Положено цвеќе на гробот на Гоце Делчев за почеток на „Илинденскиот планинарски марш 2014“

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, претседателот на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, Јовица Угриновски и членови на ПСК „Бистра“ – Скопје положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Црквата „Св.Спас“ во Скопје, како увертира на традиционалниот “Илинденски Планинарски Марш 2014“ кој по 28-ми пат се одржува под покровителство на АМС. Тој е дел од активностите со кои Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и неколку спортски федерации ќе ја одбележат неделата на Илинденското празнување. „Илинден е еден од најголемите…

повеќе...

Иницијатива Јабланица – Шебеник да стане заштитено подрачје

Градоначалниците на Струга и Вевчани, како и на албанските општини, Либражд, Стеблева и Луник со поддршка за иницијативата планинскиот масив Јабланица – Шебеник  да се прогласи за прекугранично заштитено подрачје. Струшкиот градоначалник Зиадин Села вели дека доколку Јабланица се поврзе со планинарски патеки би имале размена на туристи во двете земји кои би уживале во убавините на планината. Според градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски прекуграничното заштитено подрачје може да донесе само бенефит на населението. „Ја поддржувам иницијативата и сметам дека ние пограничните општини од Македонија и Албанија треба да соработуваме…

повеќе...

Писмо: Најава на нелегитимно собрание на Федерацијата за планински спортови на Македонија

Деновиве преку социјалните мрежи дознавме дека постои покана за учество во собрание, (селективно споделена), свикано спротивно на правилата од статутот во Федерацијата за планински спортови на Македонија ФПСМ.  На 26-ти април (сабота) претседателот на ФПСМ Јовица Угриновски (со истечен мандат од речиси една година) свикува собрание на кое не се поканети според статутот претставниците на сите 5 спортови на ФПСМ, односно Петте федерации на Спортско качување, Алпинизам, Спелеологија, Ориентација и Планинарство.  Согласно членовите 40, 41 и 42 од статутот на ФПСМ, пречистен текст со бр.01-30/1 од 05.04.2011 година Собранието го…

повеќе...

Рано појавување на пожари на територијата на паркот Галичица

„Раното појавување на пожарите на територијата на паркот“, проблем со кој се соочуваат вработени во Националниот парк Галичица многу рано оваа година, беше темата на денешната прес-конференција, која се одржа во просториите на Јавната установа Национален парк „Галичица“. „Се собравме да упатиме апел, колку што можеме повеќе да влијаеме на народот, затоа што во четири дена имавме два пожари. Првиот пожар беше со површина од 2 хектари – приземна вегетација, а според првите индиции што ги имаме од терен собрано и разгледување на опожареното, се гледа дека е намерно палење, според…

повеќе...

Преку 30 вљубеници во природата и планинарењето уживаа во убавините на планината Галичица

Преку 30 вљубеници во природата и планинарењето беа дел од рекреативната планинарска тура, која во организација на Црвен крст Охрид, а во рамките на одбележувањето на Неделата на срцево-садови заболувања, се реализира вчера на планината Галичица. Предводени од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, најмладите учесници на оваа планинарска тура се искачија на местото Лако Сигној 1980 мнв, а повозрасните беа дел од искачувањето на врвот Магаро 2250 мнв. Сите учесници, а особено младите уживаа во убавините на планината Галичица, но и…

повеќе...

Во сабота еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст

Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 22 февруари,(сабота) организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст сместена на месноста Липова ливада на планината Галичица 1600 мнв. со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000 мнв. (Магаро или Лако Сигној). На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и…

повеќе...

Планинарските подвизи на Сашко Кедев претставени во документарен филм

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев е единствениот Македонец што ги освои највисоките планински врвови на седумте континенти и тој овој свој подвиг го смести во еден видеоматаријал кој синоќа го промовираше во Музејот на македонската борба. Со искачувањето на сите седум највисоки врвови Кедев завршил во 2010 година. „Овој проект го завршив за неполни три години. Тој ми ја изостри концентрацијата и ми го избистри погледот да расчистам со тривијалноста на секојдневието. Најважна е чистата мотивација и посветеност, вклучувајќи ја и физичката подготвеност“, – изјави познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев. Кедев…

повеќе...

Борова шума во форма на петокрака

WebOhrid откри борова шума која формира петокрака. „Петокраката“ се наоѓа на планината над селото Мешеишта, веднаш под врвот Стојанец кој е со 1300 метри надморска височина. Шумата е засадена на почетокот од 50-тите години. Повозрасните жители од околните села кои учествувале во акцијата за пошумување не се сеќаваат како точно настанала оваа петокрака. Во секој случај, местото е идеално за планинарење, покрај прекрасниот поглед кон Охридско-Струшката котлина, љубителите на природата можат да уживаат од разновидноста на флората и фауната на овие предели. Има голем број можности за посети и користење…

повеќе...

Македонија без отпад 2013 – акција за чистење на националните паркови

Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ и асоцијацијата Ајде Македонијa, согласно заклучoкот од 91-та седница на Владата на РМ од октомври 2012г., продолжува да ја  спроведува кампањата “Македонија без отпад”. Кампањата има за цел да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за подршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници. Во рамките на летната акција на кампањата ќе се спроведат активности за чистење на…

повеќе...