Концерт на Карло Торлонтано (алпски рог, Италија), Масимилијано Питоко – (бајан, Франција), Јури Шишкин – (хармоника, Русија) ќе се одржи вечерва во црквата Света Софија со почеток од 21:00 часот, во рамки на програмата на Охридско лето. На програма ќе бидат изведени дела од Р. Бартеш, А. Дворжак, Л. Боелман, Џ. Дакила, Ф. Ангелис, Ф. Фаркаш, В. Глаиснер, В. Семионов, Л. Моцарт. Неговите изведувачки вештини ја воодушевуваат публиката и критиката во светот со години. Јури Шишкин го сметаат за еден од најдобрите хармоникаши на денешнинава. Неговата кариера започнува релативно доцна. На…
повеќе...Tag: охридско лето
Проекција на филмот „Среќна Нова 49-та“ вечерва на Охридско лето
Вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот ќе има Проекција на филмот „Среќна Нова 49-та“ во продукција на Вардар Филм Скопје. Филмот ја раскажува приказната за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драмата се случува во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и сталинизмот. Добитник е на многу награди: Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула; „Златна арена“ за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула; „Златен гладијатор“, награда на југословенската…
повеќе...Претставата „Сонот на Гогољ“ вечерва на Охридско лето
Во рамки на програмата на фестивало Охридско лето, вечерва во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот, театарската работилница „Сфумато“ од Софија ќе ја изведе претставата „Сонот на Гогољ“. „Ова не е само едноставна изведба на текстовите на Гогољ, ова е последователна експедиција на Сфумато во светот на авторот. На хоризонтот во нашата потрага, можеме да ја замислиме фантазмагоричната силуета на Гогољ обвиткана околу неговиот добро познат шинел, која срамежливо се прикрадува кон импозантната улица „Невски проспект“ – која е моќен приказ на империјата Санкт Петербург. Тој…
повеќе...Аигета гитара квартет од Монте Карло вечерва на Охридско лето
Во црквата Св.Софија во Охрид, вечерва со почеток во 21:00 часот, концерт ќе одржи светски познатиот Аигета гитара квартет од Монте Карло. На програмата ќе бидат дела од Ф. Карули, Ф. Лоли, О. Фотрат, Ж. Бизе, Р. Деланоф, А. Дел Фа. Подемот на кариерата на квартетот „Аигета“ започнува во 1982 година, кога настапуваат со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, и оттогаш постојано се присутни на светската музичка сцена. Ансамблот го сочинуваат четворица извонредни гитаристи – Франсоа Сони, Александре Дел Фа, Филипе Лоли и Оливер Фотрат, кои повеќе од 30 години…
повеќе...Рускиот виолинист Максим Венгеров вечерва на Охридско лето
Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе настапи рускиот виолинист Максим Венгеров, заедно со „Менухин” (гудачки камерен оркестар, Швајцарија). На програмата ќе бидат дела од В. А. Моцарт, Д. Шостакович. За многумина тој е еден од современите светски исполнителски феномени на музичката уметност. Неверојатната музичка дарба на виолинистот Максим Венгеров заедно со одличното музичко образование овозможија тој да биде еден од највлијателните личности во музичката уметност на преминот на овој век. Венгеров е првиот уметник во класичната музика кој е назначаен за…
повеќе...Камерното дуо Кировски вечерва на „Охридско лето“
Вечерва во црквата Св. Софија, во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, со почеток во 21:00 часот ќе настапи камерното дуо Кировски, виолинистот Љубиша Кировски и пијанистката Маја Шутевска, од Македонија. Камерното дуо „Кировски“ е основано во 1993 година и оттогаш има реализирано бројни настапи во Македонија, но и надвор од неа. Во 1997 година, дуото специјализира на Европската aкадемија во Варшава кај еминентни професори, а подоцна своите изведувачки вештини ги усовршува на Летната академија во Лозана. Како камерен состав, Кировски се добитници на повеќе национални и интернационални награди. Имаат…
повеќе...Проекција на филмот „Хај-Фај“ вечерва на Охридско лето
Вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот ќе има Проекција на филмот „Хај-Фај“, во продукција на Вардар Филм Скопје. Вардар филм е првата филмска продукциска куќа во Македонија, формирана во 1947 година. Во период од скоро пет децении – во ерата на целулоидната филмска лента, под ова лого беа снимени неповторливи остварувања, а сега веќе филмски класици. Старата технологија која не се ограничуваше само на „1” и „0”, неизбежно влијаеше и на креативниот израз – филмските автори и работници…
повеќе...Претставата „Комедија на грешки“ вечерва на Охридско лето
Драмската програма на годинешното 56. издание на „Охридско лето“ ќе биде отворена со настапот на НУ „Турски театар“ од Скопје, со последната нивна престава, поставката на „Комедија на грешки“ од Шекспир во режија на Коле Ангеловски. Директорот на Турскиот театар на денешната прес-конференција Атила Клинче, рече дека оваа претстава е продолжение на заложбите на куќата да ги обработува класиците, но во модерна форма. „Специфичноста на Турскиот театар е обидот да го синтетизираме стариот турски традиционален театар со класичните дела на Шекспир, што сметаме дека успешно го правиме преку нашите режисери, по…
повеќе...Охриѓанецот Јане Бакрески ќе ја претстави својата „Проширена апстракција“
Вечерва со почеток во 20 часот на Универзитет за информатички науки и технологии Св „Апостол Павле“ ќе биде отворена за разгледување дигиталната арт инсталација „Проширена апстракција“ од охриѓанецот Јане Бакрески. „Проектот „Проширена апстракција“ чиј концепт созрева веќе неколку години, го поставува прашањето за односот помеѓу традицијата и иновациите во уметноста. Во овој проект, традиционалното апстрактно сликарство добива нови аспекти, „преведено“ преку дигиталниот медиум и компјутерските технологии“, вели Бакрески. Бакрески е роден 1982 година во Охрид. Тој е визуелен уметник и доцент по визуелни уметности на Универзитетот за информатички науки и…
повеќе...Француска вечер на Охридско лето
На програмата на фестивалот Охридско лето, вечерва ќе се одржи традициолниот концерт наречен „Француска вечер на Охридско Лето“. На овој концерт ќе настапат едни од најистакнатите и најеминентни уметници од Франција, триото „Вандерер“ кои се појавиле на најпрестижните сцени во светот, а во својата концертна дејност впишуваат и соработка со големи истакнати музички имиња. На нивниот репертоар може да се најдат дела од времето на класицизмот, па сè до дела кои се компонирани во 20-тиот и премиерни изведби на дела од 21-виот век. Покрај многубројните компакт-дискови, ТВ и радиоснимки, во…
повеќе...