Синоќа во 01,45 часот во Полициската станица Струга Д.У.(40) од Струга пријавил предизвикување општа опасност извршено од страна на непознат сторител. Имено, околу 01,40 часот сторителот предизвикал пожар со фрлање на запалива течност пред вратата на домот на Д.У. при што пожарот се проширил и во внатрешниот дел. Од страна на присутните во домот пожарот е изгаснат при што мајката на Д.У., М.У. се здобила со изгореници во десната нога. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
повеќе...Tag: полиција
Крводарителска акција на СВР Охрид
Полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денес доброволно ќе даруваат крв во рамките на крводарителската акција што до 10 до 13 часот ќе се одржи во службените простории на СВР Охрид. Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената динамика, предвидени се најмалку четири вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици. На овој начин и припадниците на полицијата…
повеќе...Стружанец пронашол оружје во атарот на селото Ливада
Вчера околу 15.00 часот во полициската станица, Струга А.Џ. (43) од с. Ново село, струшко, пријавил дека на место кај ниви во атар на с.Ливада, струшко пронашол една рамка за автоматска пушка-оштетена, 14 куршуми калибар 7.62мм непознато производство, четири оштетени чаури и три зрна од проектил. Истите од страна на ОКТ-Струга се подигнати за понатамошна постапка.
повеќе...Кривична за српски државјанин кај кого била пронајдена дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.У. (29) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. На 31.12.2015 година пријавениот бил сместен во вила во Охрид, заедно со М.П. и Ѓ.П., двајцата од Република Србија, и на истите им овозможил уживање на амфетамин.
повеќе...Кривична пријава за турски државјанин поради фалсификување исправа
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О.(44) од Истанбул Република Турција. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Охрид, му определи мерка притвор во траење од осум дена. СВР Охрид, имајќи сознанија за нелегално присуство на турски државјанин кој поседува турски и најверојатно фалсификувани бугарски документи со различен идентитет, на 27-ми минатиот месец изврши претрес во домот на пријавениот лоциран на улицата „Даме Груев“ во Охрид. Притоа, пронајдена е, и одземена една бугарска патна исправа на име С.Е.(48)…
повеќе...Охриѓанец го загуби животот во сообраќајка на улица „15-ти Корпус“
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 ти Корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот движејќи се по улицата, на коловоз бил удрен од патничко моторно возило марка „Хундаи Гец“ со охридски регистарски таблици кое се движело во правец кон селото Лескоец. На критичното место, на уличниот коловоз се случил удар со предниот дел од возилото врз сега починатиот. Тука, набрзо пристигнала медицинска…
повеќе...Промовиран проект за надворешен механизам за контрола на работата на полицијата
МВР ќе работи и ќе придонесува во создавањето на силен и ефективен корпус на човековите права, како камен темелник на политиката на секоја демократска земја и на ЕУ, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната промоција на петмесечниот проект „Поддршка за воспоставување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата“. Целта на проектот, финансиран од Советот на Европа и Министерството за надворешни работи на кралството Холандија, е да обезбеди поддршка на националните власти во процесот на воспоставување независен и ефикасен надворешен механизам за контрола на работата на полицијата.…
повеќе...Охридски судија „заработи“ кривична пријава поради примање поткуп
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “примање поткуп“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(56) од Охрид. На 25-ти овој месец, пријавениот во својство на службено лице вработен како судија во Основен Суд Охрид, во судски граѓански предмет, од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид, директно побарал и примил поткуп од 5.000,оо денари. Тоа го направил со цел во рамките на своето службено овластување за истиот граѓански предмет да донесе пресуда во корист на туженото Трговско друштво. Во текот…
повеќе...Нов изглед на полициските униформи до 2020 година
Новата „Стратегија за развој на полицијата 2016-2020“, која беше промовирана денеска во Инфоцентарот на Европската унија во Скопје, ќе донесе и нов изглед на униформите на македонските полицајци. Ова, како една од конкретните цели на новата статегија, на промоцијата го најави тимскиот лидер на проектот, експертот за општо полициско работење, Александар Кребл. „Нов изглед на униформите на полицијата. Не мислам на драматични промени во овој конктекст, но треба да се грижиме за изгледот на полициските службеници“ – рече Кребл. Во стратегијата како неопходна е посочена потребата од нов изглед на…
повеќе...СЈО бара ангажирање на полициски службеници за физичка заштита
Од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) денес до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за обезбедување полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на обвинителите при оваа институција. Имено, со оглед на високиот степен опасност по животот и личниот интегритет при вршењето на работните задачи во СЈО, од МВР е побаран одреден број полициски службеници како за ЈО Катица Јанева така и за нејзините соработници- обвинители. Министерството за внатрешни работи ќе…
повеќе...