СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.С.(30) од Охрид, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривични дека “тешка кражба” по чл.236 ст.1, чл.236 в/в чл.19 и чл.236 ст.5 од КЗ на РМ. Во временскиот период од 27.03. до 05.05.2017 година во црквите ,,Св.Тома“ во с.Лескоец (во два наврати), во ,,Св.Цар Костадин и Елена,, во Охрид , Св.Наум,, – атар на с.Лескоец, ,,Св.Спас“во с.Лескоец и во Џамија во Охрид, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден алат, извршил тешки кражби и тешка кражба во обид, од каде одзел…
повеќе...Tag: полиција
Охриѓанец изгубил контрола и удрил во дрво – сопатничката тешко повредена
На 21.05.2017 година во 01.00 часот во Скопје, на крстосницата од ул. „Владимир Полежановски“ и ул. „Адолф Циборовски“ се случила сообраќајна незгода во која К.С. (24) од Охрид, управувајќи ПМВ „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрво. По незгодата, со возило на брза помош, сопатничката М.М. (25) од Скопје била пренесена во Ургентен центар Мајка Тереза, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.
повеќе...Жител од струшко Џепин починал додека собирал дрва
Вчера околу 12.00 часот во с.Корошишта, струшко, на м.в. „Лак“, Р.К. (56) од с.Џепин, струшко, додека собирал дрва бил притиснат од едно дрво по што починал на местото. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицински центар Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Струга, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
повеќе...Припадник на ЕБР добил куршум и заканувачки пораки
На 20.05.2017 година во 00.10 часот во ПС од ОН Струга, вработен во Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено, на 19.05.2017 година во периодот од 21.00 до 23.00 часот пред неговата семејна куќа, од страна на непознато лице на ПМВ „БМВ“, сопственост на неговата мајка, било оставено ливче со заканувачка порака и еден куршум калибар 9мм. Исто така, на 07.05.2017 година на неговото возило пронашол лист со заканувачка порака, но тој настан го пријавил само на неговото работно место. ПС…
повеќе...Кривична пријава за две лица од Скопје поради фалсификување службена исправа
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „приредување игри на среќа без лиценца-дозвола од надлежен орган“ и „злоупотреба на лични податоци“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против М.Н.(34) од Скопје како и против Б.М.(32) од Скопје поврзано со казненото дело „фалсификување службена исправа“. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот М.Н. во периодот од декември 2015 година до мај минатата година, во посебно уреден деловен објект на улицата „11-ти Септември“ во Кичево, неовластено организирал и приредувал игри на среќа во спортска обложувалницa која…
повеќе...Кичевчанец ја претепал невенчаната сопруга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, полициската станица од Кичево, поднесе кривична пријава против С.П. (36) од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на трети мај оваа година околу 23,00 часот при расправија со неговата невенчана сопруга. Жестоката караница се случила во нивниот дом на улицата „Прилепска“ во Кичево. Во еден момент од расправијата, сега пријавениот С.П. физички ја нападнал невенчаната сопруга нанесувајќи и повеќе удари по главата и целото тело. Притоа, оштетената се здобила со видливи повреди во вид на модринки и отоци по…
повеќе...Кривична пријава за жител од струшко Франгово поради телесна повреда при вршење семејно насилство
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.А. (38) од струшкото село Франгово. На 19-ти минатиот месец, во 14 часот и 30 минути, во семејниот дом во селото Франгово, се случила семејна расправија помеѓу сега пријавениот и неговата сопруга. Во еден момент од жестоката вербална караница, А.А. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја по целото тело со нозе и со тупаници. Со цел да го избегне физичкиот напад, кој се случил во присуство на…
повеќе...Стружанец крадел алкохолни пијалоци од маркети
Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (29) од Струга. Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 20 до 22 минатиот месец во маркетите „Дрилон“ и „Тинекс“ во Струга. Кражбите ги вршел во згодна прилика користејќи погоден момент, по што противпправно одземал алкохолни пијалоци. Б.П. е фатен непосредно по сторена кражба во маркетот „Тинекс“.
повеќе...Кампања за зголемена безбедност во сообраќајот
Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга и подрачното основно училиште „Дедо Лазор Циркоски“ од Враништа, денеска, на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Враништа, реализираа сообраќајно превентивна кампања за зголемена сообраќајна безбедност. Во рамките на кампањата, учениците од шесто до деветто одделение, излегоа покрај регионалниот пат и високо ги подигнаа многуте испишани едукативни пораки наменети за возачите на патнички возила кои сообраќаат на регионалниот пат. Децата повикаа на максимална внимателност при управувањето на моторните возила, моторциклите, побараа безбедно учество на пешаците…
повеќе...Кривична пријава за скопјанец кој овозможувал употреба на дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”. На 23.07.2016 пријавениот на негов пријател П.Н. од Скопје му овозможил користење на својот патнички автомобил „Опел Астра“ заради оддавање на опојна дрога, односно психотропна супстанца амфетамин. Настанот се случил на паркинг пред дискотека кога П.Н., по претходен договор со А.М., влегол во неговиот автомобил и конзумирал психотропна супстанца- амфетамин.
повеќе...