Кривична пријава за струшкиот градоначалник и три други лица

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(44) од струшкото село Ливада, Р.Х.(48) од Велешта, Ѓ.Д.(50) од Струга и В.Л.А.(60) од Скопје. Првопријавениот З.С. во својство на градоначалникот на општина Струга и одговорно лице во правно лице, во 2014 година издал паркинг за моторни возила во близина на зградата на Министерството за одбрана во Струга кај градското пливалиште кое со решение е означено како локација под заштита на државата. Тој, со закупувачот ДООЕЛ,, Пошка – Сони…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Лескоец поради измама

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Т.(58) од с.Лескоец, Охрид поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Пријавениот на 21.06.2015 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист го довел во заблуда Г.И. од Делчево со лажно прикажување на факти, дека ќе му среди документи за работа во Швајцарија, а за возврат побарал од Г.И да уплати 25.000 денари на трансакциски сметки, оштетувајќи го за истата сума.

повеќе...

Кривична пријава за жител од Џепиште поради пустошење шума

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Пустошење на шума“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Л.(46) од дебарското село Џепиште. Во периодот од мај до јуни минатата година, пријавениот, спротивно на Законот за шуми и без одобрение за сеча на дрва издадено од надлежен орган, извршил сеча на околу 200 стебла дабови дрва. Тоа го направил во дебарската месност „Коста корија-Врабич“ каде од катарстарски парцели со шума сопственост на Република Македонија неовластено пресекол околу 60 м³ дабови дрва. Целокупната пресечена дрвна маса, пријавениот А.Л. нелегално ја…

повеќе...

Пожар на ул. „АРМ“ во Охрид

Вчера околу 08.43 часот во Територијална протипожарна единица – Охрид, било пријавено дека во нас. „Бараки“ во Охрид, на ул. „АРМ“ во барака сопственост на Ѓ.В. (76), настанал пожар. Причина за настанување на пожарот најверојатно е самозапалување на оџакот, при што бил опожарен таванот и покривната конструкција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид. Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Охрид, а повредени лица нема. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

повеќе...

Охриѓанец фрлил солзавец во кафе бар и избегал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р. (31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предивикување општа опасност“. На 09.01.2016 година, во 02.10 часот, во Охрид во кафе бар пријавениот испуштил хемиско средство во објектот, по што веднаш го напуштил истиот. Притоа било предизвикано печење во очите и тешко дишење на присутните гости кои во моментот биле внатре.

повеќе...

Кривична за албански државјанин поради узурпација на недвижности и бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ј. (59) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот во 2015 година незаконски узурпирал објект во сопственост на месната заедница на с.Долно Лакочереј и притоа без дозволи за користење, закуп и градба, на узурпираниот објект истиот бесправно го надградил.

повеќе...

Прекршочна постапка против охриѓанец за новогодишниот инцидент

Поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок, СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против И.Е. (33) од Охрид. Пријавениот, на кого му било доверено водењето на угостителскиот објект „Табана“ лоциран на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, на први јануари годинава, не презел соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир во кафе барот каде имало организиран дочек на Новата година. Тој не презел соодветни активности да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир со тепачка и настанот не го пријавил во полициската станица од општа…

повеќе...

Непознати лица се обиделе да ограбат менувачница во Охрид

Вчера во 18.10 часот во Охрид, во Трговскиот Центар Амам, лоциран на ул. „Македонски Просветители“ поточно во менувачница „Васко М“, две непознати лица влегле внатре и едно од нив со рака ја удрил сопственичката Н.М., по што откако истата викнала, дошол нејзиниот сопруг, а лицата побегнале не одземајќи ништо од менувачницата. СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

повеќе...

Охридската полиција со честитка за Божик

По повод големиот Христијански празник Рождество Христово Божиќ, до сите православни верници од СВР Охрид упатуват искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото раѓање. „Искрено посакуваме, Божиќ да ја означи радоста на новиот животен почеток исполнет со чиста мисла и благороден дух а големата празнична радост да донесе здравје, среќа, љубов, мир во Вашите семејства и почит кон нашите сограѓани. Веруваме, дека сo единство и заедничка верба во поубава иднина, ќе градиме стабилна и безбедна држава, целосно почитувајќи ги основните човекови права и слободи и вистинските вредности во…

повеќе...

Приведени момчиња кои нападнале и ограбиле стружанка во Гостивар

Вчера утрото околу 05.25 часот Х.К.(23) од Струга, со нејзината другарка Ј.Т.(34) откако се враќале од угостителски објект во село Добри Дол каде што биле вработени, на ул.„Илинденска“ во Гостивар до такси возилото со кое се превезувале се доближило ПМВ„БМВ“ со словенечки регистерски ознаки, во кое се наоѓале неколку лица и почнале да им дофрлуваат и недолично да се однесуваат. По ова таксито продолжило и застанало на ул.„18-ти Ноември“, но и БМВ-то продолжило да ги следи и застанало повторно до нив. Потоа од истото излегле три лица од кои едното наводно…

повеќе...