24-годишниот Петар Рупески прв доплива до бурето со црвено вино

Илјадници верници на новоизградениот мал плоштад во Охрид денеска, на Денот на рибарите, со топла ракија и вино си посакуваа здравје и среќа во годината што е пред нас. Се јадеше вкусна рибина чорба, пача, но и плашици, а по традиција, охриѓани скокаа и по бурето со црвено вино. Најсреќен годинава се чини дека е 24-годишниот Петар Рупески кој прв доплива до бурето со црвено вино. „Оваа година ми е најсреќна зашто го фатив и Светиот крст. Еве сега и го фатив и бурето со црвено вино. Се надевам дека…

повеќе...

Граѓаните од Охрид ја добија наградата за „Трајно уништување на рибниот фонд на Охридско Езеро“

На Конкурсот за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014 година пристигнати се 49 пријави за кандидати од трети лица и тоа за: – Две научни установи од областа на рибарство – Два концесионери за стопански риболов – Концесионер за рекреативен риболов – Поранешен директор на рибарско стопанство – Водна заедница – Две здруженија на граѓани – Два државни инспекторати – Четири подрачни единици на министерства – Две локални јавни претпријатија – Две министерства – Двајца министри за земјоделство –…

повеќе...

Марјан Сотироски од Љубаништа го фати крстот во водите на Охридското езеро кај Св.Наум

Во 40-мина скокачи-капачи, Марјан Сотироски од Љубаништа е најсреќниот фаќач на светиот крст во  водите  на  Охридското Езеро кај Свети Наум. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба  во текот на целата година. WebOhrid

повеќе...

Светиот крст во рацете на Петар Рупески од охридски Варош

Петар Рупески од охридски Варош, по вторпат во животот успеа да излезе од ладните езерски води со Светиот крст во рацете на прославата на празникот Богојавление – Водици во Охрид. Во водите на Охридското Езеро крстот денес го фрли владиката Јосиф, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија. – Пресреќен сум Го фаќам крстот по втор пат. Првиот пат тоа беше во 2005 година и навистина тогаш ми донесе многу среќа во животот. Посакувам секој да го фати крстот и да го доживее она што не можам да го опишам со зборови, изјави…

повеќе...

Црвен крст Охрид со препораки до капачите при влегување во водите на Охридското Езеро

Неодамна извршените градежни зафати-раскопување на езерското дно во градското пристаниште, предизвикаа појава на нерамнини и поголеми длабнатини во дното, кои претставуваат потенцијална опасност за учесниците-капачи кои ќе скокаат по светиот крст.  За да не дојде до несакани ситуации и повредувања на капачите, во продолжение ги посочуваме местата кои претставуваат потенцијална опасност за капачите и повикуваме на исклучителна претпазливост и внимателност при влегување во водите на Охридското езеро во внатрешноста на Градското пристаниште со напомена да се следат и почитуваат долунаведените препораки. ПРЕПОРАКИ ДО КАПАЧИТЕ ПРИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО…

повеќе...

Спроведена заедничка акција против недозволен риболов

Во заедничка акција на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарство и аквакултура од Охрид) и лиценцираниот рибочувар од З.Р.С.К „Пастрмка“ од Струга и рибочуварската комисија при З.Р.Р.С.К „Свети Апостол Петар“ од Охрид извршени се повеќе контроли на риболовните ревири „Црн Дрим 1“ и „Слив на Охридско Езеро“. При контролите кои се одвиваа во неколку наврати, и истовремено на три локации од река Сатеска и река Црн Дрим во периодот од 20.12.2013 год до 10.01.2013 год, затекнати се три лица кои вршеа риболов на пастрмка…

повеќе...

Црвен крст Охрид со низа активности по повод празникот Водици

Во рамките на одбележувањето на празникот Водици, Црвен крст Охрид се вклучува со низа активности кои, пред се се во насока на грижа за здравствената безбедност на посетителите на манифестацијата, како и на оние кои ќе „скокаат по крстот“ во водите на Охридското езеро. Во рамки на одржување на концертот на Жељко Јоксимовиќ, во СРЦ „Билјанини Извори“, Црвен крст Охрид ќе има ангажирано 7 медицински тима со соодветна опрема за укажување прва помош и санитетско возило. На самиот настан волонтерите на Црвениот крст ќе ги придружуваат лицата со посебни потреби…

повеќе...

Започна пријавувањето на скокачите по светиот крст во Охрид

Денеска започна пријавувањето на заинтересираните кои сакаат за празникот Богојавление – Водици во Охрид да влезат во водите на Охридското Езеро и да го фатат светиот крст. На првиот ден од пријавувањето се пријавиле 30-тина кандидати, информира Митко Пендов од Здружението за афирмација и поддршка на МПЦ-ОА „Богојавление“. „Сите заинтересирани кои сакаат да скокаат по светиот крст можат да се пријават во ресторанот „Света Софија“ во Охрид. Тие пополнуваат пријава и добиваат маица со црковни симболи“, вели Пендов. Според него, очекувањата се дека годинава во студените но осветени езерски води…

повеќе...

Шеици во посета на Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид

Шеици облечени во традиционална облека, нуркаа заедно со членовите на Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид. Освен разгледување на подводниот археолошки локалитет во Градиште, тие ги вкусија и вината на Стоби. Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид на овој начин на православните верници им го честита празникот Василица.

повеќе...

Охридската капетанија во рамките на своите редовни активности спроведува испити за управувач за чамец

Капетанијата на пристаништата – Охрид  во рамките на своите редовни активности спроведува  и одржува испити за Управувач за чамец. Испитот се одржува во периодот од месец април до месец октомври и тоа еднаш месечно во месеците април, мај, септември и октомври, додека во  текот на летните месеци јуни, јули и август  испитот се одржува два пати месечно. Кандидатите  пријавите за испит ги поднесуваат најдоцна  еден ден пред испитот, а во прилог на пријавата треба да достават: – пријава за полагање на испит – фотокопија од важечка лична карта – две…

повеќе...