Под дејство на алкохол вршел ископување на Плаошник

На 03.06.2013 година, во 23:40 часот во ПС-Охрид, вработен како обезбедување во комплексот „Плаошник“, пријавил дека во комплексот, преку заштитната ограда влегло едно непознато лице со ПМВ и најверојатно врши ископување. Од страна на УПС излезено е на лице место, при што е констатирано дека се работи за В.Т.(45) од Охрид, кој со ПМВ „фолксваген“ влегол преку оградата во комплексот „Плаошник“, а кога дошле УПС, се дал во бегство. Истиот бил видно под дејство на алкохол и по издадената усна наредба да застане, истиот почнал да фрла камења кон УПС,…

повеќе...

Со „Калашников“ испукал повеќе куршуми во угостителски објект во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Предизвикување општа опасност“ секторот за внатрешни работи Охрид против Б.П.(33) од Охрид поднесе кривична пријава. Во пријавата е опфатено и лицето Т.Н.(42) од Охрид за сторено казнено дело „Помагање“. Синоќа околу 23 часот и 50 минути, пријавениот Б.П. со автоматска пушка „Калашников“ испукал повеќе куршуми во угостителскиот објект кабаре „Беко“ во Охрид. Двајцата пријавени, во кабарето пристигнале синоќа околу 22 часот и 30 минути и побарале да бидат послужени со алкохолен пијалок. По кратко време, пријавениот Б.П. со пивско шише почнал…

повеќе...

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во посета на Охрид

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков заедно со претставници од Министерството за Внатрешни работи, финансиска полиција, денес го посетија СВР Охрид. Целта на посетата беше договарање на  дополнителни мерки за обезбедување на градот во текот на летната туристичка сезона.  „Ние направивме еден состанок  во СВР Охрид, една темелна анализа која веќе ни е подготвена, а беше основа за планирање на интензивните активности за претстојната туристичка сезона. Фокусот беше јавниот ред и мир, новитетот и безбедноста во сообраќајот“. – изјави директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Претходно директорот…

повеќе...

Заедничка македонско-српска полициска вежба – „константно гонење“

Во изминативе неколку дена полициски службеници од различни организации при македонското и српското министерство за внатрешни работи реализираа заеднички вежбовни активности и на македонска и на српска територија под име “константно гонење“. Заедничката акција беше во согласност со Конвенцијата за полициска соработка во југоисточна Европа, а нејзина цел беше координирањето на оперативните активности на двете полицииските служби на двете министерства при бегство на извршители на кривични дела од едната на другата територија. Според сценариото на вежбата во ситуација на грабеж активностите беа насочени кон гонење на сторителите. Притоа во првиот…

повеќе...

СВР Охрид го одбележа денот на македонската полиција

По повод денешниот ден, денот на македонската полиција, 7 мај, се одржа свечен прием во големата сала на Секторот за внатрешни работи Охрид над територијалната противпожарна единица. „Можам да кажам дека СВР Охрид на целото подрачје што го покрива, своите работни обврски и задачи на безбедносен план ги извршува крајно професионално, ефикасно, ефективно, посветено и пожртвувано. Законитоста во работењето, професионализмот, етичноста и транспарентноста се основниот белег во нашата комплексна и легитимна полициска работа. Работата на СВР Охрид се темели врз владеењето на правото и демократските принципи, целосното почитување и унапредување…

повеќе...

Претставници на СВР Охрид на прием кај градоначалникот Бакрачески

По повод 7 ми Мај-Денот на полицијата, градоначалникот Бакрачески организира прием за менаџментот  на Секторот  за внатрешни работи од Охрид. Традиционално, на најдобриот полицаец Милисав Велоски , од СВР-Охрид, му беше врачен телевизор. Во своето излагање, градоначалникот Бакрачески им го честита 7-ми Мај и им посака успешна работа во периодот што претстои. „Во иднина очекувам поголема соработка со припадниците на полицијата бидејќи токму интензивирањето на соработката ќе се одрази врз општата безбедност во општината“, –  рече градоначалникот Бакрачески. Претставниците на СВР Охрид изразија благодарност и  надеж за понатамошна соработка и…

повеќе...

Пожртвуваноста, хуманоста и патриотизмот на полицијата ги прават горди сите граѓани на Македонија

Обраќање на министерката Гордана Јанкулоска по повод 7-ми Мај: „Дозволете ми најпрвин на сите полициски службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи да им го честитам денешниот Ден на полицијата и да им се заблагодарам на чесноста, посветеноста и професионализмот со кој што ги извршуваат своите задачи. Пожртвуваноста, хуманоста и патриотизмот, кои секојдневно ги демонстрираа изминатата година не направија горди нас, нивните семејства и сите граѓани на Репблика Македонија. Затоа благодарноста кон нив е длабока и од срце. Затоа денеска со право им се поклонуваме на сите…

повеќе...

Јанкулоска: Македонија бележи континуиран прогрес во борбата со корупцијата

Во делот на борбата против корупцијата Република Македонија бележи континуиран прогрес, а тоа е евидентирано во сите релевантни меѓународни извештаи, вклучително и во извештајот на Транспаренси Интернешенел, каде континуирано земјата бележи скок на ова поле. Вака одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по барање на новианрите да го коментира  последниот извештај од Стејт департментот на САД во делот што се однесува за корупцијата. „Нашата цел останува да го продолжиме овој позитивен тренд односно паралелно со реформите во нормативанат рамка, да продолжиме со имплементацијата. Статистиките потврдуваат дека и бројот на…

повеќе...

СВР Охрид поднесе прекршочна пријава против две лица за попречување на сообраќај на јавен пат

Поради сторен прекршок со предизвикување загрозување и попречување на сообраќајот на јавниот пат, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе прекршочна пријава против Д.Ј.(25) од охридското село Косел и Ј.М.(35) од Лешани општина Дебрца. Пријавените, на 15-ти овој месец на средината од коловозот на улиците „Ванчо Николески“ во близина на студентскиот дом и „Коста Абраш“ кај капетанијата во Охрид, поставиле метални рампи. Тоа го направиле во периодот од 17 часот и 20 минути до 17 часот и 50 минути, со физичко монтирање на металните рампи на паркинг апаратите сопственост на правното…

повеќе...

Министерството за внатрешни работи ја реализираше вежбата „Координатор-2013“

Министерството за внатрешни работи денеска ја реализираше вежбата „Координатор-2013“ чија цел беше заокружување на процесот на обука на организационите единици при Одделот за посебни единици и презентирање на стекнатите вештини и знаења. Со вежбата Одделот за посебни единици презентираше заеднички, координиран и синхронизиран настап во ситуација кога треба да се справува со предизвици поврзани со нарушен јавен ред и мир во поголем обем и извлекување на ВИП лице од одреден објект или простор кој што се наоѓа под блокада. Во непосредна близина на Скопје, фабрика за хемиски производи, неконтролирано испуштила…

повеќе...