Од револт поради укината социјална помош, со секира почнал да крши во Центарот за социјални работи

Поради укината социјална помош и нерешено станбено прашање, денес претпладне лицето А.В. (30) од Охрид со секира во рака изврши насилство во Центарот за социјални работи. Револтиран, тој насилно влегол во Центарот за социјални работи и со секирата започнал да ги крши прозорите од влезната врата и од другите канцеларии и помошни простории.  А.В. видно агресивен,  ги искршил и компјутерите со целокупната компјутерска опрема поставени во канцелариските оддели.  Потоа, започнал да ја оштетува и расфрла целокупната документација од работните бироа.   Со навремена реакција на полициските службеници, А.В. е приведен…

повеќе...

Претставата „Полицајци“ вечерва пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Народен Театар Охрид, вечерва ќе се прикажува претставата „ПОЛИЦАЈЦИ“ во Режија и адаптација на Андреј Цветановски, со почеток во 20:00 часот. Карти можат да се купат на билетарата, а чинат 100 денари.

повеќе...

Кривична за „Изнуда“ и закани кон полициски службеници

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Изнуда“ и „Спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето А.Д.(21) од Охрид поднесе кривична пријава. Истражен судија при основниот суд во Охрид, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 28-ми минатиот месец околу 22 часот и 30 минути А.Д. насилно влегол во стан на негова пријателка на улицата „Карпош Војвода“ каде со раце и нозе ја искршил речиси целата покуќнина. Веднаш потоа физички ја нападнал нанесувајќи и повеќе удари…

повеќе...

Во изминативе 5 години СВР Охрид со близу 1000 соопштенија до јавноста

Близу 1000 соопштенија за случени безбедносни настани, преку медиумите до граѓаните, во изминативе пет години испратил Секторот за внатрешни работи Охрид преку својата канцеларија за односи со јавноста. Во оживотворувањето на идејата за целосна транспарентност, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија како демократска институција, во Февруари 2008 година, во сите осум Сектори за внатрешни работи оформи канцеларии за односи со јавноста и наименува портпароли. Со тоа се даде силен импулс во продлабочувањето на отвореноста на полицијата кон граѓаните но и во креирањето на вистински професионален и партнерски однос помеѓу…

повеќе...

Во куќа во Лојане пронајдени десетмина Авганистанци

По предходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на судка наредба, полициските службеници од СВР Куманово  вчера (13.02.2013) извршија претрес во домот на С.А.(40) од с.Лојане, каде што се пронајдени десет државјани на Авганистан, од кои едното е дете на возраст од 10 години.   С.А. со намера за себе да прибави противправна имотна корист за неутврдена парична надокнада во својата куќа во с.Лојане мигрантите ги сместил и засолнил, а со цел истите илегално да ги пренесе преку македонско-српската граница.  Инаку, мигрантите во Авганистан на непознато лице му платиле 7.000…

повеќе...

Промовирана втората фаза од „Интегрирано гранично управување“ – ТЕТРА за потребите на МВР

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и евроамбасадорот Аиво орав денеска присуствуваа на презентација на имплементацијата на проектот „Интегрирано гранично управување“ – ТЕТРА втора фаза  во рамки на дигиталниот систем за радио комуникации за потребите на полицијата, со поддршка на ЕУ.    Овој систем, нагласи Јанкулоска, обезбедува безбедна и стабилна комуникација помеѓу полициските служби во земјата на национално ниво, со што значајно се зголемува целокупната ефективнoст и ефикасност на полициското работење.   „Со завршување на овој и реализација на идниот проект „Интегрирано гранично управување“ – ТЕТРА 3 во рамки на…

повеќе...

„Емигранти“ и „Полицајци“ се одложуваат

Како што информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид / Народен Театар Охрид, театарската претстава „ЕМИГРАНТИ“ Славомир Мрожек во режија Ирена Стеријовска и театарската претстава „ПОЛИЦАЈЦИ“ режија и адаптација Андреј Цветановски се одложуваат (поради настинка на еден од главните актери). Купените влезници ќе важат и ќе можат да се искористат, кога претставите ќе бидат на репертоарот.

повеќе...