Средба на градоначалникот Бакрачески со охридските пензионери

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претставници на Здружението на пензионери од општините Охрид и Белчишта, на која им го честита освеното прво место на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија. Претставниците на пензионерите се заблагодарија на честитките и најавија дека нивните спортски успеси ќе продолжат и во иднина и дека со тоа им даваат пример на помладите генерации. „Ви го честитам освојувањето на првото место и преодниот пехар на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија.Воедно, Ви ги чеситам и освоените пет златни,четири сребрени и…

повеќе...

УМС организира дружење со пензионерите по повод Меѓународниот ден на возрасните луѓе

Денес, младите од ВМРО – ДПМНЕ во соработка со Здружението на пензионери од Охрид организираа меѓусебно дружење по повод Меѓународниот ден на возрасните луѓе. Тие во просториите на Здружението заедно го испија утринското кафе, разменуваа мислење, повозрасните им пренесоа дел од нивното искуство, им даваа совети на младите и на крај изиграа неколку партии шах. „Ваквото дружење со пензионерите од Охрид по повод Меѓународниот ден на возрасните е оддавање на еден начин, почит за нивните достигнувања во животот, како и достигнувањата и признанијата кои ги имаат добиено на државни натпревари…

повеќе...

Интензивна поддршка за подобар живот на пензионерите

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се обрати на 19-те Републички спортски пензионерски игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Спасов на почетокот посочи дека Сојузот во текот на своето постоење се развил во една од најбројните организации во земјата кој достоинствено ги промовира и ги застапува правата и интересите на пензионерите и го поттикнува нивното интегрирање во социјалниот живот и севкупните општествени текови и дека активностите кои континуирано ги реализира и во кои ги вклучува своите членови преку организирање на различни настани од…

повеќе...

Над 5.100 пензионери и студенти искористиле бесплатен превоз со воз

Претстојниот викенд, сите возрасни лица може бесплатно да се возат со воз во земјава, а утре сите студенти. Ова е овозможено согласно владините одлуки донесени минатиот месец, а кои досега ги искористиле 1.000 возрасни лица, 3.500 млади лица до 27 години, 600 студенти и 1.000 лица кои купиле билет со попуст. Портпаролот Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата е задоволна од опфатот на лицата кои ја искористиле можноста бесплатно да го користат железничкиот сообраќај и посочи дека најмногу возрасни лица над 50 проценти патувале од Скопје, потоа следуваат Велес, Прилеп и…

повеќе...

Илинден – сведок на македонската непокорност и темел на државноста

Со свечена седница, денес во големата сала на Општина Охрид, беше одбележана 111 годишнината од Илинденското востание и 70 години од првото заседание на АСНОМ. Во присуство на борци од НОВ, советници, пратеници и претставници на политички партии, од името на Општина Охрид, присутните ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев: „Македонците водени од идеалите за слобода, рамноправност и еднаквост на секој народ и секоја индивидуа која живее на овој простор уште во 1903 година, преку Крушевскиот манифест, јасно покажаа дека, имаат напредна мисла и идеја како треба да се уредува…

повеќе...

Администрацијата ќе добие покачување од октомври, а пензионерите догодина

Од октомври покачување на платите на јавната администрација, а догодина и ново покачување на пензиите, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната работна посета на Кратово. Вицепремиерот Ставрески истакна дека и покрај предизвиците кои се случуваат на економски план во регионот и светот, што доведува до намалување на платите и пензиите во повеќе држави, Владата на Република Македонија успева да одржи макроекономска стабилност, но и да ги зголеми платите и пензиите. „Деновиве Србија објави дека ќе ги намалува платите и пензиите за 10 отсто.Португалија истото го направи.…

повеќе...

Министерството за финансии ја исплати пензијата за јули

Министерството за финансии денеска ја исплати пензијата за јули. На сметките на 286.573 пензионери префрлени се 3 милијарди 577 милиони и 600 илјади денари. Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.489 денари. Министерството за финансии продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите и со тоа поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.

повеќе...

Утре ќе се одбележи Денот на охридските пензионери

По повод 64 години од формирањето на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца, 20 јуни 1950 година, утре во големата сала на Општината Охрид со почеток во 10 часот, ќе  се одржи свечена пригода. На свечената пригода која за прв пат се организира, на Денот на охридските пензионери, пригоден реферат за развојот, значењето и успесите на здружението, ќе поднесе претседателот на  Извршниот одбор   Ѓорѓи Трпчески. Со утрешната свечена пригода, ЗП ќе се  вклучи во одбележувањето на 21 јуни  Денот на охридското езеро,при што ученици од основните училишта од…

повеќе...

Повисоки плати и пензии и 64.000 нови работни места

Во наредните четири години, вклучувајќи ја и тековната, ќе има зголемување на платите во јавниот сектор, пензиите, социјалната и постојаната парична помош за 21,5 проценти, најавува мандатарот Никола Груевски. „Со поддршката на домашните компании, со странските директни инвестиции, инвестиците во инфраструктурата, закрепнувањето на економијата и оперативните мерки за вработување, во следните четири години се стремиме кон отворање на 64.000 нови работни места и намалување на невработеноста од постоечките 28,4 проценти  на околу 22 проценти“, рече Груевски, при денешната презентација на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година. Посебен фокус, како што…

повеќе...

Утре ќе се одржат 19-те регионални пензионерски натпревари од четвртиот западен регион

Утре, среда во Самоков кај  Македонски Брод ќе се одржат 19-те регионални пензионерски спортски натпревари од Четвртиот –западен регион. На натпреварите во традиционалните 11 спортски дисциплини ќе земат учество околу 250 пензионери спортисти од ЗП од  Струга, Охрид, Дебар, Кичево, Вевчани, Лабуништа, и домаќинот Македонски Брод.   Спортистите  и гостите се очекува  да  ги поздрави и натпреварите за отворни да ги прогласи потпретседателот на Собранието на СЗПМ Бесник Поцеста. На сите досега одржани 18-ти регионални спортски натпревари, Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца е апсолутен севкупен победник со најмногу…

повеќе...