Ќе се избира идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на 500 метри плажа на Охридско езеро – Општина Дебарца

Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на 500 метри плажа на Охридско езеро, општина Дебарца. Станува збор за пет идејни решенија за уредување на една плажа со должина од 500 метри, на дел од Охридското езеро која се наоѓа во непосредна близина на Аеродромот  „Св. Апостол Павле-Охрид” на територија на општина Дебарца. „Целта на проектот е да…

повеќе...

Ќе летаат казни за нечисти плажи и гласна музика

Охридските надлежни инспекциски служби бараат концесионерите на плажите да ги отстранат сите неправилности, инаку во спротивно ќе се соочат со казна. По една недела инспекторите повторно ќе направат надзор и ако нема оставено слободен простор за гостите ќе бидат казнети. Ќе се мери и бучавата од музика која ечи од плажите, особено во ноќните часови од 20 до 4 часот изутрина. Дел од концесионерите ги отстрануваат недостатоците на охридските плажи. Ги тргнаа пренатрупаните лежалки, чадори, маси и столови. После истекот на седумте дена од предупредувањето на инспекторите повторно ќе се…

повеќе...

Опозициските советници бараат вонредна седница на Советот за уредување на просторот кај „Мостот на желбите“

Позади црквата „Св. Софија“ пред мостот на желбите, денес советниците од опозицијата одржаа прес-конференција, на која што побараа да се одржи вонредна седница на Советот на општина Охрид, на која што заедно би донесле одлука во кој правец би се одвивале активностите околу уривањето на Мостот на желбите, а исто така би дискутирало и околу изградбата на нова пешачка патека. „За нас е сосема несфатлива одлуката на општинската власт на средина од и така лошата сезона која што се одвива во текот на оваа година, да донесе една таква одлука…

повеќе...

Туристичките населби интензивно се одржуваат

Во екот на туристичката сезона екипите на „Јавна хигиена“ и „Паркови и зеленило“ со зголемен интензитет ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило во туристичките населби и села на охридското крајбрежје. Изминатата недела искосен е просторот околу коловозите, како и сите пристапни патеки во селата: Рача, Коњско, Трпејца и Љубаништа. Денеска се косеше просторот околу плажата во Грашница и плажата во туристичката населба Лагадин на потегот до авто-камп Елешец и се подигна расфрланиот ситен отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа и лименки).

повеќе...

„Дурекс 69 – Не лути се човеку“ во акција на плажа во Охрид

Игра, забава, едукацијата и награди, така изгледаше викендот за посетителите на една од охридските плажи. Како дел од едукативната промоција на „Дурекс“ друштва млади луѓе на плажата, имаа можност играјќи ја играта „Дурекс 69 – Не лути се човеку“, да се натпреваруваат за интересни награди. Истовремено, Дурекс девојките ги едуцираа младите, им даваа корисни информации и им одговараа на сите прашања поврзани со правилната заштита при сексуалниот однос. Победниците беа наградувани со летни реквизити, а сите учесници во играта „Дурекс 69 – Не лути се човеку“ за да нема лутење…

повеќе...

Охрид ќе добие пет современо уредени плажи

На предлог на Локалната самоуправа, во новата програма на Владата на Република Македонија предвидено е  Охрид да добие пет современо уредени плажи. Изработката на на проекот ќе започне во текот на оваа година, а во 2015 и 2016 година, плажите ќе бидат изградени и уредени. Локалната самоуправа првично како локации ги предлага четири плажи да бидат уредени на потегот од Лагадин до Пештани, а една плажа од месноста Грашница до хотелот „ Далјан“ .

повеќе...

Забележани низа неправилности кај одредени концесионери на плажи во Охрид

Локалната самоуправа од Охрид почнува со реализација на јавно искажаните заложби за ставање ред во почитувањето на договорите за коцесија на плажите кои се потпишани со концесионерите, а кои со години наназад не се почитуваат и не се исполнуваат обврските кои произлегуваат од договорите за концесионерите. Инспекторатот деновиве вршел контроли на повеќе плажи и констатирано е дека плажата „Потпеш“ целосно го прекрила просторот со лежалки за кои се наплатувало од страна на лица ангажирани на плажата, без притоа воопшто да се остави слободен простор. Оваа состојба е уредно документирана од…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ ги одржува плажите кои не се дадени на концесија

Започнувајќи од 1 јули, ЈП „Охридски Комуналец“, по однапред изготвена програма се грижи за јавната хигиена на Охридското крајбрежје, односно ги чисти оние плажи кои не се издадени на долготраен закуп. Еден извршител е одговорен за чистење на плажите на потегот од населбата Лагадин до автокампот Елешец и тој секојдневно во периодот од 5 до 11 часот е на терен и го расчистува расфрланиот комунален отпад. Во исто време се расчистува и потегот од крајбрежјето на с.Пештани. Плажата кај Грашница се расчистува еднаш до два пати неделно, во зависнот од…

повеќе...

Ќе се уредуваат плажите на Преспанско Езеро

Следната недела ќе почне уредување на вкупно 600 метри плажи на Преспанското Езеро. Ќе бидат опфатени плажите во населбите Сливница и Стење. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектите за уредување опфаќаат содржини кои се во согласност со највисоките туристички стандарди, со цел овие плажи да бидат атрактивни локации во текот на туристичката сезона. Предвидено е во рок од четири месеци да биде завршено уредувањето на плажите, со што ќе бидат подготвени за пречек на првите туристи во текот на следната туристичка сезона. Теренот на кој ќе…

повеќе...

Исчистени дел од некомерцијалните плажи на Охридското крајбрежје

Преку 30 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, како и вработени во ЈП „Охридски Комуналец“ и претставник на Лионс клубот „Gathenhielm“ од Гетеборг, Шведска од раните утрински часови ги чистеа некомерцијалните плажи на Охридското крајбрежје. Почнувајќи од просторот кај Велгошка Река, на потегот од Грашница до населбата Даљан и во делот на трските кај Холандскиот парк, за само 2 часа беа собрани преку 30 вреќи со најразличен отпад, во кој преовладуваше пластичниот – шишиња и најразлична амбалажа, гума и сл. Акции од ваков тип во соработка со ЈП…

повеќе...