поширок круг на образовни практичари од сите нивоа на образование, организации што работата за унапредување на образованието, но и институции и организации кои се повразни…

повеќе...

Програма по „Кембриџ“ од идната година и во средното образование

Примената на учебници по наставната програма од „Кембриџ“ за математика и за природни науки целосно заврши во основното образование, а од следната година проектот ќе продолжи и во прва година средно образование, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Заменик-министерот рече дека се завршени наставните планови и програми за учебници за 113 предмети за средно стручно образование кои досега недостигаа и дека за 40-тина дена ќе биде објавен повик. Тој истакна дека во следните три години, постепено ќе се менуваат учебниците и во средно стручно, кои ќе да…

повеќе...

Проект за јакнење на системот за доживотното учење и образование на возрасни

Градење сеопфатен и интегриран систем за доживотно учење преку воспоставување динамична корелација помеѓу образованието и промените како во општествената сфера, така и на пазарот на труд има за цел проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука и образованието на возрасните“. Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу на претставувањето на проектот рече дека улогата на центарот за образование на возрасните е да се промовира еден функционален, модерен систем за образование на возрасни компатибилен со Европската унија во контекст на доживотно учење што обезбедува…

повеќе...

Врвни тренери од странство ќе бидат дел од Спортската академија

Врвни спортски тренери од странство ќе бидат агажирани да работат и да пренесуваат знаење и искуство на учениците од Спортската академија, кои се определиле за некој од спортовите фудбал, ракомет, кошарка или тенис. Ова денес го истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски при посетата на Спортската академија, при тоа додавајќи дека оваа мерка за поддршка и развој на македонскиот спорт ќе започне да се спроведува од следната година. „Станува збор за исклучителна мерка која треба многу да го подобри и да го поддржи квалитетот на спортот и…

повеќе...

Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност, наменети за предавања, истражувања, студиски или уметнички престој на словачките јавни универзитети во академската 2016/2017 година. Стипендиите ги обезбедува Владата на Словачката Република и истите во целост ги покриваат трошоците за живот на стипендистот за време на престојот. Додека, трошоците за меѓународен превоз ги покрива Министерството за образование и наука на Република Македонија. Пријавувањето трае до 31 октомври 2016 година, а повеќе информации за начинот, условите, критериумите, потребните…

повеќе...