Во Охрид започна напредната НАТО школа за борбата против тероризмот во сајбер-просторот

„Како и другите региони во светот и Југоисточна Европа се соочува со предизвици поврзани со редикализацијата и тероризмот во сајбер-просторот, за што е потребен одговор од страна на НАТО и земјите партнери. За нас од исклучителна важност е да ги разбереме глобалните трендови во врска со користењето на сајбер-просторот од страна на ИСИС и другите терористички организации, како и политичките, технолошките, правните и стратегиските аспекти на ова делување. Не помалку важно е и регионалното поврзување, соработката, а со тоа и зацврстувањето на евроатлантските вредности во регионот на Југоисточна Европа“. Тоа…

повеќе...

Македонија и Босна и Херцеговина заедно кон иста цел – мирен, безбеден и просперитетен регион

Република Македонија и Босна и Херцеговна се две пријателски земји кои имаат една цел, а тоа е мир, безбедност, просперитет за целиот регион, заклучија на денешната средба во Сараево, министрите за одбрана на Македонија и на БиХ, Зоран Јолевски и Марина Пендеш. На средбата, министерот Јолевски кој е во официјална посета на БиХ, истакна дека двете земји имаат заедничка иднина, а тоа е членство во НАТО – Алијансата и Европската Унија. „За нас како држава нема сомнеж дека само интегриран Балкан може да придонесе кон безбедноста на целиот континент, факт…

повеќе...

Јолевски: Остануваме целосно посветени на интегративните процеси во НАТО и ЕУ

„Република Македонија ќе остане цврсто посветена на нашите стратешки цели – интеграцијата во НАТО и Европската Унија, а реформите кои ги правиме во безбедносниот сектор се првенствено за нас, за да имаме посилно општество, посилна одбрана и армија, реформи кои паралелно нè приближуваат и до НАТО и Европската Унија“. Ова го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на денешната конфереција во Министерството за надворешни работи на тема „Влијанието на глобалните безбедносни предизвици во Европа и Западен Балкан и начини на справување“, а во организација на Секретаријатот за европски…

повеќе...

Ден за високи гости на вежбата „Македонски блесок 12“

Припадниците на декларираната ренџерска чета (рч) со демонстрација на постапките на показната вежба со боево гаѓање „Ренџерски вод во реакција и извлекување од контакт“, која денес се реализира на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ во рамки на програмата за Денот за високи гости го означија завршетокот на „Македонски Блесок-12”. Во текот на реализација на вежбата ренџерите прикажаа висока обученост и извежбаност при демонстрирање на борбени постапки и ситуации кои беа дел од содржините за НАТО оценувањето Ниво-1 на вежбата „Македонски Блесок-12” кое се спроведе во текот на вежбата. НАТО оценувањето ниво…

повеќе...

Министерот Јолевски на Форумот за армиска поддршка на цивилните структури во државата

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски учествуваше во работата на Форумот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната“ што во организација на Амбасадата на САД и Министерството за одбрана денеска се одржува во Охрид. Денешниот состанок се одржува како дел од проект започнат пред една години, во чии рамки припадници на националните државни институции што се задолжени за справување со кризи беа во посета на државни институции на САД, при што се запознаа со начинот како се координираат активностите на Армијата и Националната гарда на…

повеќе...

Јолевски: Министерството за одбрана и Армијата на Македонија се силно посветени во промоција на мирот

По повод Денови на Мајка Тереза Воениот Музеј на Република Македонија како дел од Министерството за одбрана организираше изложба на авторизираната копија од нобеловата диплома за мир на Мајка Тереза. Истата беше изложена на неколку локации. Главниот дел од изложбата го отвори Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во Домот на АРМ во Скопје. „Кога зборуваме за Мајка Тереза нејзиното мото беа трите големи зборови љубов, хуманост и мир. Армијата на Република Македонија дава голема почит на овие три зборови“ истакна министерот Јолевски на денешното отварање на изложбата…

повеќе...

АРМ ја отстрани карпата која беше закана за жителите на Шипковица

Припадниците на инженерскиот баталјон на Армијата на Република Македонија, денеска со контролирана експлозија ја уништија карпата која по големите поплави претставуваше закана за жителите на Шипковица и овој регион. Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој присуствуваше на минирањето посочи дека по големите поплави минатата година и неодамнешните поплави беше утврдено дека постоеше опасност по жителите на селото и околниот регион од пет големи карпи. „По рачното отстранување на големата карпа над селото и денешното минирање на четири дополнителни карпи, целосно ќе се отстрани опасноста по населението во овј регион. Со…

повеќе...

Шест офицери на АРМ во нова ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Шест офицери на Армијата на Република Македонија денеска во Министерството за одбрана беа свечено испратени како новата ротација на припадниците на АРМ во рамките на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. На испраќањето, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски рече дека Македонија е горда на своите мировници, кои во континуитет покажуваат исклучителни способности и вештини. „Јас знам дека вие сте целосно подготвени, имате големо искуство и ќе ја прикажете нашата Армија во вистинско светло“, додаде министерот. Тој посочи…

повеќе...

Положување венци по повод одбележувањето 18-ти Август Денот на АРМ

По повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ, на спомен-обележјето на загинатите бранители од 2001 година, на платото во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ делегации предводени од министерот за одбрана Зоран Јолевски и од Началникот на ГШ на АРМ генерал – потполковник Методија Величковски, како и роднини на загинатите припадници на АРМ положија венци со свежо цвеќе. Претходно на градските гробишта во Бутел во Скопје пред вечниот дом на претседателите и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски на партизанските гробишта…

повеќе...

Јолевски: Македонските бранители никогаш нема да бидат заборавени

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски како и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија положија венци со свежо цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп. „Денес е тажен ден за Република Македонија, тажен ден за семејствата, тажен ден за сите нас. Ден на кој со голема тага и болка во душата ја одбележуваме петнаесетгодишнината од масакрот кај Карпалак. 15 години болката и тагата не потсетуваат за загубата на нашите…

повеќе...